Лице стои на вага во бања, симболизирајќи практичен пристап кон слабеење без диета

Дали слабеење без диета е можно? 10 најдобри трикови

Лице стои на вага во бања, симболизирајќи практичен пристап кон слабеење без диета

Многу луѓе сакаат да ослабат, но без да следат строги диети кои бараат постојани ограничувања, глад или строга рутина. 

Добрата вест е дека слабеењето без класична диета е можно, се додека се прават мали, но доследни промени во навиките, кои со тек на време создаваат калориски дефицит и без да почувствувате дека сте на диета. 

Во оваа статија ви претставуваме 10 научно докажани начини како да слабеете без диета, и каде во тие навики може да помогнат додатоци како Vitaslim, кои го поддржуваат метаболизмот и контролата на апетитот. 

1. Внес на повеќе овошје и зеленчук

Разновидно свежо овошје, вклучувајќи ананас, цитруси, бобинки и киви, прикажано како здрав избор за слабеење без диета

Строга диета не е потребна доколку внесувате храна која што дава ситост. Тоа е основниот принцип на здрава исхрана за намалување на тежина

Овошјето и зеленчукот се нискокалорични, богати со растителни влакна и природно ве заситуваат.

Како помага ова?

  • Јадете повеќе храна, но со помалку калории

  • Се чувствувате сити подолго време

  • Ги намалувате грицките

Најдобро е да вметнувате барем по 2 порции зеленчук и 1 порција овошје во секој оброк секој ден. 

2. Пијте повеќе вода 

Хидратацијата е директно поврзана со контролата на апетитот. 

Совет: Добро е да се внеси вода во организмот пред јадење, со тоа не доаѓа до прејадување поради брза заситеност. 

Водата има ефект кон луѓето кои пијат вода пред оброк затоа што внесуваат 50 до 100 калории помалку. Најдобро е да испиете 250мл вода 30 минути пред оброк. 

Започни го денот со вода и лимон

Многу луѓе што бараат слабеење со вода го применуваат овој ритуал. Тоа го активира варењето на храната и го забрзува метаболизмот. 

Потребна е една чаша со млака вода, сок од еден лимон и тоа да се испие на празен стомак на утро. Тоа е најбрзиот и најевтиниот метаболитички бустер. 

3. Јадете побавно

Брзото јадење е еден од најголемите проблеми кои може да ги правите. На мозокот му се потребни 20 минути за да ја регистрира ситоста. Доколку јадете брзо, самиот мозок нема време да ја регистрира и доаѓа до прејадување. 

Целта на ова е оброкот да трае од 15 до 20 минути, затоа џвакајте побавно и одложете го приборот помеѓу залаци. 

4. Намалете ги шеќерите и засладените пијалаци

Дури и мала дневна количина калории од напитоци може да значи +5 килограми за една година. Затоа заменете ги газираните пијалоци со вода, зелен чај или лимонада без шеќер. 

5. Додај повеќе протеини во секој оброк 

Добро е кога јадете повеќе протеини, па и без да мерите калории. Протеините го одржуваат телото сито подолго време поточно природно го намалуваат апетитот и ве заситуваат. Тоа е клучно доколку не сакате строга диета без гладување

Такви протеини има во јајцата, грчкиот јогурт, урдата, во пилешкото или мисиркино месо, туна и други риби и во сојата, гравот и леќата. 

Најдобро е да додадете некаков вид на протеин во секој оброк во текот на денот, а особено во појадокот.  Колку повеќе внесени протеини, толку помал ризик од прејадување. 

6. Спијте доволно

Доколку не спиете доволно може да се зголеми апетитот. Луѓето кои спијат само по 6 часа дневно имаат повисоки нивоа на грелин, хормонот за глад поради тоа што не добиваат доволно енергија од сон, па го бараат недостатокот во внес на повеќе храна. 

Најдобро за да немате таков проблем е да поставите рутина за легнување и будење во исто време секој ден. 

7. Зголемете ја дневната активност

Маж трча покрај плажа во утринска атмосфера, прикажувајќи активен начин на живот и природна поддршка за слабеење без диета

Кога се зборува за зголемување на дневната активност, тоа не е само со тренинг.  Слабеењето без диета најчесто се случува преку потрошените калории во текот на денот. 

За постигнување на тоа би помагало:

  • 20 до 30 минути брзо одење

  • Користење на скали наместо лифт

  • Кратки 3 минутни растегања на секој час во текот на денот. 

8. Јадете храна богата со растителни влакна

Влакната се клучни за варењето и за ситоста во човечкиот организам и ја подобруваат дигестијата

Храна која содржи влакна:

  • Овес

  • Црн леб 

  • Интегрална паста

  • Грав, грашок и леќа

  • Јаболка и круши 

9. Пијте зелен чај или топла вода со лимон

Зелениот чај природно го забрзува метаболизмот, штити од дуење на стомакот и го заситува самиот организам. Најдобро е да се пие по една до две чаши чај дневно, доколку сте во можност претпладне. 

10. Размислете за поддршка со природни суплементи

Иако слабеењето без диета е можно, понекогаш апетитот, гладот, метаболизмот или нашата средина се пречка за истото. Во такви случаи најдобро е внимателно да изберете природни додатоци кои може да дадат дополнителна поддршка во слабеењето. 

Vitaslim е популарна поддршка за слабеење бидејќи ги комбинира растителните екстракти кои: 

  • Го намалуваат апетитот и даваат контрола на истиот

  • Го забрзуваат метаболизмот

  • Го поддржуваат варењето на храната

  • Се грижат за зголемување на енергијата 

Ваквите суплементи не треба заменуваат исхрана, но може да се користат како алатка ако секојдневно се трудите да го намалите внесот на калории без некои престроги диети. 

Vitaslim е додаток кој може да ви помогне за побрзи резултати. 

СОВЕТ: направете си правило кое ќе гласи „вечера без тешка храна“, ова нема да значи диета, само мала коректија на исхраната

За вечера најдобро е да вечерате: супа, салата, омлет, туна и друго. Треба да одбегнувате: леб, тестенини, компири или брза храна. Ова е еден од најбрзите начини за да се забележат резултати. 

Малите замени се поважни од строгите правила

За оние кои бараат како да ослабам 30кг без да бидам на диета ова е одличен трик. Правете замена на пример:

  • Замени го лебот со интегрален леб или без леб

  • Замени го сокот со вода

  • Замени ја пржената храна со печена

  • Замени го чоколадото со овошје или какао

  • Замени го мајонезот со јогурт

Со овие мали промени можеш да изгубиш неколку килории месечно без воопшто да се трудиш. 

Психологија на јадење: јади од помала чинија

Ова може да ви звучи смешно, но неколку студии докажуваат дека кога јадеме од помала чинија, визуелно чувството е како порцијата да е поголема, тајната најчесто е во мозокот а не во калориите.

Што да јадам за да ослабам?

Правилото за  „што да јадам за да ослабам“ значи да се направи ориентациски дневен план за исхрана. На пример што ќе јадете за доручек, ручек и вечера. Колку протеини и колку калории треба да внесите и како ќе го постигнете сето тоа. 

Заклучок

Слабеењето без диета е целосно возможно, но треба да се променат некои навики и да се прават паметни избори кои нема да бидат строго забранети. 

Клучот е во малите промени на навиките како што се: побавно јадење, повеќе протеини, здрави замени, внес на вода, минимално движење и добар избор на храна. 

Суплементите како Vitaslim можат да бидат корисна поддршка, но основата секогаш е начинот на кој што се храниме и како изгледа нашата секојдневна рутина. 

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk