Дигестијата е процес кој го одржува организмот во живот.
Секој залак кој го внесуваме поминува низ сложен процес коиј има цел да ја претвори храната во енергија и хранливи материи.
Последиците на брзиот и нездрав живот се неправилна дигестија која носи свои проблеми. Се почесто се појавуваат симптомите како надуеност, запек, киселини или чувство на тежина после оброк.
Разбирањето на дигестивниот систем и грижата за него не само што ја подобрува физичката удобност туку и има огромно влијание врз имунитетот, здравјето и расположението.
Ајде да видиме како овој сложен систем работи.
Зошто е важна правилната дигестија
Добрата дигестија не значи само добро варење на храната туку таа е предуслов за здраво тело и бистар ум.
Кога дигестијата се одвива правилно секој орган добива доволно хранливи материи за да функционира правилно. Со одржување на здрави навики, дигестијата може да се подобри природно и долготрајно.

Улогата на дигестивниот систем во организмот
Дигестивниот систем започнува уште во устата а завршува во дебелото црево. Неговата функција е да ја разгради храната на ситни хранливи материи кои подоцна ке се апсорбираат во крвта.
При дигестија на храна клучни се и желудникот, црниот дроб и панкреасот со што обезбедуваат ензими и сокови за варење.
Врската меѓу дигестијата и имунитетот
Бидејќи над 70% од клетките одговорни за имнунитетот се наоѓаат во цревата, нормално е дека дигестивниот систем ќе е клучен за имунитетот.
Кога дигестивниот систем е здрав тој создава баланс меѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии. Доколку цревната флора е нарушена телото станува ранливо и поподлежно на болести.
Најчести дигестивни проблеми и нивни причини
Поради нездрава исхрана се појавуваат проблеми и болести на дигестивниот систем.
Рафинираниот шеќер, заситените масти и преработените производи ја нарушуваат природната функција и се создаваат проблеми со варењето. Ајде да разгледаме неколку од најчестите проблеми со дигестијата.
Надуеност и гасови
Конзумирањето на газирани пијалоци и брзото јадење се број еден причина за овој проблем. Преработената храна и недостигот на пробиотици ја нарушуваат рамнотежата во цревата.
Со цел ова да не се случува јадете пополека и избегнувајте газирани пијалоци.
Запек и нередовна столица
Кога не јадеме храна богата со растителни влакна или пак не внесуваме течности можно е да се појави запек.
Луѓето кои избегнуваат овошје, зеленчук и интегрални житарки често имаат потешкотии со празнењето на цревата. Важно е и редовното движење, бидејќи физичката активност го стимулира варењето.
Гастритис и киселини во желудникот
Гастритисот е воспаление на желудочната слузница која најчесто е предизвикана од стрес, цигари, кафе, алкохол или нередовна исхрана.
Киселините во желудник предизвикуваат неугодно чувство на печење најмногу застапено после обилни оброци. Постојат и други болести дигестивен систем но овие се најзастапени.
Како да се подобри дигестијата природно
Добро нешто е што многу често проблемите во дигестијата можат да се решат на природен начин.
Доволно е да се променат секојдневните навики и ќе станеме поздрави, а и нашиот дигестивен систем ќе ни биде благодарен.
Избери храна богата со влакна
Храната како овошјето и зеленчукот се пребогати со растителни влакна кои го подобруваат варењето и спречуваат проблеми со столицата. Вклучете овес, јаболки, мешунки и брокула во вашата секојдневна диета.
Балансираниот внес на растителни влакна одржува стабилна микрофлора и ја намалува надуеноста и ќе ви помогнат со губење тежина.
Хидратација и важноста на водата
Водата е неопходна за сите процеси во телото и кога на телото не му ја даваме нормално ќе се појават проблеми.
Секој ден треба да се пијат од 6 до 8 чаши, но не штети и ако пиете повеќе. Недостатокот на вода ја забавува апсорпцијата на храна и често знае да доведе до запек.
За да го засилите вашиот организам користете и природни суплементи како Vitaslim кој ќе ја подобри вашата дигестија значително.
Лоши навики што ја нарушуваат дигестијата
Дури и ако следиме здрава исхрана постојат лоши навики кои сите ги прами а ни пречат. Неправилните рутини на јадење може да го ослабат дигестивниот систем.
Голем проблем е пребрзото јадење бидејќи не му давате на дигестивниот систем време за да ја свари правилно храната.
Исто при неправлино џвакање вие не правите правилни залаци и допонително му отежнувате на организмот. При брзо јадење вашете чувство на ситост исто доцни и често може да доведе до прејадување и неуспешно слабеење.
Пиењето на многу кафе или алкохол е исто штетно. Во поголеми количини овие пијалоци ја оштетуваат желудочната слузница.
Претерувањето со овие пијалоци води кон појава на гастритис и киселини. Недоволната физичка активност исто влијае на работата на дебело и тенко црево бидејќи и обичното движење ја стимулира нивната работа.
Препорачуваме една обична прошетка од половина час после јадење или некоја друга активност по ваш избор.
Заклучок
Здравиот дигестивен систем е темел на целокупното здравје. Тој влијае на имунитетот, енергијата па дури и на расположението.
Со внимателен избор на храна и одржување на здрави навики дигестијата може да се подобри без лекови.
Малите навики како бавно јадење и намалување на стресот често прават најголема разлика. Грижата за дигестивниот систем без дигресија е инвестиција во долготрајна виталност и подобро секојдневие.