Дигестијата претставува сложен, но неопходен процес за нормалното функционирање на човекот.
Преку овој процес внесената храна се претвора во материи кои форганизамот може да ги користи како извор за енергија, раст и развој на одредени ткива и органи или да ги складира за понатамошна употреба.
За да го одржиме здравјето и имунитетот на соодветно ниво не е доволно да внесуваме само разновидна храна, туку и храна која специфично помага на органите кои ја овозможуваат дигестијата односно желудникот, тенките црева, панкреасот и слично.
Што претставува дигестија?
Дигестија е процес кој се одвива во гастроинтестиналниот тракт/систем - ГИТ.
Започнува од усната празнина каде што доаѓа до механичко дробење на хранта преку џвакање и додатно разградување под дејство на ензимите во усната празнина.
Продолжува залакот надолу преку хранопроводот до местото каде се врши најголем дел од варењето на храната во организамот - желудникот.
По желудочната разработка на храната таа продолжува преку цревата каде што се апсорбира се до крајот да дигестивниот систем каде се исфрла.
Во текот на целиот овој процес од голема помош се и екстерните органи непосредно поврзани со ГИТ - панреасот и црниот дроб.
Квалитетната исхрана и другите совети кои ќе ви ги предложиме играат огромна улога во тоа колку ефикасно храната ќе се вари и апсорбира.
Улога на желудникот во варењето

Желудникот е епицентарот каде се одвива најголемиот дел од варењето на храната.
Желудочната киселина, желудочните сокови и ензимите ги разградуваат внесените макронутриенти од хранта до помали поупотребливи за човекот микронутриенти.
Тој е „првата бариера“ која ги разложува протеините, го продолжува процесот на разградба на јаглехидратите од усната празнина и во мал дел го започнува процеот на обработка на мастите.
Стимулатори на нормална желудочна работа
Варено месо, банани, овесна каша, пробиотски пијалоци како јогурт и кефир и ѓумбир значително помагаат во дигестијата на храната и нејзино истиснуавње кон подолните делови на дигестивниот систем.
Желудочни иританси
Преголеми количини на кафе или други пијалоци богати со кофеин, алкохол, газирани пијалоци, презачинета храна се штетни за желудникот.
Одредени лекови како што е парацетамолот од групата на нестероидни антиинфламаторни лекови - НСАИЛ и некои антибиотици го оштетуваат желудникот и остатнатите дигестивни органи или попречуваат во нивната функција.
Голема улога има и стресот кој при подолги периоди од константно изложување може да предизвика појава на желудочни улцери односно желудочен чир.
Улогата на тенкото црево
Местото на најбитниот процес при процесирање на храната односно апсорпцијата се токму тенките црева.
Тука телото ги прима протеините, јаглрхидратите, мастите, витамините и минералите.
За оваа фаза на дигестијата најбитен фактор е внесување на адекватни количини на растителни влакна.
Овие влакна се наоѓаат во овошјето и зеленчукот покажуваат драстично подобрување во перисталтиката односно движењето на храната низ цревата.
Пробиотиците кои се наоѓаат во ферментирани млечни производи стимулираат раст на бактериите кои природно се наоѓаат во цревата и помагаат со последните фази на разградба на храната.
При неправилна или неадекватна цревна функција може да дојде до некои непријатни состојби како што се дијареа, надуеност или развој на посериозни болести меѓу кои е и синдромот на иритабилно црено (IBS).

Улогата на пакреасот
Панкреасот иако не е директно поврзан со гастроинтестиналниот тракт тој продуцира ензими без кои дигестијата на храната би била невозможна.
Ова е и местото каде се создава и инсулин, хормонот одговорен за регулација на шеќерот во крвта.
Храна која ја поттикнува нормалната панкреасна фунција
Најбитно тука е да се споменат прехрамбените продукти богати со антиоксиданси: брокула, спанаќ, сладок компир и грав се само некои од зеленчуците кои ги содржат овие антиоксиданси во изобилство.
Овесот, јатките и семките со здрави масти исто така позитивно влијаат на функцијата на оваа жлезда.
Оптоварувачи на панкреасот
Големи количини на шеќер/храна која изобилува со јаглехидрати, алкохол, заситени масти се главни виновници поврзани со нарушување на панкреасната функција.
Фактори кои влијаат на варењето
Покрај соодветната исхрана, процесот на дигестија е зависен и од:
-
Доволниот внес на вода
-
Физичка активност: промовира движење во цревата и го олеснува патувањето на храната
-
Намалување на стресот: кортизолот или стресниот хормон значиелно влијае врз целиот дигестивен тракт
Совети за здрав дигестивен систем
Наместо земање на неколку големи оброци пробајте да примените земање на повеќе помали оброци во текот на денот со цел да не го оптоварувате организамот.
Адеквантно џваќање значително го намалува желудочното оптоварување.
Внесување на доволно количество на вода.
Одржување на редовна физичка активност.
Размислете за воведување на некои природни додатози како Vitaslim суплементите кои можат да помогнат во подобрување на варењето ида придонесат за одржување на рамнотежата во дигестивниот систем.
Управувајте со стресот или воведете некои активности за смирување како што се јога, медитација или дневни прошетки.
Што може да заклучиме од сето ова
Здравата дигестија е темел на доброто здравје.
Со избалансирана диета богата со влакна, пробиотици и храна што ги поддржува желудникот, цревата и панкреасот, можеме да спречиме многу проблеми.
Имплеменирање на здрави навики во исхраната и начинот на живот е најприроден начин да се грижиме за нашиот дигестивен систем и севкупното здравје.