Жена што јаде здрава храна во кујна како дел од исхрана за slabeenje na stomak

Слабеење на стомак: 6 ефикасни совети

Жена што јаде здрава храна во кујна како дел од исхрана за slabeenje na stomak

Стомакот е дел од телото каде прво се собираат масти при суфицит на калории а пак тие масти се топат последни. И при здрав и активен живот многумина од нас патат од виснат стомак.

Често пати слабеењето на стомак личи беспомошно но постои начин слабеењето да биде успешно. Во продолжение ќе разгледаме шест совети кои ќе ви помогнат да го намалите стомакот.

6. Фокус на исхраната

Исхраната е број еден фактор при слабеење. Важно е да се стави фокус на јадење на свежи и нискокалорични намирници кои го забрзуваат метаболизмот.

Користејки свежи зеленчуци како домат, зелка или краставица за слабеење помага при намалување на калорискиот внес во телото. Балансирање на продукти со протеини и здрави масти ви помага при слабеење на стомак.

Шарено свежо овошје и здрава храна подготвени како оброк за slabeenje na stomak

5. Внесување на течности

Иако генерално здравата храна содржи доста течности, дополнителната хидратација со вода е задолжителна. Внесувањето на вода помага на повеќе начини.

Кога внесувате вода вие го чистите дигестивниот систем и помагате на телото да ги филтрира штетните субстанци. Ако се борите со стрвост, пиењето на голема количина вода ќе го намали чувството на глад. Затоа пред јадење е убаво да се јаде нешто како супа со цел да ве засити а притоа да не внесете премногу калории.

4. Кардио вежби за горење масти

Кардио вежбите се најдобриот начин да изгорите голем број на калории и да намалите телесна тежина. Доброто нешто кај овие вежби е тоа што се многу разновидни и лесно е да најдете нешто што ви одговара.

Бидејќи кардиото само по себе е интензивно и често тешко, најдете некоја активност која ви се допаѓа и ви е интересна. Не секого го исполнува трчањето или возењето точак. Испробувајте разни активности кои мислите дека ќе ви се допаднат додека не најдете активност која ви одговара.

3. Краткорочни диети

Често може да се видат на интернет диети кои ветуваат предобри резулати. Сигурно сте прочитале диета за 3 дена 5кг слабеење, но дали овие диети навистина функционираат.

Диетите се често составени од ригорозен режим на исхрана кој води до изгладнување и исто толку строг режим на интензивно вежбање. Со овие диети може да се ослабе стомакот за толку брзо но мора и да се внимава, бидејќи телото често знае да направи контра-ефект.

Кога телото ќе види брз и голем дефицит на калории (составен од недоволна исхрана и интензивна физичка актвиност) тоа го памти дефицитот и следниот пат при вишок калории тоа почесто и во поголем број ги складира пак во телото.

Овие диети се супер за исполнување на краткорочни цели но мора да се комбинираат со здрави навики за да не се врати вишокот.

Шарено свежо овошје и здрава храна подготвени како оброк за slabeenje na stomak

2. Додатоци во исхраната

Многу добар начин да внесете се што му е потребно на телото без да внесувате премногу калории е користејќи суплементи.

Пример пиењенто на шејкови за слабеење на нозе и општо масти е одлична замена за оброк бидејќи тие често содржат многу витамини, протеини и растителни влакна. За да внесете толкава количина на здрави материи при нормална исхрана вие ќе мора да изедете премногу храна.

Пример за ова е протеинот,  доколку сакате да внесете препорачана дневна доза протеин преку исхрана, вие ќе мора да изедете премногу месо, јајца и други високопротеински оброци. Многу добра опција е да се пие напиток за слабеење на стомак како напитокот на Vitaslim кој ке ви помогне да имате рамен стомак.

1. Вежби за стомак

Покрај кардио вежбите, доколку сакате да добиете оформен стомак, мора да правите вежби за стомак.

Убавиот дел на овие вежби е што можете да ги правите дома и без никаква опрема. Вежбите за стомачни и вежбите за јадро (Core Exercises) помагаат при оформување на стомачните мускули и даваат лик на вашиот стомак. Овие вежби стимулираат раст на мускулите и со тоа се намалува нивото на масти во стомакот.

Важно е и да се прават вежби за ‘рбет со тоа што ќе успеете да имате правилна постура и вашата форма ќе изгледа и ќе се чуствува подобро.

Често поставувани прашања

Дали функционира диета за 1 месец 10 кг слабеење?

Секако, но многу зависи од вашата почетна тежина, пример на човек со доста прекумерна тежина оваа диета за стомак нема да му направи премногу стрес на телото. Додека на луѓе кои немаат толку вишок ќе им биде потешка а и во некои случаји нездрава за телото.

Луѓето со поголема тежина трошат повеќе калории од тие со помала тежина. Секогаш стремете се кон тоа да создадете добри навики кои ќе ве одржуваат на посакуваната тежина.

Може ли да се стигне до рамен стомак за 7 дена?

Може доколку немате премногу килограми вишок во телото. Доколку вашиот стомак има мал дел масти кои упорно стојат и никако да се тргнат, со ригороен режим на исхрана и вежбање може да направите рамен стомак.

Но овие брзи тактики за слабеење со вода или слично не се препорачуваат за сите луѓе бидејќи кога истите ќе завршат телото може да ги врати килограмите и често ќе се појават повеќе масти од предходно.

Како да го отстраните стомакот за 2 дена?

За два дена стомакот може да се тргне со тешко излгаднување кое не е препорачливо ниту пак е здраво. Ова најчесто го прават луѓе чија професија бара да ги одстранат килограмите во толку краток рок.

Тие луѓе најчесто се борци кои симнуваат многу килограми да се борат во помала категорија.

Стомакот се остранува за два дена со изгладнување, пиење на многу течности и интензивно вежбање и потење.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk