Пакување Vitagen Multi Collagen во прашкаста форма, поставено на минималистичка беж позадина, претставувајќи додаток за поддршка на кожа, коса, зглобови, нокти и коскено здравје.

Што е Mулти Kолаген? Сѐ што ви треба во еден суплемент

Пакување Vitagen Multi Collagen во прашкаста форма, поставено на минималистичка беж позадина, претставувајќи додаток за поддршка на кожа, коса, зглобови, нокти и коскено здравје.

Во последните неколку години, зборот колаген стана неверојатен хит во светот на здравјето и убавината.

Се споменува во креми, серуми, пијалоци, додатоци во исхраната па дури и во спортски формули.

Но, кога ќе го слушнете терминот мулти колаген, можеби се прашувате: Што точно значи тоа?

Дали е подобар од обичниот колаген и дали навистина прави разлика за кожата, зглобовите, косата и телото во целина?

Протеинот кој нè држи заедно

Најзастапениот протеин во човековот тело е токму колагенот.

Тој учествува во повеќе од 30% од вкупните протеини и претставува основна градбена единица на кожата, коските, тетивите, лигаментите, ‘рскавиците, мускилите и дури и очите.

Со други зборови овој „магичен“ суплемент служи како лепак кој го држи телото дврсто и еластично.

Телото само по себе природно произведува колаген, но по 25-тата или според некои автори дури и по 21-вата година производството постепено се намалува.

Ова доваедува до видливи знаци на стареење како што се опушлтена и лабава кожа, брчки, болки во зглобовите, послаба коса и кршливи нокти.

Зошто баш „мулти“ колаген?

Во човековиот организам постојат најмалку 28 типа на колаген, но најважни за нас се следните 5:

Тип I

Најзастапениот тип на колаген, пронајден во кожата, коските, тетитвите и ноктите. Одговорен е за еластичноста и младешкиот изглед.

Тип II

Главно пронајден во ‘рскавиците и има клучна улога во здравјето на зглобоите и колената.

Тип III

Важен за здравјето на крвните садови, внатречните органи и кожата.

Тип V

Пронајден во рожницата на окото, во косата како и во планцентата.

Тип X

Одговорен за растот и обновата на коските

Мулти колаген суплементите обично содржат комбинација од сите овие типови на колаген што значи дека го покриваат целиот спектар на потреби на телото, од убавина до подвижност и мобилност.

Од каде потекнува мулти колагенот?

Суплементарниот колаген е дериват на некои од природните извори богати со протеин како што се:

  • Бовински (Говедски) колаген, богат со тип I и III, идеален за поправка на кожа, коса и нокти.

  • Морски (Рибен) колаген, со пептиди кои нашиот организам лесно ги апсорбира. Одличен за подобрување на еластичноста на кожата.

  • Пилешки колаген, содржи тип II колаген кој помага во отстранување на болките во зглобовите, колената и лигаментите.

  • Колаген од мембрана на јајцева љушпа, природен извор за колаген тип V и X, важни за здравјето на ошите и коските

Со комбинирање на овие извори добиваме суплемент познат како мулти колаген, супстанца во која сите овие видови на колаген дејствуваат синергистички покривајќи ги сите аспекти на здравјето и убавината.

Модерните суплементи на Vitagen Мулти Колаген ги обезбедуваат токму овие извори во една моќна формула со што се добива оптимален ефект за целото тело.

Како делува мулти колагенот во телото?

Колагенот не се апсорбира директно како цел протеин, телото го разложува на аминокиселини и пептиди кои потоа се користат за повторно создавње на нов колаген.

Најчесто, мулти колагенот се наоѓа во форма на хидролизиран колаген (колаген пептиди), односно форма која најлесно се вари и најбрзо се искористува.

По внесување на овие пептиди, тие го патуваат низ крвотокот и го стимулираат телото да:

  • Произведува повеќе колаген,

  • Подобри еластичноста и хидратацијата на кожата,

  • Ја зајакне структурата на зглобовите, коските и тетивите,

  • Поттикне регенерација на косата и ноктите.

Придобивки од мулти колаген

Кои се главните приобивки од редовното користење на суплементариот мулти колаген?

1. За кожа и убавина

Мулти колагенот го носи и епитетот „колаген за убавина“ со причина.

Редовното внесување на овој суплемент помага со:

  • Намалување на брчките и другите лузни на кожата,

  • Подобрување на еластичноста на кожата,

  • Зголемување на хидратацијата,

  • Забавување на процесот на стареење.

Со ова колагенот нѝ помага да го задржиме младешкиот изглед и да се чувствуваме поздраво.

2. Зглобови и колена

Тип II и X од мулти колагенот директно го храни ‘рскавичното ткиво, го намалува воспалението и ја намалува болката во зглобовите.

Најголема примена и корист за овие бенефити имаат луѓето со артритис, спортистите и луѓе со повреди и болки во колената и рамениците.

Но, ова не значи дека и просечниот човек нема бенефити, дури напротив мулти колаген во себе има и протективно дејство и може да нè заштити од потенцијални повреди.

3. Коса и нокти

Аминокиселините кои го градат колагенот, глицин и пролин, го поттикнуваат растот на здрава и густа коса и го спречуваат нејзиното опаѓање.

Неопходно е користењето на екстерни извори на колаген за поправката на сува и повредена коса.

Истовремено, во пакувањата од мулти колаген од Vitagen се наоѓаат и витамини за ноктите кои ги прават посилни и помалку кршливи.

4. Коски и мускули

Колагенот е важен за структурата на коските и мускулите.

Тој го подобрува нивниот состав и го спречува губењето на густината кое е особено значајно во староста.

Благодарение на тип X, Vitagen Мулти Колагенот ја поддржува градбата и регенерацијата на коскеното ткиво и одличен колаген за коски.

5. Очи и васкуларно здравје

Тип V од мулти колагенот е присутен во рожницата, што го прави корисен за поддршка на здрав вид. Дополнително, тип III го поддржува здравјето на крвните садови.

Мулти колаген наспроти обичен колаген

Многуми често користат само еден тип на колген, најчесто морски или бовински.

Сепак, мулти колагенот нуди поширок спектар на ефекти бидејќи комбинира повеќе типови и извори.

Содржејќи повеќе типови на колаген, мулти колагените имаат сеопфатно дејство врз кожа, зглобови, коса, нокти и коски наспроти специфично рестриктивно дејство.

Покажува позначајни и подолготрајни резултати заради комбинираната олеснета апсорпција.

Како се корити мулти колаген?

Овие суплементи може да се пронајдат во неколку форми:

  • Прашок, најпопуларен и може да се меша со сок, вода, кафе или смути.

  • Капсули или таблети, погодни за патувања.

  • Течен колаген, со побрзо дејство, но е поскап и потежок за наоѓање.

Специфично за Vitagen Мулти Колагенот, тој се наоѓа во прашкаста форма и е препорачана една кесичка дневно од околу 10 грама.

Најдобро се зема на празен стомак или навечер пред спиење бидејќи токму тогаш телото најдобро го користи колагенот за регенерација на ткивата.

Благодарение на неутралниот вкус, може да се комбинира со било кој пијалок или рецепт.

Кој може да користи мулти колаген?

Користењето на овие додатоци не е селективно, но поголем ефект би пројавиле:

  • Жени и мажи над 25 години

  • Лица со болки во зглобовите

  • Спортисти и физички активни лица

  • Луѓе со артритис

  • Лица со опаѓање на коса или сува кожа

  • Секој што сака да го поддржи здравјето и убавината одвнатре

Безбедност и избор на квалитетен производ

Кога бираме суплемент, неопходно е да обрнеме вниамние на долунаведените параметри и препораки.

  • Потеклото и чистотата на колагенот

  • Формата, најдобро е да побараме хидролизиран колаген (колаген пептиди)

  • Присуство на додатни витамини како Витамин Ц, хијалуронска киселина или цинк

  • Без додатни шеќери и бои

Vitagen Мулти Колаген ги исполнува овие стандарди, комбинација на висок квалитет, природен состав и клинички докажана ефикасност.

Заклучок: Една формула за убавина и здравје

Мулти колаген е повеќе од обичен додаток, тоа е комплетно поддршка за телото одвнатре.

Комбинацијата на пет типови колаген ја обновуваат структурата на кожата, ги зајакнуваат зглобовите, ја подобруваат косата и ноктите и нѝ ја враќаат младешката сила и убавина.

Со редовна употреба од најмалку 4-8 недели може да ги очекувате поеластична хидрирана кожа, помалку болки во колената и грбот, посјајна коса и поцврсти нокти како и повеќе енергија и виталност.

Vitagen Мулти Колаген, сè што ви треба во еден суплемент.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk