Дигестивниот систем е орган низ кој се одвива варењето на секој оброк што го внесуваме. Тој ја обработува храната, ги апсорбира хранливите материи и ги отстранува токсините и непотребните материи. На овој начин тој директно влијае врз целокупното здравје и изглед на телото.
Здрав дигестивен систем значи дека со тоа и ние сме здрави, имаме повеќе енергија, се будиме без надуеност, полесно мислиме и функционираме. При влошување на здравјето на дигестивниот систем, тој може да се наруши и успори што доведува до сериозни здравствени проблеми.
Како работи дигестивниот систем

Дигестивниот систем е сложен орган во нашето тело кој се состои од повеќе помали органи, ензими и бактерии кои вршат различни процеси кои меѓусебно се комплетираат, затоа здравјето на секој поединечно е од огромна важност за целиот процес.
При нарушување на здравјето на некој орган или бактерија доаѓа до нарушување на здравјето и на целиот дигестивен систем а со тоа и на целото тело. Затоа е важно преку здрави навики на исхрана, хидрација, физичка активност и природни суплементи да го поттикнеме варењето и да ја одржуваме рамнотежата на цревата.
Најбитните органи на дигестивниот систем
Дигестивниот систем работи како механизам кој е создаден од повеќе делови и ја трансформира храната во енергија и хранливи материи. Секој орган има своја специфична улога, а нивната меѓусебна координација овозможува целосна обработка на храната и елиминација на непотребните супстанции.
Познавањето на функциите на овие органи ни помага да ги препознаеме знаците на успорено варење и ни укажува какви мерки да преземеме за превенција и лекување на истите.
Уста
Во устата започнува процесот на обработка на храната. Прв чекор во дигестивниот процес е конзумирањето на храна и пијалаци. Тие се внесуваат во усната празнина каде се дробат и мешаат со плунка.
Ензимите присутни во плунката ја почнуваат хемиската обработка на јаглехидратите. Доброто џвакање ја олеснува работата на другите органи и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи.
Желудник
Во желудникот, храната се меша со желудочната киселина која е мешавина од повеќе хемиски киселини богати со ензими. Желудочната киселина овозможува разложување на протеините и создавање на полусолидна маса.
Здрав желудник значи дека храната е добро подготвена за тенкото црево, а телото добива неопходни супстанции и нема чувство на тежина или напнатост. Нарушувања во желудникот може да предизвикаат непријатност, надуеност или чувство на замор.
Тенко црево
Тенкото црево е делот од органот каде телото ги добива протеините, јаглехидратите, мастите, витамините и минералите, од нив зависи целокупното здравје на телото. Здравото тенкото црево не прави енергични, ја одржува имунолошката функција и влијае на доброто расположение. Иритирања или нарушувања на овој дел можат да доведат до замор, слабост и отежната столица.
Дебело црево
Во дебелото црево завршува обработката на храната, се вршат процесите на варење и се создаваат корисни бактерии кои ја одржуваат рамнотежата на цревната флора. Здравото дебело црево овозможува редовна столица, го намалува надувувањето и придонесува за чувство на леснотија и енергија во текот на денот. Здравата микрофлора овозможува подобро варење и го подобрува имунитетот.
Панкреас и црн дроб
Панкреасот и црниот дроб помагаат во дигестивниот систем без да бидат дел од главниот пат на храната. Панкреасот произведува ензими кои ја разградуваат храната на протеини, масти и јаглехидрати што ја подготвуваат храната за апсорпција.
Црниот дроб создава жолчка што го олеснува разложувањето на мастите и апсорпцијата на масно растворливите витамини.
Иако не се вклучени директно, нивната работа е клучна за тоа како телото ја обработува храната и дигестивниот систем да работи поефикасно со што телото се чувствува полесно и поздраво.
Што можете да направите за да го подобрите Вашето варење
Подобрувањето на Вашето варење започнува со добри навики во секојдневниот живот. Здравата исхрана и природните суплементи играат најважна улога. Вашите оброци треба да бидат балансирани и богати со протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати како и природни додатоци го поттикнуваат процесот на дигестија на храна.
