Запекот е еден од најчестите проблеми со дигестијата кој се појавува кај деца и возрасни.
Секој човек барем еднаш се соочил со надуеност, непријатна тежина во стомакот и потешкотии при празнење.
Иако често не преставува сериозен здравствен проблем, запекот може да прерасне во нешто посериозно.
Добра вест е тоа што постои природен лек за тврда столица кој помага овој проблем брзо да го решите.
Што е запек?
Запекот најпросто дефнирано претставува ретко празнење на дебелото црево или пак тешкотии при вршење на нужда.
Генерално тоа претставува помалку од три празнења на дебелото црево неделно и ако столицата е тврда, сува и се исфрла со потешкотии.
Тука се појавува и чувството на надуеност како и болка во стомакот. Најдобро е вршењето на нужда да се случува околу два пати дневно при здрава столица.
Но не секој човек има ист биоритам и се доколку нема нагли промени во дигестијата тоа значи дека тој човек нема запек.

Што го предизвикува запекот?
Запекот најчесто е резултат на повеќе фактори па затоа може да потекнува од различни причини.
Најчестите причини за запек се:
-
Недостаток на влакна во исхраната - растителните влакна го потикнуваат варењето и ја омекнуваат столицата.
-
Недостаток на физичка активност - седечкиот начин на живот го успорува метаболизмот и придонесува за појавувањето на запек.
-
Внесување помала количина вода - дехидрацијата е чест фактор затоа што без доволна количина течности столицата станува сува.
-
Некои лекови - аналгетиците, антидепресивите и додатоците со железо допринесуваат до сува столица.
-
Стрес - недоволниот сон и стресот влијаат на дигестивниот систем.
Природни лекови за запек
Бидејќи запекот може да е предизвикан од повеќе различни фактори, треба да се дефинираат кои фактори се всушност проблемот.
Пред да се бара лек за запек кај деца и кај возрасни мора да сфатиме дека ако подолго време ни се појавува тврда столица, мора да ги промениме навиките. Така ќе го превенираме запекот пред да се случи.
Сега ќе разгледаме неколку начини да се справите со проблемите со дигестија.
Исхрана богата со влакна
Најбитна промена што може да ја направите е да го зголемите внесот на храна богата со растителни влакна.
Најдобри извори на влакна се овошје, зеленчук и интегрални житарки или мешунки. Добри овошја и зеленчуци се јаболки, сливи, круши, смокви, киви, брокула, моркови, спанаќ и тиквички.
Кога ќе почнете со оваа исхрана, внесете ги овие јадења постепено, бидејќи таа нагла промена може да предизвика надуеност. Кога сме кај исхраната, семињата како ленено, чиа семе и сувите сливи делуваат како лаксатив.
Хидратација и течности
Водата е клучна, без доволно вода ниту една исхрана не може да помогне. Секој ден пијте барем 6 чаши, или пак околу две литра вода. Секој ден почнувајте го со чаша вода или пак со топол чај. Избегнувајте кафиња наутро.
Добра опција против запек кај возрасни и деца е и напитокот Vitaslim кој е растворлив во вода а го спречува запекот.
Движење и природни навики
Физичката активност е исто голем фактор при решавање на овој проблем. Кога сте активни вие ги стимулирате вашите црева.
Пешачењето, лесните вежби, јогата и слично го убрзвуаат процесот на варење. Одењето во тоалет во исто време секој ден исто му дава ритам на организмот и телото брзо се навикнува.
Превенција
Најдобриот лек секогаш е превенција.
Постојат нешта како стресот кои не може добро да ги контролираме но нашиот начин на живот и исхраната лесно може да ја смениме.
Но постојат ситуации кога тешко може да го избегнеме запекот. Често луѓето се прашуваат зошто имам запек кога патувам, но тоа е сосема нормално и очекувано.
На целиот организам му смета таа промена и тешко е да избегнеме некои од последиците. Секогаш кога ќе го излечиме запекот ние потоа треба да продолжиме со здравите навики.
Кога да се обратите на лекар?
Иако запекот најчесто е безопасен и може да се надмине со природни решенија, постојат ситуации кога е неопходна лекарска помош.
Ако состојбата трае повеќе од две недели без подобрување, ако има крв во столицата, силни болки во стомакот или ненадејно слабеење, потребна е стручна проценка.
Тие најверојатно ќе ви препишат таблети за тврда столица или пак некој пробиотик за запек. Тврдата столица може да укажува и да предизвика посериозни проблеми па затоа мора да се консултираме со лекар.
Често поставувани прашања
Која храна ствара запек?
Храната која ствара запек е таа со мал број на влакна и со многу масти често води кон тврда столица. Пример брзата храна како бурекот, бургери како и газираните пијалоци може да предизвикаат запек.
Големи количини на млечни производи исто така предизвикуваат проблем во организмот. Не е потребно оваа храна целосно да се тргне од исхраната иако тоа би било здраво, но битно е да се припазува на количините.
Што да пиеме за да не протера во тоалет?
Како што спомнавме, водата сепак е најдоброто нешто за омекнување на столицата. Но на пример сокот од слива или пак чаевите како камилица, нане и ѓумбир се одлични за протерување.
Лененото семе поради своите растителни влакна и масла ќе ја омекне столицата. Може да го додадете во вода или јогурт и така да го пиете.
Дали запекот е поврзан со хемороиди?
Да, запек и хемороиди се често поврзани. Кога имаме запек столицата е тврда и често бара напрегање.
Тоа напрегање може да предизвика појавување на хемороиди или пак нивно влошување додека постојат. Редовното празнење со мека столица е одлична превенција за хемороиди.