Лице користи глукометар опкружено со шеќерни коцки, визуелно поврзано со ризик од шеќерна болест.

Симптоми на шеќерна болест: рани знаци на диабетес

Лице користи глукометар опкружено со шеќерни коцки, визуелно поврзано со ризик од шеќерна болест.

Шеќерната болест е се повеќе застапена во денешницата. 

Новиот начин на живот, брзата храна и други фактори ја прават се почеста во денешницата. Милиони луѓе живеат со дијабетес а многумина не ни знаат дека го имаат.

Многу од симптомите на дијабетес се појавуваат постепено и се занемаруваат. Но колку порано се препознаат толку поголеми се шансите болеста да се држи под контрола и да се избегнат сериозни последици.

Што е шеќерна болест (дијабетес)?

Дијабетес мелитус, познат како шеќерна болест не е едноставно „премногу шеќер во крвта“, малце е покомплицирано од тоа.

Едноставно тоа е нарушување на метаболизмот на глукозата (шеќер) кој е главен извор на енергија во телото. Дијабетесот се појавува кога телото не произведува доволно инсулин кој пак го разградува шеќерот во телото.

Кратко објаснување на дијабетесот

Инсулинот е одговорен за тоа шеќерот од храната да влезе во клетките и да се користи за енергија. Без него шеќерот останува во крвта и со тек на време почнува да ги оштетува крвните садови и органите.

Типови на дијабетес

Постојат три главни типа.

Дијабетес тип 1 кој е доста редок и се смета за автоимуна болест и најчесто се појавува во детството. Тука телото не произведува инсулин уште од рана возраст.

Најчестиот е дијабетес тип 2 каде што потекнува од неправилна исхрана, дебелина и немање физичка активност.

И гестацискиот дијабетес кој се појавува за време на бременост и најчесто исчезнува по породувањето. Појавувањето на скриен шеќер во бременост го зголемува ризикот за појавување на дијабетес тип 2 понатака во животот.

Зошто е важно навремено да се препознае дијабетесот?

Важно е да се препознае бидејќи постојат многу луѓе кои имаат дијабетес но не знаат. Тоа значи дека истиот не го третираат и дијабетесот ги оштетува органите со тек на време.

Последици од нелекуван дијабетес

Доколку не се третира дијабетесот телото се доведува до оштетување како пример оштетување на срцето, бубрезите, видот и нервите.

Во доцни фази може да се појави потполно слепило, проблеми со циркулација и дијабетичка невропатија. Во дијабетичка невропатија се оштетуваат нервите на екстремитетите што значи дека може да се појават болки.

Придобивки од рана дијагноза и контрола на шеќерот

Иако дијабетесот не се лечи целосно, со него може да се живее. 

Со навремена дијагноза, терапија и правилна исхрана лицето може да живее здрав, нормален и активен живот. Контролата на шеќерот ја намалува веројатноста за компликации.

Рани симптоми на дијебетес

Многу често раните симптоми на дијабетес се припишуваат на замор, стареење или пак стрес. 

Но токму тие се првите предупредувања дека нешто не е во ред. Нештата како заморот дури и после одмор се симптоми на дијабетес. Високото ниво на шеќер исто предизвикува промени во течностите на очите што води до замаглен вид.

Иако може во крвта да имаме висок шеќер ако телото не може да го преработи тогаш повторно ќе се чувствуваме гладни. 

Според компарација на табела за шеќер во крвта горна граница на шеќер во крвта на гладно кај здрави лица е до 5.6 mmol/L. Сè над тоа може да укажува на предијабетес или дијабетес.

Исто така скриен шеќер симптоми се и прекумерната жед и честото уринирање, споро зараснување на рани и неочекувано слабеење и дебелеење.

Дали се разликуваат симптомите кај мажите и жените?

 Генерално нема големи разлики само што некои симптоми се поизразени кај мажи други кај жените.

Кај мажите може и да се појави еректилна дисфункција, намалено либидо и губење тежина и мускулна маса. Додека кај жените почести се уринарните и габичните инфекции заедно со проблеми со кожата и неправилни менструални циклуси.

Мерење на шеќер во крвта со уред, прикажано како дел од контрола на шеќерна болест.

Кога да направите тест за шеќер во крвта

Ако се сомневате или забележите некои од горенаведените симптоми треба да напривте тест. Тоа е едноставен тест кој ќе ви даде јасна слика за состојбата.

Ризични групи на луѓе

Лица со прекумерна тежина, висок притисок, семејна историја на дијабетес и жени кои имале гестациски дијабетес се во доста поголем ризик.

Како се испитува скриен шеќер 

Најчесто се прави тестот на гладно или пак може да направите тест за HbA1c кој ќе ви го покаже просечното ниво на шеќер во последните три месеци.

Како да се намали шеќер во крвта

Дијабетесот може да се спречи и да се контролира со одредени правилни навики.

Ова не е збор за краткорочна диета туку за трајна промена на животните навики.

Промени во исхраната и животниот стил

Јадете повеќе овошје и зеленчук а избегнувајте го преработениот шеќер и заситените масти кои може да зголемат холестерол.

Доколку вашето тело бара шеќер дај те му здрави извори на истиот со цел да го контролирате шеќерот во крвта. Добра опција е да се користат и суплементи во исхраната како нашиот Vitaslim или да практикувате здрава диета.

Избегнувајте го алкохолот затоа што содржи многу јаглехидрати и пробајте да намалите со пушењето на цигари и други никотински уреди.

Витаслим како одличен суплемент што помага при справување со шеќерната болест.

 

Физичка активност и намалување на стресот

Физичката активност е добар начин да го засилите вашиот организам и да го регулирате шеќерот во крвта.

Редовната активност помага да се намали резистентноста на телото од инсулин и да се регулираат падовите на енергија во текот на денот. Стресот е исто огромен фактор и доколку постои ризик од дијабетес избегнувајте адреналински спортови и активности.

Редовни контроли и консултација со лекар

Доколку веќе имате дијабетес клучно е да вршите контроли постојано со цел да знаете колку е нивото на шеќер во крвта.

Консултирајте се со лекари со цел успешно да се борите со дијабетесот и да бидете здрави. Редовното следење на шеќерот и консултациите со ендокринолог се најдобрата заштита од компликации.

Заклучок

Дијабетесот е состојба која може значително да влијае на квалитетот на животот, но со навремено препознавање и правилна контрола може успешно да се држи под контрола.

Првите симптоми често се тивки, па затоа е важно редовно да се проверува нивото на шеќер во крвта, особено ако постојат ризик-фактори. Промените во исхраната, физичката активност и избегнувањето на стресот играат клучна улога во превенцијата. 

Со редовни лекарски контроли и свесност, можеш да го одржуваш организмот здрав и стабилен. Дијабетесот не е пресуда, туку потсетник дека здравјето зависи од секојдневните избори.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk