Тежината е се почест проблем во денешницата. Со секоја нова година бројот на луѓе со прекумерна тежина се зголемува.
Слабеењето не е лесно, но на почетокот тоа личи потешко од што е. Постојат разни диети, вежби, планови и тешко е да се најде идеалниот план за слабеење кој вас ви одговара.
Ќе се посветиме на диетата со вода, како се прави, која е целта и дали функционира.
Зошто водата е важна за слабеење
Човечкото тело е најмногу составено од вода, па и според тоа водата има централна улога во скоро сите процеси во организмот. Водата помага при варење, ја регулира температурата и го подржува преносот на хранливи материи.
Во осврт на слабеењето водата е многу корисна бидејќи таа го поттикнува метаболизмот, што значи дека вашето тело ќе согорува повеќе калории.
Водата го намалува апетитот и поддржува правилна работа на мускулите.
Чекор 1: Започнете го денот со чаша вода
Клучно е да се започне денот со барем една чаша вода. Водата ќе ви помогне да се расоните и вие и вашиот организам.
Кога ќе се напиете вода, таа му дава знак на телото да го подготви дигестивниот систем за новиот ден и го буди метаболизмот.
Пиење вода насабајле додатно може да го намали апетитот и да спречи прејадување на појадок.
Чекор 2: Заменете ги газираните и засладените пијалоци со вода
Ниту еден сок не може да ја ублажи жедта како водата. Секогаш кога чувствувате жед телото ви бара вода, но најчесто од стрвост ние му даваме сок.
Сокот не само што нема да ја згаси жедта туку и содржи калории и процесирани шеќери кои нема да ни помогнат да ослабеме.
Откажувањето на соковите исто ќе ви помогне подобро да го регулирате шеќерот во крвта.
Чекор 3: Пијте вода пред секој оброк
Ова е најдобриот трик за да го излажете телото дека сте сити.
Пред јадење пијте 2 чаши вода кои ќе го наполнат желудникот и ќе напраат побрзо да се чувствувате најадени и да не се прејадете.
Истражувањата велат дека овој трик помага да ја намалите конзумацијата на храна за дури 20%.

Чекор 4: Вода со лимон или краставица за дополнителен ефект
Нивото на дехидрираност не се случува само кога не пиете вода, туку кога на вашете тело му недостасуваат електролити.
Тие најчесто ги внесуваме преку вода и храна но бидејќи водата од чешма често нема премногу електролити постои можноста да ги немаме сите потребни електролити.
Затоа е убава опција да се комбинира водата со лимон или пак краставица со цел да внесеме некои здрави материи покрај водата. Кога додаваме лимон во водата ние внесуваме витамин ц и антиоксидани.
Водата ќе има освежителен вкус а и лимонската вода може да го поттикне варењето и да го намачи чувството на надуеност.
Краставицата е преполна со минерали и електролити и кога би ја искомбинирале со вода вашата хидратација ќе е многу подобра. Оваа комбинација е особено добра во летниот период.
Чекор 5: Следете ја количината вода што ја пиете
Најголемиот дел од луѓето не пијат доволно вода дневно, препораката е од 8-10 чаши дневно но тоа зависи од многу фактори.
Тежината, активноста па и климата се фактори кои ја менуваат таа бројка. Нормално при топло време количината на вода која треба да се пие е поголема. Исто така многу луѓе забораваат да пијат вода почесто, но за тоа има трикови кои многу ќе ви помогнат.
Секогаш носете шише вода на местото каде што поминувате подолго време, дали тоа е работа, дома или пак надвор, шишето мора да ви биде на дофат на рака. Кога имате вода на дофат на рака нема да приметите колку брзо ќе испиете толку вода.
Користете шише на кое му ја знаете големината за полесно да може да измерите дали внесувате доволно вода. Исто така пијте вода кога и да имате физичка активност, бидејќи телото тогаш пребрзо ја одстранува водата.
Чекор 6: Комбинирајте вода со Vitaslim и физичка активност
Користењете на суплементи е одличен начин да имате подобра дигестија а притоа да не внесувате калории.
Природниот напиток Vitaslim ќе ви помогне да ги намалите килограмите а притоа да уживате во освежителниот вкус на јаболко.
Овој напиток се раствара во чаша вода и се пие вообичаено околу 30 минути преј оброк или тренинг.Така ќе ја зголемите енергијата а и ќе внесете помалку калории при јадење.
Слабеење без диета или без физичка активност ќе биде помалку ефективно од комбинација на двете. Комбинацијата на Vitaslim со физичка активност и вода ви помага да согорите масти а и да закрепнете побрзо после физичка активност.

Често поставувани прашања
Дали слабеење со вода функционира?
Да, пиењето вода го забрзува процесот на слабеење.
Водата го забрзува метаболизмот, го намалува апетитот и придонесува за поефикасно согорување калории. Сепак, подобри резултати се постигнуваат кога хидратацијата се комбинира со здрава исхрана за слабеење и редовна физичка активност.
Како да ослабам 10 килограми со вода?
За да се изгубат 10 килограми, водата може да се користи како стратегија за подобро управување со телото и навиките. Редовното пиење вода помага во одржување на стабилна енергија во текот на денот, што ја намалува потребата за дополнителни ужини.
Исто така ја поддржува правилната работа на црниот дроб и бубрезите, кои имаат улога во разградувањето и елиминирањето на мастите.
Дали диета со вода е здраво за телото?
Целосна „диета со вода“ (каде се пие само вода без храна) не е здрава и не се препорачува бидејќи може да доведе до недостиг на хранливи материи, слабост и нарушување на здравјето.
Но, вклучување на повеќе вода во исхраната како замена за засладени пијалоци и како поддршка на варењето е безбедно, здраво и корисно.