Запекот е еден од најчестите проблеми со дигестија во денешницата.
Комбинацијата на лоша исхрана и начин на живот го прави запекот се почеста појава кај децата и возрасните. Иако често се смета за минлив проблем, тој може да укажува на нешто посериозно.
Чувството на науденост и потешкотиите при празнење на цревата не се само еден досаден и незгоден проблем, туку се нешто што треба да се третира. Добра вест е тоа што постојат многу природни и лесни решенија кои помагаат.
Во овој блог ќе ги откриеме причините, симптомите и најдобрите начини да се справите со запекот и да воведете здрава исхрана во вашиот живот.
Што претставува запек?
Најпросто кажано запек е кога столицата е премногу ретка, тврда или едноставно болна за празнење. Кога дигестивниот систем има проблем тоа се одразува во столицата и базирано врз тоа може да се утврди решение. Запекот е исто толку застапен кај деца како и кај возрасни.
Како да го препознаете?
Доколку имате столица поретко од три пати неделно, се чувствувате надуено или пак како да не сте целосно испразнети, голема е веројатноста дека страдате од запек.
Често пати запекот знае и да боли и да биде вистински проблем.
Битно е рано да го препознаете и да превземете мерки околу истиот.

Која е нормалата?
Сите метаболизми се различни за секој човек.
Некои ја празнат столицата секој ден, некој на два дена а некои и повеќе пати дневно.
Во овој случај редовноста е подобар знак за тоа дали е нормално или не.
Но доколку поминуваат повеќе од три дена без столица тоа е голем знак.
Најчести причини за запек
Запекот не настанува без причина, но не секогаш исхраната е најголем фактор. Многу често тоа е комбинација од повеќе фактори. Откривањето на причината ќе ни помогне и да најдеме лек за запек. Ајде да ги разгледаме најчестите причини за појава на запек.
Неправилна исхрана
Нормално кога имаме проблем со дигестијата, често тоа потекнува од тоа што дигестираме. Исхраната е број еден фактор кој го предизвикува запекот.
Но како се случува тоа?
Доколку недоволно внесуваме влакна и вода, тоа ја прави столицата тврда и го отежнува дигестивниот процес. Исто така брзата храна, тестенините и белиот леб немаат доволно влакна и не се здрави за телото и е храна која ствара запек.
Недостаток на физичка активност
Седечкиот живот го намалува движењето на мускулите во цревата. Кога не сме физички активни дигестивниот систем на еден начин се успива.
Дури и малите прошетки од околу половина час се доволно за да се стимулира дигестивен систем и варењето. Исто така игнорирањето на потребата за празнење често може да доведе до хроничен запек.
Стрес и медикаменти
Стресот исто има огромен удел врз варењето. Доколку сме под стрес телото произведува хормони кои пак ја успоруваат дигестијата.
Кај жените самиот менструален циклус може да предизвика запек, исто како и бременоста и менопаузата. Лековите како што се антидепресивите, аналгетиците или железото можат да ја нарушат природната работа на цревата.
Нормално е при промена на средина како при патување да се појави запек. Во овој случај нема потреба од паника и проблемот ќе се среди со време.
Симптоми кои не треба да се игнорираат
Запекот не е само нередовна столица.
Постојат и други симптоми кои е клучно навремено да ги препознаете:
-
Постојана надуеност и чувство на тежина
-
Болка во долниот дел на стомакот
-
Намален апетит и мачнина
-
Чувство на умор и раздразливост
Доколку симптомите траат повеќе од две недели или пак забележите крв во столицата обратете се кон доктор. Овие симптоми може да укажуваат и на посериозни проблеми како воспаление на цревата.
Решение
Добра вест е тоа што за запек има многу решенија без да користите силни лаксативи.
Не мора да почнувате со пробиотик за запек и слични лекови кога проблемот може брзо да се реши на природен начин.
Промена на исхраната
Храната богата со влакна е клучна за правилна дигестија. Растителните влакна се еден вид природен чистач на цревата.
Конзумирајте повеќе овес, ленено семе, јаболка, моркови, и слично во дневната исхрана. Официјалната препорака е да се внесуваат околу 25-30 грама растителни влакна дневно.
За запек кај деца количините нормално да бидат поумерени. Но влакната се скоро бескорисни без добра хидратација, ајде тогаш да видиме што е добра хидратација.
Внесување на течности
Водата е многу битна за варењето бидејќи ако телото е дехидрирано столицата станува сува и тврда. Препорачано е да се пие од 1.5-2 литра вода секој ден. Доколку сакате може и да пиете чаеви од нане, ѓумбир или камилица кои го потикнуваат празнењето.
Природни суплементи
Доколку се храните правилно и сепак имате проблеми со запек, или едноставно побрзо сакате да го решите проблемот, постојат природни суплементи кои ќе ви помогнат.
Нашиот продукт Vitaslim ќе ви помогне да имате правилно варење во краток рок. Тој е составен од одлични природни состојќи кои ќе ви помогнат да бидете здрави.
Превенција
Најдобриот лек секогаш е превенција.
Сите решенија за да запре запекот треба да се применуваат постојано со цел и никогаш да не се појави.
Многу е битно да имате создадено рутина каде што секој ден во исто време вршите празнење на цревата. Создадете навика секое утро да не го прескоскнувате тоалетот, доколку тоа не е можно напијте се некој чај за запек или млака вода за да потикнете дигестија.
Внесувајте влакна, зеленчук, овошје и здрави масти. Избегнувајте преработена храна и големи количини шеќер. Редовното јадење во исто време и избегнување на прејадување ја одржува дигестијата во баланс.
Често поставувани прашања
Дали запекот може да предизвика хемороиди?
Запек и хемороиди често се спомнуваат во пар. Тоа е затоа што кога имате запек вие се напрегате а со напрегањето се зголемува притисокот во вените што може да доведе до проширување. Тоа проширување се нарекува хемороиди во медицината.
Дали лаксативите се безбедни за редовна употреба?
Тие не се препорачуваат за редовна употреба но се добри за краткотраен запек. Долготрајната употреба може да доведе до губење на природната функција на цревата и дехидратација.
Исто така чепчиња за запек или ректални супозитории не се препорачуваат за редовна употреба. Затоа е подобро да се користат природни решенија.
Зошто запекот е почест во бременост и што може безбедно да се користи тогаш?
Во бременоста запекот е чест поради хормонални промени кои ја забавуваат дигестијата и зголемениот притисок на матката врз цревата.
Недостатокот на физичка активност и суплементите со железо исто така придонесуваат. Безбедни решенија се поголем внес на вода, свежа храна богата со влакна, лесни прошетки и природни пробиотици.