Пакување со додаток во исхраната Multi Collagen и кесички со прашок, како илустрација за производ богат со колаген за кожа, коса, нокти и зглобови.

Што е колаген? Најбитен суплемент за телото

Пакување со додаток во исхраната Multi Collagen и кесички со прашок, како илустрација за производ богат со колаген за кожа, коса, нокти и зглобови.

Колагенот е често подценет како суплемент, но факт е дека колагенот е еден од најбитните суплементи како и за жени така и за мажи.

Тој е најзастапениот протеин во човечкото тело и е главна градбена компонента на кожата, тетивите, коските и мускулите.

Со текот на годините неговото производвство во телото се намалува и заради тоа се опушта кожата, се појавуваат брчки, болки во зглобовите и се заретчува косата.

Во овој текст ќе дознаеш сè што треба да знаеш за колагенот и неговата функција, придобивки, и најдобрите начини како да го внесуваш во телото.

Што е колаген и која е неговата функција?

Колагенот е структурен протеин и ги сочинува над 30% од сите протеини во телото. Тој е еден вид на рамка која го држи телото цврсто но и еластично.

Колагенот одржува поддршка за кожата, ги поврзува мускулите со коските и овозможува флексибилност на ткивата.

Видови на колаген во телото

Постојат повеќе од 25 типа на колаген но првите четири се најбитни, а тие се:

  • Тип I: најчест, се наоѓа во кожата, тетивите и коските.

  • Тип II: главен составен дел на рскавицата, важен за зглобовите.

  • Тип III: помага во структурата на органите и мускулите.

  • Тип IV: создава заштитна мембрана околу клетките.

Како телото создава колаген

Колагенот се создава и во самото тело. Телото користи аминокиселини кои се градбени соединенија за протеини.

Во процесот на создавање на колаген се потребни витамин Ц, бакар и цинк. Но со текот на времето и други фактори оваа продукција се намалува.

Портрет на постара жена со изразени брчки, како визуелна илустрација за природно стареење и намалување на колаген во кожата.

Зошто колагенот е толку важен за телото

Многу често колагенот се смета само за козметички додаток, но тој е суштински за функционирање на телото.

Еве неколку причини зошто колагенот е битен:

Поддршка за кожа и млад изглед

Кога нивото на колаген опаѓа кожата се суши, истенчува и губи еластичност.

Заради тоа кожата се збрчкува, но со додавање на колаген може да се помогне во намалување на брчките и да се задржи хидратацијата.

Со внесување на колаген вие може да го задржите вашиот млад изглед.

Јакнење на косата и ноктите

Редовниот внес на колаген може да спречи губење на коса и кршење на ноктите . Колагенот ја зајакнува структурата на клетките правејќи ги ноктите и косата повеќе одпорни и посилни.

Подобрување на зглобовите и коските

Колагенот ја обновува рскавицата и со тоа го олеснува движењето и ја намалува болката во зглобовите. Кај постари лица или активни спортисти оваа болка е изразена и колагенот е еден начин да се бориме против неа.

Причини за губење на колаген во телото

Покрај стареењето кој е воедно најголем фактор за недостиг на колаген, постојат и други фактори кои го намалуваат производството на колаген.

Прекумерната изложеност на сонце дозволува на УВ-зраците да ги уништат колагенските влакна.  Никотинските производи како цигарите исто така го забавуваат создавањето на нови клетки и на колаген.

Лошата исхрана е исто голем фактор кој помага да го изгубите колагенот. Процесираната храна, шеќерот и општо храната со малку протеин го ограничува производството.

Стресот е исто фактор заедно со недостиг на сон. Телото нема можност да се регенерира правилно.

Како да внесете колаген во телото?

Постојат два начини да внесете колаген а тоа е преку исхрана и со суплементи. Иако исхраната помага во природнот создавање на колаген, суплементите се одличен начин природно и брзо да внесете колаген.

И со суплементите секогаш ќе внесувате доволно колаген за телото.

Храна богата со колаген и хранливи материи

Некои намирници природно содржат колаген или пак ги обезбедуваат градбените блокови потребни за тој да се создаде во телото. Намирниците како пилешко, риба (со кожа), јајца, овошјето и зеленчуците се одлични за колаген.

Јајцата содржат пролин кој е важен за синтеза на колаген. Овошјата со витамин Ц се одлични за телото природно да произведува колаген.

Коскениот бујон е еден од најдобрите извори за колаген. Постојат многу вкусни рецепти и лесно можете да ги вклучите во исхраната.

Колаген суплементи 

Како што рековме, суплементите се најдобар начин да внесете колаген во телото и да го подобрите изгледот и здравјето. За разлика од колагенот кој се мачка на кожа, колагенот кој се конзумира е стотици пати повеќе ефективен.

Нашиот Мулти Колаген е одлична смеса од 5 типа на колаген кој му помагаат на секој дел од телото. Ова е најдобар колаген течен и лесен за пиење со вкус на лимета и јагода.

Придобивки од редовно внесување колаген

Резултатите од редовно внесување на колаген за коса и општо здравје се гледаат за само неколку недели. Веднаш ќе може да приметите како се намалуваат брчките и вашето лице добива поцврса структура.

Вашата коса и нокти се зајакнуваат и болката во зглобовите се намалува.

Колаген ампули помагаат и на дигестивниот систем со тоа што ќе имате подобрено варење и цревно здравје. После секоја физичка активност вашите мускули побрзо ќе се обновуваат и опоравуваат.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk