Нормално ниво на шеќер во крвта? 16 знаци на дијабетес

Нормално ниво на шеќер во крвта? 16 знаци на дијабетес

Нормално ниво на шеќер во крвта? 16 знаци на дијабетес

Кога зборуваме за нивото на „шеќер во крвта“ мислиме на нивото на гликоза. Таа претставува главниот енергетски извор за човекот. 

За нормално функционирање потребно е нивото на гликозата да го одржиме во нормалните граници. 

Секоја девијација од нормалното ниво може да е проследена со тешки здравствени проблеми меѓу кои и најсериозен е и равојот на шеќерна болест исто позната како дијабетес - хронично заболување асоцирано со неадеквантност на панкреасот.

Препознавањето на раните симптоми и следењето на нивото на шеќерот односно гликемијата е од голема важност за навремено преземање мерки и превенција од посериозни последици.

Тип на мерење Нормални вредности Што значат
Шеќер на гладно (фастинг) 3.9 – 5.5 mmol/L Нормално ниво кај здрава индивидуа
2 часа по јадење До 7.8 mmol/L Очекувано покачување по оброк
HbA1c (3-месечен просек) До 5.7% Нормален долг период без дијабетес
HbA1c – предијабетес 5.7% – 6.4% Зголемен ризик за развој на дијабетес
HbA1c – дијабетес Над 6.5% Веќе развиена шеќерна болест

Нормално ниво на шеќер во крвта

Нивото на шеќер не е константно и често варира во текот на денот во зависност од исхраната, физичка активност и општото здравје. Мерката за нивото на гликоза е милимоли на литар или mmol/L.

  • На празен стомак односно при гладување се движи помеѓу 3.9 - 5.5 mmol/L.

  • Два часа по земање на храна достигнува до 7.8 mmol/L кај здрава иднивидуа.

Гликозата во организамот како што веќе рековме се транспортира преку крвта. Во крвта таа се пренесува преку хемоглобинот во црвените крвни клетки. 

Ова е значајно за следењето на дијабетесот на подолги периоди. Хемоглобинот кој ја пренесува гликозата се запичшува како HbA1c.

Во нормални услови кај личност која не пати од некое заболување процентот на овој гликолизиран хемоглобин или хемоглобин со шеќер не треба да надминува 5.7% за тримесечен период.

Кога е меѓу 5.7 и 6.4% тоа се означува како предијабетична состојба. Ниво над 6.5% се смета за состојба со веќе развиена шеќерна болест.

16 знаци кои укажуваат на дијабетес

Многу луѓе со тип 2 дијабетес долго време живеат со болеста без да дознаат дека ја имаат. Битно е да се препознаат раните симптоми и знаци што ги дава организамот за понатамошно справување со болеста.

  1. Често мокрење (полиурија)

  2. Зголемена жед (полидипсија)

  3. Постојана глад (полифагија) - овие 3 симптома се сметаат како главна трифекта за препознавање на дијабетот

  4. Необјаснето слабеење

  5. Замор и слабост

  6. Заматен вид (ретинопатија)

  7. Чести инфекции - уринарни, кожни, габични.

  8. Споро зараснување на рани

  9. Сува уста и кожа

  10. Чувство како да ве лазат мравки или пецкање во рацете и нозете (периферна невропатија)

  11. Промени во расположението

  12. Главоболка

  13. Губење концентрација

  14. Темни дамки на кожата

  15. Намалена сексуална функција

  16. Ослабен имунитет

Доколку забалежите некој или повеќе од овие симптоми препорачливо е да направите лабараториска проверка на гликемијата.

Први чекори за контрола на шеќерот во крвта

Контролата на шеќерот е комбинација од правилна исхрана, физичка активност и предовно следење. Еве неколку навики кои ги препорачуваме:

  • Балансирана исхрана богата со зеленчук, интегрални житарки и протеини.

  • Намалување на внес на брза храна и храна богата со јаглехидрати и намален внес на газирани и засладени пијалоци.

  • Vitaslim суплементи за дијабет - природен додаток кој може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на метаболизмот. Добра прва дополнителна мерка заедно со здравата исхрана.

  • Внесување на доволно вода во текот на денот.

  • Редовна умерена физичка активност (брзо одење, пливање, возење велосипед).

  • Некои чаеви покажале добри резултати во борбата со хипергликемија - зголемено ниво на гликоза во крвта меѓу кои се чаеви од цимет, жалфија, глуварче и зелен чај.

Ризик фактори за развој на шеќерна болест

Некои луѓе се поподлежни за развој на дијабетот.

  • Генетска предизпозиција игра голема улога во развојот на оваа болест.

  • Прекумерна тежина и дебелина

  • Седечки начин на живот

  • Нездрава исхрана

  • Возраст над 45 години

  • Можна е појава на гестациски дијабет односно дијабет при бременост

Кога да се обратите на лекар

Секогаш кога ќе забележите повеќе симптоми од горната листа или ако имате семејна историја на дијабетес потребно е да направите лабараториска проверка.

Лекарот може да ви предложи тест за гликоза во плазма, орален глукозо-толерантен тест - OPTT, HbA1c тест.

Последни зборови

Нормалното ниво на шеќер е клучно за здравјето на организмот. Симптомите на дијабетес често се развиваат незабележливо, но телото нè преддупредува.

Редовната контрола, балансираната исхрана и активниот животен стил се најдобрите начини за превенција. 

Дополнители Слимис суплементите можат да бидат корисна поддршка за регулирање на шеќерот и одржување на здрав метаболизам.

Најбитно е - колку порано ќе ги познаеме симптомите и преземеме мерки, толку подобро ќе биде и нашето здравје.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk