Лице подготвува чаша вода со лимон и ѓумбир како природен начин за намалување на запек кај возрасни.

Што претставува запек кај возрасни?

Лице подготвува чаша вода со лимон и ѓумбир како природен начин за намалување на запек кај возрасни.

Запекот кај возрасните е многу честа состојба, тоа се случува кога празнењето на цревата е отежнато, нередовно или болно. Се смета за запек ако столицата е поретка од три пати неделно или ако постои чувство дека цревата не се целосно испразнети. 

Оваа состојба голем дел од времето се смета дека не е штетна и опасна, но значително може да го наруши секојдневието, да предизвикува подуеност, болка, запек и хемороиди. Добра вест е што запекот може да се реши и да се спречи со промени во навиките, како и исхраната.

Што предизвикува запек кај возрасни?

Причините за тврда столица кај возрасни можат да бидат предизвикани од различни фактори, но најчесно се поврзани со начинот на кој што живеете, се храните… 

Најчести причини за запек се:

  • Недоволно внес на вода

  • Дефицит на влакна во исхраната во текот на денот

  • Недоволно движење, поточно константно седење на едно место; одложување на потребата за празнење

  • Стрес и притисок

  • промени во секојдневието, местото на живеење или престој и сл.

Често знаат да влијаат и одредени лекови кои што можат да предизвикаат тврда столица. Цревата имаат потреба од влага и движење, па затоа кога тоа недостасува, столицата станува тврда при што се јавува запек.

Што да се испие за да те протера во тоалет? - природни лекови за тврда столица

Ова прашање е едно од почесто поставените прашања кога некој има запек.  

Ако чувствувате тежина или непријатност, постојат природни пијалоци што би можеле да ви помогнат за полесно празнење на токсичната и непотребната храна од вашиот дигестивен систем. 

Некои од пијалоците што може да се искористат за да се протера во тоалет, но без употреба на силни лаксативи се: 

  • Топла вода со лимон - се пие на празен стомак, најдобро е наутро. Помага во стимулирањето на варењето, подобрувањето на работата на цревата и детоксикацијата. 

  • Маслиново масло со лимон - ја омекнува столицата и ја поттикнува работата на цревата

  • Чај од камилица или слива - тоа е благ природен лаксатив 

  • Суви сливи - поттикнуваат побрза работа на цревата                               

Пробиотик за запек                                                                                                        

Редовното пиење на вода и природни чаеви во текот на денот значително го подобруваат варењето и го спречуваат повторното појавување на запек.

💡СОВЕТ: Избегнувајте газирани пијалоци, сокови и кафе во преголеми количини, тие ја дехидрираат дегестивната флора. 

Исто така одбегнувајте ја комбинацијата кафе и цигара - тоа прави поголеми оштетувања како и дигестивниот систем, така и  на останатите системи во организмот. 

Тегла со кисела зелка подготвена за јадење, позната како природна храна што помага при запек кај возрасни.

Природни лекови за тврда столица

Кога запекот е благ или среден, најдобро е најпрво да се испробаат неколку природни лекови за тврда столица:

1. Суви сливи или компот од сливи 

Во нив има природен шеќер што ја омекнува столицата.    

2. Ленено семе

Богато со влакна и омега-3 масти, може да се пие растворено во јогурт, да се остави во вода преку ноќ и да се пие наутро или да се испие со млеко.

3. Чиа семе

Кога чија семето стои во вода или млеко истото набабрува, изгледа како гел, тоа е всушност природен гел за омекнување на столицата и забрзување на празнењето на непотребните материи.

4. Мед со топла вода

Комбинирање на мед заедно со топла вода е одличен начин да ги стимулирате стимулира цревата.

Помагање и предизвикувач

Сега ќе погледнеме која храна помага при запек, а која го предизвикува. 

Храна која помага при запек 

Овесни снегулки; свежо овошје, најмногу јаболка, круши и зрели банани; од страна на зеленчук зелена салата, брокула и моркови; интегрален ориз и кефир (пробиотик за запек)

Храна која прави запек

Бел леб и тестенини; сирење во големи количини; пржена и мрсна храна како и чоколада и слатки.

💡СОВЕТ: Комбинирајте свежо овошје со житарици за појадок - тоа е идеален доручек и добар почеток на денот. 

Решенија или лек за запек

Доколку природните решенија воопшто не помагнат со запекот, во тој случај за да не се добијат токсини во организмот од преголемо количество на измет, треба да се искористат и таблети за запек и лаксативи.

Приордно решение

Пред да предложиме хемиски решенија, имаме еден предлог на природна база. Природно и одлично решение е Vitaslim суплементот на Vitagen.

Овој вкусен прашок е се што ви треба за подобра флора во стомакот. Тој е одличен лек за запек кај возрасни, помага при дигестија, слабеење и незаситеноста. 

Таблети за запек 

Но тие таблети мора да се користат само привремено, не смеат да бидат секојдневна навика. Постојат неколку типови на таблети и тоа:

  1. Омекнувачи на столица - поблаги, тие се таблети кои се користат краткотрајно 

  2. Стимулативни лаксативи - делуваат брзо, но лесно создаваат зависност

  3. Таблети за тврда столица - се користат само со препорака на лекар.

Долготрајната употреба на таблети за запек може да ја оштети и оневозможи природната функција на цревата, секогаш пред употреба на таблети најпрво се пробува со природен лек, доколку истото не помага потребна е посета кај лекар.

Лек за запек кај деца

Доколку имате проблем со запек кај деца, го имаме решението и за вас. Кај децата најдобар пристап е со природни лекови: повеќе вода, овошје и зеленчук. Да не се под преголема физичка активност и да се избегнуваат таблети без совет од педијатар. 

Запек и хемороиди

Долготрајниот запек често води до појавување на хемороиди, напрегањето при празнење го зголемува притисокот во аналната област. 

Доколку сакате да избегнете влошување на ситуацијата треба: 

  • во никој случај да не го одложувате одењето во тоалет,

  • да пијате многу вода и да останете хидрирани, 

  • да јадете мека и лесна храна и да вежбате редовно!

Хемороидите можат да се спречат само ако варењето на храната е редовно. 

Како да го спречите запекот кај возрасни?

За најлесно спречување: пијте најмалку 2 литри вода дневно, јадете храна богата со влакна, движете се најмалку 30 минути дневно, одете во тоалет кога ќе почувствувате потреба, намалете го стресот, одржувајте редовен распоред на оброци. 

Овие чекори се најдобриот природен лек против запек.

Заклучок

Запекот кај возрасните е многу чест, но тоа е целосно решлив проблем. Најважното е да се делува навремено и да не се земаат таблети одма. 

Промената на исхраната, доволно внесување на вода и движењето се клучот за брзо и здраво варење на исхраната, како и правилно и лесно работење на дигестивниот систем во човековото тело. 

Доколку запекот трае повеќе од две недели, проследен е со болка, крв или губење на тежина, консултирајте се со лекар.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk