Запек при патување

Што предизвикува запек кога патуваме?

Запек при патување

Патувањата и одморите секогаш носат нови возбудливи моменти како нови дестинации, вкусови и луѓе. Но, покрај овие убави моменти, често заедно со нас носиме и еден несакан „сопатник“ - запекот. 

Промените во секојдневната рутина, намалената активност, дехидратација и новата исхрана се само дел од промените кои ја предизвикуваат оваа непријатна состојба. Во овој текст ќе објасниме зошто се јавува овој проблем и како може лесно да се спречи.

Промени во дневната рутина

Човекот по природа е суштество од навика и редовност. Во домашни услови најчесто имаме рутина била таа свесна или несвесна. Ние во одредено време се будиме, кога јадеме, пиеме кафе, па дури и кога одиме во тоалет.

Нарушен биолошки ритам

За време на нашите патувања овој распоред е нарушен - времето на будење е различно - дали порано или подоцна, оброците ни се во различен период на денот, секојдневните активности и заедно со нив се одложува и потребата за одење во тоалет

Овие промени им прават забуна на цревата и цревната перисталтика и често резултираат со запек.

Недостаток на движење и активност

Долгото седење и мирување за време на патувањата со автомобил, автобус или авион ја забавува активноста на цревата.

Нормалната работа на цревата е можна благодарение на движењето на мускулите кои стимулираат движење и празнење на гастроинтестиналниот тракт.

Дехиратација

Водата е неопходна не само за добро варење туку и за општото здравје на личноста.

За време на патувања често пиеме помалку вода - дали заради ограничениот пристап, квалитетот на достапната вода или само заради фактот што сакаме да избегнеме често користење на тоалетот.

Воздухот во авионите исто така е доста посув од воздухот на кој сме навикнати што ја забрзува дехидратацијата. Недостатокот на течности ја прави столицата потврда и потешка за исфрлање.

Промени во исхраната

Со патувањата често се запознаваме со нови култури, а со тоа и нови кулинарски искуства. 

Замената на домашно подготвената храна која е богата со зеленчук и со тоа и растителни влакна со брза храна или странски специјалитети најчесто богати со масти кои ја успоруваат цревната работа.

Прехранбени продукти кои често предизвикуваат запек:

  • Бел леб и житарици

  • Сирење и млечни производи

  • Брза храна и прженици

  • Црвено месо

  • Високи дози на кофеин

Недостаток на растителни влакна

Растителните влакна се „гориво“ за цревата. Кога недостасуваат во исхраната столицата станува потврда, а со тоа и потешка за исфрлање.

Заради оваа нелагодност за одење во тоалет доаѓа до нередовно празнење. Оваа комбинација претставува чест рецепт за појава на запек. За справување со запекот во исхранта треба да додадеме некои од следниве производи:

  • Овошје бофато со влакна - тука спаѓаат сувите сливи кои се природен лаксатив заради присуството на сорбитол во нив.

  • Зеленчук (брокула, спанаќ, моркови, тиквички)

  • Мешункасти плодови.

  • Ферментирани намирници - пробиотски јогурт, кефир, кисела зелка.

Психички фактори што предизвикуваа запек кога патувате

Маж држи рака на стомак поради непријатност, визуелно поврзано со прашањето зошто имам запек кога патувам

Дигестивниот систем е во тесна врска со нервниот односно со психичката состојба. Возбудата околу патувањата, како и стресот поврзан со организирање на престојот можат да влијаат врз нормалниот ритам на цревата.

Дел од стресто отпаѓа и на нелагодноста при користење на јавен тоалет - во авион, бензинска пумпа, дури и при престој во хотел или апартман. Намерното одбегнување на природните протреби може да доведе до дополнителни проблеми со тврда столица.

Лекови и додатоци

Многу патници за време на патувањата земаат лекови кои секундарен несакан ефект е запекот. Во оваа група спаѓаат:

  • Лекови против болка (опиоди, некои нестероидни анти-инфламаторни лекови или НСАИЛ)

  • Железо во таблети

  • Лекови против алергии - антихистаминици како што е лоратадиниот.

Сите овие ја забавуваат цревната работа.

Запек и хемороиди

Овие две состојби често одат заедно и се поврзани заради неколку причини. Напнавувањето при празнење кое го зголемува притисокот во вените одговорни за појава на хемороидите.

Задржување на столицата - колку подолго останува во дебелото црево толку повеќе се губи вода, а со тоа станува и столицата потврда. Оштетување на анусот при исфрлање на цревната содржина. Лекувањето на хемороидите е поврзано со лекувањето на запекот.

Како да се спречи запек при патување

Добрата вест е дека со неколку едноставни навики можеме значително да го намалиме ризикот поврзан со оваа состојба.

  • Внес на доволна количина вода

  • Имплементирање на поголема количина растителни влакна во исхраната

  • Движете се почесто

  • Опуштете се - дајте му време на телото и избегнувачте свесно задржување.

  • Планирајте го внесот на лекови - доколку некој лек ви предизвикува запек консултирјте се со лекар за други алтернативи.

  • Користете Vitaslim од Vitagen.

Заклучок

Запекот при патување е чест и нормален проблем кој се јавува како резултат на комбинација на повеќе фактори: промена на рутина, недостаток на движење, дехидратација, поинаква исхрана и психолочки влијанија.

Најчесто се работи за привремена состојба што може да се ублажи со едноставни превентивни мерки односно поголем внес на течности и растителни влакна во исхраната. Доколку сепак проблемот трае, тогаш е потребна конуслтација со лекар или некое здравствено лице.

Со мала подготовка можете да патувате без непријатниости и целосно да се препуштите на патувањата и авантурите кои следат со нив.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk