Темпото на животот во денешницата е брзо и бидејќи немаме време за храна често пати изборот на оброци паѓа на брза и преработена храна.
Дури и да не брзаме негде, брзата храна ни е се подостапна, а и повеќе примамлива.
Затоа често се чувствуваме изморени, без енергија, со слаба концентрација и се почесто имаме здравствени проблеми.
Практикувањето на здрава исхрана не е тренд туку начин на живот кој не прави поздрави, посреќни и превенира здравствени проблеми.
Ајде да видиме зошто здравата исхрана вреди!
Зошто е толку важна здравата исхрана?
Телото функционира од ресурсите кои ние му ги даваме. Тоа е храната што ја внесуваме секој ден. Ако ние на телото му даваме лош извор на хранливи материи, или не внесуваме воопшто од тие материи, тогаш може да се појави проблем.
Влијание врз физичкото и менталното здравје
Здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како дијабетес, срцеви заболувања и висок притисок. Здрава исхрана за слабеење или пак за општо здравје помага во одржување на силен имун систем и добро варење.
Ако го храниме со здрави материи тогаш тоа ќе биде во подобра состојба и ние веднаш тоа ќе го почуствуваме. Но тоа не се одразува во само во телото туку и во умот.
Балансираниот план за исхрана со доволно минерали и витамини го подобрува расположението и ја зголемува концентрацијата. Недостигот на овие нутриенти често знае да предизвика замор или раздразливост.
За разлика од кога сме гладни при овој недостиг ние нема да чувствуваме дека нешто телото ни бара.
Здравата исхрана како начин на живот, не диета
Здравата исхрана не треба да се гледа како една обична диета за слабеење на стомак туку како начин на функционирање.
Не треба да практикуваме здрава исхрана за одреден период за да оствариме некоја цел. Треба да се фокусираме на тоа што почесто да јадеме здраво и поретко да јадеме брза храна.
Целта треба да ни биде да имаме што помалку нездрави оброци. Не е проблем ако не успееме некогаш, никој не е совршен, но битно е да се бориме здравата исхрана да ни стане навика.

11 правила на здрава исхрана
Многу луѓе мислат дека за да се храниш здраво е потребно многу време, пари и дека нема убави оброци. Тоа не е вистина.
Во денешно време може да најдете здрава исхрана достава и да заштедите на време а да јадете убави оброци.
Доколку сакате да заштедите пари, купувањето од домашни производители е добра и здрава алтернатива.
Постојат многу вакви трикови кои ќе ви олеснат да се храните здраво, но ајде да ги разгледаме следните 11 правила на здрава исхрана.
1. Започни го денот со нутритивен појадок
Појадокот е најбитен оброк бидејќи го започнуваме денот со него.
Какво гориво ќе му дадеме на телото ќе влијае многу понатака.
Убаво е појадокот да биде богат со протеини, влакна и витамини со цел да имаме енергија за денот.
Доколку не ви текнува побарајте здрава исхрана рецепти мк на интернет и ќе ви излезат безброј вкусни и здрави оброци.
Убава опција се и суплементи како Vitaslim кои додаваат многу здрави материи на храната а притоа не се воопшто калорични.
2. Јади редовно и не прескокнувај оброци
Како што напоменавме голем дел од здравата исхрана е конзистентноста и затоа правило е да не се прескокнуваат оброци додека тоа е можно.
Кога прерипуваме оброк го нарушуваме редот на телото и тоа може да доведе то пониско ниво на шеќери во крвта и глад.
Ако сме многу гладни тогаш на следниот оброк е прелесно да се прејадеме.
Редовните мали оброци го одржуваат шеќерот во крвта и спречуваат падови на енергија.
Дури и некоја мала ужина од овошја или пак јадкасти плодови е подобро од гладување.
Побарајте здрава исхрана википедија или некоја друга страна за да најдете многу ресурси на оваа тема.
3. Вклучи повеќе овошје и зеленчук
Многу често се случува овошјето и зеленчукот да ги заборавиме.
Сите имаме некои плодови што ни се допаѓаат кои ги јадеме неколку дена и после едноставно забораваме на нив.
Направете си листа и почесто конзумирајте овошја и зеленчук бидејќи не само што се многу вкусни, тие се и многу здрави и добри за телото.
4. Пиј доволно вода секој ден
Водата често се подценува но е битна за сите процеси во телото. Таа помага при варење, детоксикација, регулација на топлина и многу други процеси.
Недостатокот на течности често предизвикува замор, главоболки и други проблеми.
Минимално треба да се внесуваат околу 2 литра вода дневно.
За тие што не ви се допаѓа пиењето вода добра опција е таа да се измеша со лимон или пак краставица со цел да добие некој вкус.
Добра опција е и користењето на суплементи кои се полни со витамини и здрави хранливи материи.
Таков е нашиот продукт Vitaslim кој содржи се што му треба на телото.
5. Избегнувај преработена и брза храна
Преработената храна содржи големи количини сол, шеќери и нездрави масти кои со текот на времето му штетат на организмот.
Наместо тоа, избери домашно приготвени оброци со свежи состојки.
Кога сам го контролираш процесот на готвење, точно знаеш што внесуваш во телото.
6. Контролирај ги порциите
Дури и јадењето здрава храна во големи количини може да предизвика дебелеење и не е здраво.
За да ви биде полесно мерете ги оброците со кујнска вага и бројте ги калориите.
Добар трик е да користите помали чинии со цел да не се прејадувате.
7. Намали шеќер и сол
Шеќерот во големи количини често предизвикува енергетски падови и го зголемува ризикот за појава на дијабетес.
А пак солта го крева крвниот притисок и не е убаво да се претерува.
Доколку ви се јаде благо заменете го со свежо овошје или пак црно чоколадо.

8. Избери здрави масти
Мастите се клучни и не треба да се избегнуваат, туку да се заменат со здрави масти.
Не сите масти се лоши, мастите од маслиново масло, авокадо и јаткастите плодови се добри и неопходни за организмот. Избегнувајте ги транс-мастите како тие од маргарин или пак пржената храна за да не го зголемите холестеролот.
9. Јади полека и свесно
Често пати јадеме пребрзо. Дали како навика од ограниченото време за оброк или не свесно брзото јадење ни останува, но воопшто не е добро.
Пробајте оброците да ги изведувате без екран или пак да не јадете во движење. Со свесно јадење (mindful eating) храната има подобра дигестија и по добро ќе знаеме кога сме навистина сити.
10. Комбинирај исхрана со физичка активност
Здравата исхрана и физичката активност се две страни на истата паричка. Редовното движење го поттикнува метаболизмот, го подобрува расположението и ја зголемува енергијата.
Не мора да се посветите на некој интензивен тренинг туку и проста прошетка од половина час е доволно.
11. Биди конзистентен, не совршен
Промените не се случуваат преку ноќ. Многу побитно е да бидеме конзистентни отколку да сме перфектни во исхраната.
Секој има денови каде ќе нема време или мотивација да направи нешто здраво за јадење и нормално е некој ден да се потфрли. Здравата исхрана не е казна туку начин на одржување на телото.
Комбинирајте ја исхраната со суплементи за да помогнете на различни делови од телото. Нашиот Мулти Колаген е добра опција за сите проблеми со кожа, коса, коски и слично
Заклучок
Здравата исхрана не бара совршенство туку посветеност.
Ова не е режим на исхрана за слабеење туку за општо здравје, а слабеењето доаѓа само по себе.
Со здрава исхрана вие инвестирате во вашата иднина, со неа добивате повеќе енергија, посилен имунитет и поквалитетен живот.
Почнете со едно правило и со мали чекори. Како што поминува време додадете ги сите правила во вашата дневна навика и телото ќе ви биде благодарно.
Сите овие мали промени ќе ве направат здрав човек.