Кршење, лупење и бавно растење на ноктите се проблеми со кои се соочуваат многу луѓе, особено жените.
Состојбата на ноктите најчесто претставува и слика на целото наче здравје бидејќи тие се одлика на внесот на доволна количина на витамини и минерали.
Недостаток на некој од елементите за кои ќе зборуваме допринесува до појава на меки, матни и нерамни нокти, но ова сè се корегира со нормализирање на внесот на виталните градбени единки за ноктите и општо за индивидуата.
Витамин Б7 (Биотин) - витамин за раст и цврстина
Биотинот е најпознат витамин за здрави нокти, коса и кожа.
Тој ја подобрува структурата на кератинот - протеинот од кој се изградени контите и косата.
Недостаток на овој витамин доведува до меки, лесно кршливи нокти кои се со бавен раст и лесно се лупат.
Доколку неговите нивоа се неадекватни, лесно се корегира неговата концентрација во човековиот организам со внесување на храна вогата со овој витамин. Тука спаѓаат јајцата, оревите и бананите.
Витамин Ц (Аскорбинска киселина) - производство на колаген
Клучен во производството на протеинот кој ги поврзува или зајакнува ткивата, односно колагенот, овој витамин не само што ги зацврстува ноктите туку придонесува и до нивен подобар изглед заедно со изгледот на косата и кожата.
Дефицит на витамин Ц може да доведе до бавен раст на ноктите како и појава на вдлабнати и кршливи нокти.
Пронајден во сите цитруцни овошја, лесно може да се корегира неговиот недостиг во организамот.

Витамин Е - значењето на антиоксидансите и нивна протективна улога
Витаминот E ги заштитува клетките од оксидатиониот срес на кој се секојдневно изложени.
Тој исто така ја подобрува циркулацијата и го поттикнува растот на ноктите, а е познат и како „витамин за убавина“ бидејќи ја храни кожата и косата.
Со редовен внес на витамин Е ноктите стануваат похидрирани и се поотпорни на пукање.
Храна богата со овој витамин се бадемите и цончогледовите семки.
Витамини од групата Б (Б12, Б9 - фолна киселина)
Неопходни за делбата на клетката, овие витамини се важни за сите ткива и органи кои често и редовно се обновуваат како што се ноктите, тенкото црево, крвните зрнца.
Овие елементи помагаат и со оксигенацијата на ткивата односно со нивно адекватно добивање на кислород, што е клучно за здрави нокти.
Недостаток на витамин Б12 и фолна киселина се проследени со посериозни последици како што се течка форма на анемија, ментални пореметување и гастроинтестинални проблеми.
Често најдени во хранта и месото, овие елемнти може да недостасуваат само при многу ригорозни изхрани како што е веганската диета.
Значајни минерали - железо, цинк и силициум
Цинкот го поттикнува растот и регенерацијата на ноктите, железото спречува нивно бледеење, а силициумот ја подобрува еластичноста.
Колагенот - тајната на убавите нокти и коса
Како и кај сите други потпорни структури во човековото тело, колагенот и тука игра витална улога во нормалната функција и изглед.
Со давање на еластичност, отпорност и забрзан раст, недостиг на овој протеин навистина покажува значајно девијации во изгледот на ноктите.
Помошни суплементи
Едниствениот суплемент кој користи квалитетни состојки, без притоа додавање на штетни материи и вештачки бои е мултиколагенот на Витаген.
Овој прехрамбен додаток ги содржи сите овие градбени структури за да сме и издледаме здраво.
Редовното применување дава значајни резултати по 3-6 недели и е препорачано негово долгорочно користење со цел да се оджи изгледот на здравиот нокт и притоа без да сме изложени на било кој ризик.
Подобар изглед, подобро здравје
Здравите нокти ен се резултат само на надворешна нега, туку и на правилен внес на витамини одвнатре.
Редовен и доволен внес на елементите кои го сочинуваат здравиот нокт не само што помагаат во одржувањето на ноктите, туку и помагаат со нашето општо здравје.