Болката во зглобовите или медицински позната како артралгија претставува една од најчестите здравствени тегоби кои погодува и младите и повозрасните индивидуи.
Без разлика од причината за јавување која може да е заради повреда, воспаление, прекумерно оптеретување или стареење, оваа негода може сериозно да го наруши нашето секојдневие и квалитетот на животот.
Добрата вест е што со унапредувањето на современата медицина овој проблем е многу порешлив од што бил во минатото.
Што ја предизвикува болката во зглобовите?

Зглобовите претставуваат анатомски структури кои поврзуваат две или повеќе коски и овозможуваат нивно движење со истовремено обезбедување на стабилност и поддршка.
Издрадени се од неколку елементи:
-
Зглобни површини: делови од коските што се допираат една со друга во зглобот.
-
Зглобна ‘рскавица: амортизерот на зглобот што ја апсорбира силата и го намалува триењето при движење.
-
Зглобна шуплина исполнета со синовијална течност: ова претставува вискозна материја богата со хијалуронска киселини и протеини, која го намалува трињето на коските во зглобот.
-
Некои додатни елементи како што се лигаменти, тетитви, мускули околу зглобовите, и некои елементи како што се менискусите специфични за одредени зглобови.
Кога ќе дојде до нарушување на било која од овие компоненти доаѓа до појава на болка. Најчести причини за дегенерација на зглобните елементи се:
-
Остеоартритисот: дегенеративно заболување на ‘рскавицата особено кај постари лица.
-
Ревматоиден артрит: автоимуно заболуавње при кое самото тело го напања сопствениот зглоб.
-
Повреди при споркски активности: чести кај помлади лица и спортисти.
-
Прекумерна тежина: дополнителен притисок врз колената и глуждовите.
-
Недостаток на одредени хранливи материи како што се колагенот, витамин Ц, магнезиум, хијалуронска киселина.
Како да познаеш дека зглобовите ти страдаат?
Во пораните фази симптомите се манифестираат во поблага форма со нивно тешко препознавање, но со прогресија на болеста овие непрепознаени наци моѓе да доведат до сериозни комликации:
-
Болка при движење и мирување
-
Вкочанетост, потенцирана наутро
-
Крцкање или пукање во зглобовите
-
Оток и воспаление пропратено со црвенило
-
Намалена подвижност
Неопходно е секој од овие симптоми да се пропратат и да бидат прегледани од здравстваена личност со цел да се намали ризикот од прогредирање во сериозна или хронична состојба.
Примање на лекови и квалитетни суплементи е од огромно значење во борбата против болките.
Колаген - градежниот материјал на здравите зглобови
Колагенот претставува најпревалентниот протеин во човековото тело со над 30% застапеност од сите протеини во човековото тело.
Тој се наоѓа во склоп на ‘рскавиците, коските, тетивите и кожата.
Со возраста, неговото производство драстично се намалува со што доаѓа до губење на еластицитетот на горенаведените структури и со тоа појава на болките.
Постојат на 20 типа колаген, но за интегритетот и здравјето на зглобовите најваѓни ни се првите 3 типа односно Тип I, II и III.
Тип 1 и 3 ја поддржуваат структурата на тетивите и лигаментите, додека пак тип 2 колагенот е најзастапен во зглобната ‘рскавица и помага во смирување на воспаленито во зглобовите.
Природни начини за одржување на здрави зглобови
Со некое лесни промени во секојдневието можеме долгорочно да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите зглобови.
Редовното движење, какво и да е, било јога, пешачење, пливање или било која друга физичка активност ја подобрува циркулацијата на крв во зглобовите и ја оддржува флексибилноста во истите.
Внесување на антиоксиданси со исхраната преку имлементирање на зеленчуци и овошја како што се боровинките, спанаќ, куркума и ѓумбир.
Неопходно е да бидеме и од нормална телесна тежина во согласност со нашата висина. Секој килограм над оваа граница значително влијае во забрзувањето на дегенеративните промени во зглобовите.
Адеквантната хидратација е од големо значење не само за зглобовите туку и за општото здравје. Внес помеѓу 6-8 чаши покажало позитвни знаци во заштита на зглобовите.
Додавање на суплементи во исхраната
Со постоењето на огромен број на суплементи и додатоци во исхраната, како да сме сигурни кој е точниот избор?
Каков и да е суплементот, најбитно е и да не е сочинет само од една компонента како на пример само колаген тип I.
Затоа, ние препорачуваме користење не Мулти Колагенот од Vitagen кој не самошто е и најквалитетниот суплемент на пазарот, туку и коммбинира повеќе состојќи значајни за здравјето.
Во една доза на овој додаток внесуваме:
-
5 типа на колаген (I, II, III, V и X): за оптимална регенерација на зглобовите
-
Витамин Ц: потребен за природна синтеза на колагенот
-
Хијалуронска киселина
-
Без шеќер и вештачки бои: погоден за лица со чувствителен желудник
-
Лесно се додава во исхраната
Со редовно користење на една доза на овој мултиколаген за коски и зглобови дневно му помагаме на телото со намалување на болката и воспалението, подобрување на подвижноста, поддржувањето на ‘рскавиците и тетивите.
Резултатите најчесто се пројавуваат по 3 до 6 недели и е препорачано долгорочно користење, особено кај лица над 30 години или индивидуи кои се физички активни.
Кога да побараш лекарска помош
Доколку болката перзистира повеќе од 2 недели, ако се јави нагло воспаление, оток или црвенило, потребно е да се консултираш со лекар.
Може да биде потребна и дополнителна дијагностика за да се утврди причината за појавувањето на овие симптоми.
Последни зборови - Чекор до безболно движење
Болката во зглобовите на раката и болките во зглобовите на нозете не треба да се прифатат како нормален дел од стареењето.
Со правилна исхрана, движење и адаптирање на секојдневните рутини спрема потребите на телото можеме да ги чуваме зглобовите млади и здрави.