Најдобрите резултати се постигнуваат кога исхраната се комбинира со доволно течности и редовна физичка активност. Додатоците при исхрана и другите фактори природно ја поддржуваат цревната флора, можат да го олеснат варењето и ја намалуваат надуеноста.
Природни суплементи како поддржувачи на цревата
Вклучување на пробиотици, ензими и додатоци при исхрана како Vitaslim значително ја подобруваат микрофлората и го олеснуваат варењето. Тие се едноставни за користење во секојневниот брз начин на живот и даваат брзи и значајни резултати.
Начин на исхрана и хранливи материи
Во начинот на исхрана треба да избалансирате здрава храна, редовност на оброци и количината на истите. Редовно треба да внесувате храна богата со:
-
Протеини
-
Здрави масти
-
Јаглехидрати
-
Влакна
-
Витамини и минерали
Протеините, здравите масти и јаглехидратите ја одржуваат енергијата и го поддржуваат варењето, влакната од овошјето, зеленчукот и интегралните житарици ја подобруваат цревната функција и редовноста на столицата.
Треба да ја ограничете или целосно да ја избегнете преработената храна и вештачките шеќери. Со правилен избор на намирници и редовни оброци, дигестивниот систем функционира поефикасно, а телото се чувствува полесно и поздраво.
Физичка активност и движење
Секој треба редовно да се движи и да прави физички активности, тие освен што го подобруваат физичкиот изглед имаат важна улога во одржувањето на здрав дигестивен систем. Умерената физичка активност, како прошетки, лесни вежби или јога, ја стимулираат мускулатурата на цревата и го поттикнуваат движењето на храната низ дигестивниот тракт.
Вежбите исто така ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат стресот низ целото тело, кој често го успорува варењето. Комбинирано со здрава исхрана, доволно течности и додатоци при исхраната, редовното движење овозможува полесно и побрзо варење, ја намалува надуеноста и го подобрува чувството на леснотија во текот на денот.
Хидрација и течности
Редовната и доволна хидрација е огромен фактор при правилното варење и здрав дигестивен систем. Водата помага во разложување на храната, го олеснува движењето низ цревата и го поттикнува отстранувањето на токсините.
Освен вода, билните чаеви како камилица или нане, како и природни ферментирани пијалоци, можат да ја поддржат цревната флора и да ја намалат надуеноста. Редовното внесување течности за време на денот, наместо само за време на оброците, овозможува оптимална апсорпција на хранливите материи и го одржува дигестивниот систем активен и енергичен.
Болести на дигестивниот систем
Дигестивниот систем е мошне чувствителен орган, под влијание на различни фактори како лошите навики, стресот или некои инфекции може да се наруши неговата рамнотежа со тоа и балансот и функционалноста на неговите органи. Нарушен дигестивен систем значи нарушено телесно здравје. Најчестите дигестивни болести се:
-
Гастритис
-
Синдром на иритабилно црево
-
Чир на желудник
-
Инфекции на дигестивниот тракт
Раното препознавање на симптомите е клучно за успешно лекување и одржување на здрав дигестивен систем.
Симптоми на нарушен дигестивен систем
Иако болестите на дигестивниот систем ги има во изобилство тие имаат слични и чести симптоми како:
-
Надуеност и чувство на тежина
-
Болка или непријатност во стомакот
-
Нередовна или променета столица (запек или дијареа)
-
Чести киселини или гастроезофагеален рефлукс
-
Гадење и чувство на замор
Како да се справите со дигестивните нарушувања
За третман на веќе нарушен и одржување на здрав дигестивен систем, најпожелно е да користите комбинација од:
-
Природни суплементи кои ја подобруваат цревната флора и помагаат при слабеење
-
Медикаменти според препорака на лекар (антиациди, пробиотици, ензими)
Заклучок: Ефикасно варење пат до здраво тело и добар изглед
Здравиот дигестивен систем е темел на целото здравје. Тој е знак на енергија, виталност, добро расположение и чувство на слобода. Со правилна исхрана, доволно течности, редовна физичка активност и употреба на природни суплементи, можете да го одржувате варењето оптимално и да ја зачувате рамнотежата на цревата.
Нарушувањето резултира со неугодни но очигледни симптоми кои треба навремено да се запазат и да се превземат мерки. Здравите навики се најбитни, со нив телото ги достигнува своите максимални можности.