Холестеролот се повеќе се спомнува во денешницата.
Често може да се најдат диети кои избегнуваат холестерол, совети како да се намали холестерол и слично.
Но вистина е дека телото не може да функционира без холестерол.
Самиот проблем не е во холесторолот туку во неговата количина и рамнотежа.
Премногу „лош“ холестерол предизвикува срцеви болести додека „добриот“ холестерол го чува телото.
Во овој текст ќе дознаеме што точно е холестерол, како се мери и како природно да го држиме во контрола.
Што е холестерол и зошто е непходен?
Многу често холестеролот се претставува како непријател на телото кој по секоја цена треба да се одстрани.
Холестеролот не само што не треба да се одстрани од телото, туку тој е од клучна важност.

Основна улога
Факт е дека холестеролот е вид маст (липид) кој го има во сите клетки во телото.
Холестеролот учествува во создавање на хормони, витамин Д и супстанци кои помагаат при варење на масти.
Без холестеролот многу телесни функции не би можеле нормално да се одвиваат.
Извори на холестерол
Холестеролот телото го добива на два начина.
Првиот начин е внатрешен односно ендоген каде што го создава црниот дроб.
Црниот дроб е одговорен за 3 четвртини од целокупниот холестерол во телото.
Другиот начин е надворешен или екзоген кој го внесуваме преку исхраната. Најмногу доаѓа од месото, јајцата или пак млечните производи.
Видови на холестерол
Најчесто заблудата за холестеролот доаѓа од тоа дека постојат два типа на холестерол. Овие два типа имаат спротивни ефекти врз здравјето и често се ставаат во ист кош.
Ајде да видиме какви видови на холестерол постојат.
Добар холестерол (HDL)
HDL (High-Density Lipoprotein) е познат како добар холестерол.
Овој холестерол работи така што го собира вишокот холестерол од крвта и го носи до црниот дроб каде што тој се одстранува.
Затоа HDL холестерол се смета дека го штити срцето и организмот.
Лош холестерол (LDL)
LDL (Low-Density Lipoprotein) е „лошиот“ холестерол кој му штети на организмот.
Овој холестерол се таложи на ѕидовите на крвните садови со што се намалува протокот на крв.
Со тек на време ова може да доведе до срцев или пак мозочен удар.
Триглицериди и нивната улога
Иако триглицеридите не се вид на холестерол, тие се уште еден тип на липиди кои се складираат во телото.
Кога овие масти се во голема количина заедно со LDL холестеролот го зголемуваат ризикот од срцеви болести.
Како се мери холестеролот?
Холестеролот се мери преку крвта така што се извршува липиден профил на крвта каде што се добива информации за мастите во крвта.
На овој тест се добиваат четири вредности:
-
Вкупен холестерол
-
HDL (добар)
-
LDL (лош)
-
Триглицериди
Нивни оптимални вредности се:
-
Вкупен холестерол: под 200 mg/dL
-
LDL: под 100 mg/dL
-
HDL: над 40 mg/dL за мажи, над 50 mg/dL за жени
-
Триглицериди: под 150 mg/dL
Се над овие холестерол вредности мк покажува на повишено ниво на холестерол. Над 240 mg/dL е веќе ризично кога се зборува за вкупниот холестерол.
За LDL холестерол над 160 mg/dL, а за HDL под 40 mg/dL, додека кај триглицеридете над 200 mg/dL е штетно.
Колку често да го проверуваме холестеролот?
Луѓето со добро здравје треба да го проверуваат холестеролот на две до три години.
Но ако имате семејна историја на срцеви заболувања, проблеми со притисок или пак дијабетес (шеќерна болест), битно е тестирањето да биде почесто.
Причини за висок холестерол
Постојат повеќе фактори кои придонесуваат кон висок холестерол, се од наследност па до начин на живот.
Генетиката е голем фактор и постојат луѓе кои имаат предиспозиции за висок холестерол. Оваа група на луѓе треба повеќе да внимаваат и почесто да се проверуваат.
Исхраната е исто голем проблем бидејќи храната која е се почесто застапена е преполна со масти и холестерол.
Пример за тоа е лоша диета базирана на брза храна и општо пржената храна. Сепак има можност да се навикнете на здрава диета.
Исто така седечкиот начин на живот е фактор кој придонесува кон висок холестерол.
Пушењето и алкохолот директно го влошуваат балансот на масти во телото.
Возраста и хормоните се исто клучен фактор бидејќи со годините црниот дроб станува се помалку ефективен во обработка на мастите.

Висок холестерол симптоми
Најстрашното кај холестеролот е тоа што е таканаречен „тивок убиец“ бидејќе нема очигледни симптоми.
Кога имате холестерол висок не предизвикува болка или некои видливи промени. Најдобриот начин да се провери е со тест на крвта.
Слаба циркулација во екстремитетите е еден вид на симптом но со тоа не може точно да се определи дали е од висок холестерол.
Како да се намали холестеролот природно
Доброто нешто е тоа што постојат повеќе начини холестеролот да се намали природно.
Лошото е што потребно е да ги промениме повеќето од навиките. Сите знаеме дека е тешко да се откажеме од нешто што го правиме често.
Но битно е да се разбере дека високиот холестерол е вистински проблем и дека мора да се работи на случајот.
Еве неколку начини да го намалиме холестеролот.
Промени во исхраната
Постојат многу диети и прирачници за тоа како да ги намалиме заситените и транс масти во исхраната.
На интернет може да се најдат многу рецепти кои се добра замена за јадењата кои ги обожаваме.
Убаво е да се јаде повеќе овошја и зеленчуци како и мешунки и риба, генерално треба да се фокусираме на здрава исхрана.
Може и да го користите нашиот продукт Vitaslim кој ќе ви даде се што му треба на телото но нема да го зголеми холестеролот.
Физичка активност
Имањето на физичка активност макар и половина час на ден го намалува ризикот од срцеви болести и холестерол повишен за значителен процент.
Најдете некоја активност која вам ви е интересна и за која имате волја и време да ја правите.
Медикаментозен третман
Понекогаш и покрај сите напори холестеролот ни останува висок.
Тогаш останува само едно решение а тоа е медицинската помош.
Доколку природните методи не се доволни лекарот може да препише лек за холестерол во крвта. Овие третмани треба да се користат само по препорака на лекар.
Превенција
За да не се доведеме до стадиум каде што единствен лек ни е медицинска помош, битно е високиот холестерол да се превенира.
Постојат неколку совети кои помагаат да го намалиме нивото на LDL холестерол во крвта.
Како што напоменавме исхраната и физичката активност се примарен начин но откажувањето на алкохолот и цигарите е исто добар совет.
Одржувањето на нормална телесна тежина е исто добар начин, но најдобро е почесто да правиме контроли на крвта за да знаеме кое ни е нивото на холестерол со цел да не ги надмине границите.
Заклучок
Холестеролот не треба да се гледа како непријател, туку како предупредување за рамнотежа.
Важно е да се знае дека не мора да се елиминира, туку само да се држи под контрола.
Со здрава исхрана, физичка активност и редовни проверки можеш да го заштитиш срцето и да живееш подолг, поздрав живот.