Нанесување масло со капалка на суви влакна како дел од третман за поправка на оштетена коса.

Поправка на сува коса: совети за здрава и сјајна коса

Нанесување масло со капалка на суви влакна како дел од третман за поправка на оштетена коса.

Проблемот со оштетена коса е еден од најчестите предизвици со кои се среќаваат девојчињата. 

Без разлика дали е предизвикана од хемиски третмани, прекумерна топлина или пак други фактори од околината, резултaтот е ист, сува коса, кршливост и недостаток на виталност. 

Тука длабински ќе ги разгледаме причините и конкретните решенија како и лек за оштетена коса користејќи ги најновите сознанија во дерматологијата и козметологијата. 

Што ја прави и зошто косата сува и оштетена? 

Оштетена коса настанува кога надворешниот слој на влакното ќе се подигне и испука, изложувајќи ја внатрешната кора. Ова овозможува брзо губење на влакната и протеините. 

Понекогаш причината за погоре наведените ситуации сме ние, но тука понекогаш влијае времето, но најчесто е комбинација од двете. 

Главни причини за сува и оштетена коса

Овие се главните причини кои предизвикуваат сува и оштетена коса:

  • Термичко оштетување - секојдневна употреба на преси, фенови и фигара (без употреба на соодветна термичка заштита) 

  • Хемиски третмани - избледување, фарбање, блич..

  • Механичко оштетување - грубо чешлање, триење со пешкир

  • Неправилни производи за нега на косата 

  • Фактори од околината - сув или студен воздух, УВ - зраци поточно изложеност на сонце

  • Тврда вода богата со минерали и хлор

  • Недостаток на витамини, минерали и протеини во исхраната

  • Стрес, хормонски промени или дехидратација

Лице суши коса со фен, прикажувајќи ситуација која често доведува до сува и оштетена коса.

Оштетеното влакно ја губи својата природна заштита и станува кршливо. Во тој момент единствен начин за поправка на косата е постепена и системска поправка за сува коса.

Основна поправка: паметен избор на шампон за оштетена коса и лек за оштетена коса

Првиот чекор во процесот за обнова на сувата коса е промената на рутината за чистење. Наместо агресивни шампони кои ја отстрануваат природната маснотија, изберете специјален шампон за оштетена коса.

Совет: Добар шампон за оштетена коса е оној кој има ниска pH вредност, сулфат-free и е збогатен со колаген и креатин. Тие шампони нежно ја чистат косата и помагаат во заздравувањето на самото влакно. Овие шампони не се за да ја сушат косата, туку да ја хранат.

ЗАПОМНИ: Лек за оштетена коса започнува со нежен третман. Шампонот е првата линија на одбрана и подготовка за следниот третман за оштетена коса.

Регенератор - секојдневен спасител 

Tоа е инстант маска која нежно ги затвора слоевите на влакното и му дава мекост. Регенераторот е добар доколку има протеини, креатин и масла. 

Маски и длабински третмани - за подобри резултати треба да се прави третман за оштетена коса најмалку два пати неделно. Со цел добар третман е потребно користење на маска која содржи: пантенол, протеини како креатин, колаген и други и природни масла. 

Интензивна обнова: Улога на третман, ампули и масла

За сериозно оштетена коса, само регенератор не е доволен. Потребни се интензивни третмани за оштетена коса кои продираат длабоко во влакното. 

1. Моќта на мулти колаген во третманите

Третманите за оштетената коса често содржат комплекси од Мулти Колаген. Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во кожата и косата. Со самото нанесување на хидролизиран колаген, тој помага привремено да ги пополни оштетените делови на влакното, давајќи му волумен и еластичност.

2. Концентрирана сила: ампули за оштетената коса

Ампулите за оштетена коса се користат како еднократен, интензивен лек за  сува и оштетена коса. Тие содржат висока концентрација на активни состојки кои обезбедуваат итна поправка како и хидратација за сува коса 

3. Запечатување и сјај: масло за оштетена коса 

Употреба на масло за оштетена коса е клучна за запечатување на влагата и намалување на кршливоста. 

Hair Max серумот се едни од подобрите масла. Важно е маслото да се нанесува само на средниот дел и врвовите, избегнувајќи го коренот на косата. Ова спречува понатамошно кинење на сува коса. 

Биохемиски темел: колаген и раст на косата

Иако повеќето третмани се насочени кон надворешната поправка на веќе оштетената коса, но за долгорочно здравје и раст на косата е важна и внатрешната поддршка. 

  • Колагенот е витален за структурата на фоликулот на косата. Дополнителен внес на колаген може да ја подобри еластичноста и да го поттикне здравиот раст на косата.

  • Производите за раст на косата често вклучуваат состојки за стимулација на скалпот, што е предуслов за здрава и силна коса. 

Исхрана и суплементи: убавината почнува од внатре

Косата бара: витамин Б-комплекс, железо, витамин Д, цинк, протеини и Омега 3. Колагенот има значајна улога во силата и еластичноста на влакното. Доколку сакате долготрајно решение погледнете, а повеќе информации за колагенот се достапни на нашата официјална страница. 

Дополнителни практични навики

Косата бара грижа која со тек на време гради здрав изглед и природен сјај, па затоа тука има некои навики кои може да направат голема разлика

Што треба да се прави:

  • Чешлање нешно, од врвовите па нагоре

  • Да се користи микрофибер крпа или памучна маица

  • Да се намали топлината или да се користи ладен режим на фен

  • Користење на силиконски капи како термо заштита.

Што треба да се избегнува:

  • Грубо бришење со крпа

  • Често фарбање на косата

  • Чешлање на влажна коса со обичен чешел

  • Силни шампони и производи на алкохол.

Нежно расчешлување на густа коса за спречување оштетување и намалување на кршливоста.

Природни домашни рецепти кои помагаат во поправка на сува коса 

За природен пристап кон косата:

  • Маска со јајце и маслиново масло (протеин + хидратација)

  • Банана + мед (сјај и мекост)

  • Јогурт со кокосово масло (нежност и еластичност)

  • Алое вера гел (влажност и свежина)

Овие третмани се одлични како дополнителна нега за сува коса која и треба поправка.

Решение за сува и кршлива коса

Кој е лекот за суво влакно: поправка за сува коса или поправка за кршлива коса?

Доаѓа до појава и дилема за суво влакно поради тоа што: сувата коса бара хидратација, додека кршливата коса бара протеинско зајакнување, поточно колаген.

Најдобра поправка на сува коса и кршливи влакна е да се комбинира длабинска хидратација за сува коса и структура - поправка со протеини на оштетените делови.  

Заклучок - косата може повторно да почне да блеска

Сува коса не е „лоша генетика“ туку повик за подобра нега на самата коса. Поправката на сувата коса се гради врз четири столба:

  1. Нежно миење со квалитетен шампон за оштетена коса

  2. Длабинска нега со маски, третман за оштетена коса и масла

  3. Концентрирани третмани како ампули за оштетена коса

  4. Исхрана богата со нутриенти и колаген

Со трпение, дисциплина и вистински избор на производи, косата повторно може да стане мека, блескава и полна со живот. 

Косата не бара совршенство, туку грижа, љубов и доследност. 

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk