Покрај стомакот, нозете се дел од телото каде што мастите се таложат најлесно. Многумина имаат проблем со топење на овие масти бидејќи тие се доста тврдоглави и тешко е да се одстранат.
Добрата вест е тоа што со комбинација на исхрана, активност и дисциплина, секој може да ја добие посакуваната форма. Во продожение ќе ги откриеме петте најефикасни совети за слабеење на нозе.
Кардио вежби
Да започнеме од најтешкото. Зошто всушност кардио е најтешкиот дел од вежбањето?
При интензивна физичка активност телото лачи лактична киселина која не прави да чувствуваме замор. Но што почесто правиме вакви вежби таа киселина помалку се лачи и нас ни е полесно.
Кардио вежбите се број еден начин да изгориме калории а притоа и да ги разработиме мускилите на нозете. За овие вежби да не ви бидат тешки одберете некоја активност која вам ви е интересна.
Препорачливи активности се трчање, возење велосипед, хајкинг, брзо одење, скокање на јаже и сл. Најдобро е секоја активност да трае минимум 30 минути и да ја практикувате од 3 до 5 пати неделно.

Вежби за нозе
Иако мастите се често проблем при изгледот на нозете, ако ние немаме дефиниран мускул на нозете, нема да го имаме тој изглед кој го бараме.
Затоа е битно да се вежбаат нозете со цел да ги зајакнеме мускулите и да им дадем убав облик. Како за почеток убави вежби за бутови се чучњевите, исчекор и бугарски чучњеви. Клучно е да се запази правилна форма при изведување на вежбата.
Убаво е да се вежбаат во 2 до 3 серии од околу 15 повторувања, а кога тоа ќе стане лесно може да се применат и тегови. Голем дел од обликот на ногата е и листот и не смее да се заборави да се прават вежби за листови.
Добри вежби се дигање на прсти, трчање по скали (која е воедно и одлична кардио вежба) и пиштол чучњеви. Пиштол чучњевите се малку потешки но ќе ви помогнат околу балансот и развивање на сила низ цело тело.
Правилна исхрана
Колку што е битно вежбањето толку голема улога има и исхраната. Слабеењето на нозете е невозможно без правилна исхрана. При диета за слабеење на нозе клучно е да се намали внесот на заситените масти и шеќерите бидејќи тие често водат кон акумулација на маснотии.
Исхраната треба да содржи храни кои се нискокалорични а полни со здрави витамини и минерали. Тоа значи дигестија на храна како свежи зеленчуци, овошја, житарки и конзумација на храна со протеини како пилешко, јајца, риба и јаткасти плодови.
Газираните пијалоци и брзата храна треба да се сведат на минимум.
Добар начин да се внесат доволно здрави материи а притоа да не се внесуваат калории е тоа да се користат суплементи како протеин во прав. Протеинот во оваа форма е сосема здрав и ќе ви помогне да ги одржите мускулите.
Соодветна хидратација
Водата често пати е потценета и многумина ја заменуваат со сокови кога се жедни. Најубаво се гаси жедта со вода а не со други пијалоци. Слабеење со вода му помага на телото да ги изчисти токсините, го убрзува метаболизмот и го намалува чувството на глад.
Ако се борите со стрвост пиењето на две до три чаши вода ќе ви помогне стрвоста да ја намалите и ќе ви биде полесно да ги избегнете тие периоди на стрвост. Исто така чајевите како зелениот чај или чајот од ѓумбир ќе ви помогнат дури и да согорите калории.
Добра опција се исто производи најчесто наречени напиток за слабеење на стомак кои исто така ќе ви помогнат да ги ослабете и нозете. Еден од нив е производот Vitaslim кој ќе ви помогне брзо да го добиете посакуваниот изглед.
Редовност и дисциплина
Слабеењете не е спринт туку маратон. Не целете кон брзи резултати како губење тежина бидејќи тие многу често имаат контра ефект кој ќе ве доведе во полоша фаза него ли што сте биле.
Целта треба да ви биде да внесете здрави навики како вежбање и правилна исхрана со цел вашите нозе постојано да изгледаат како што посакувате. Фокусирајте се на мали подобрувања секоја недела, поставувајте нова цел и натпреварувајте се сами со себе.
Ова не е диета 20 дена каде што имате строг режим, туку начин на исхрана. Во периоди кога ќе немате мотивација битно е да бидете дисциплинирани и сепак да се посветите на себе.
Исто така стресот и спиењето имааг големо влијание на телото и на хормоните кои го контролираат апетитот и складирањето масти.
Заклучок
За да се ослабат нозете и да се изчистат тие тврдоглави масти треба комбиниран напор.
Потребно е да се жртвуваат јадењата од кои сме зависни, да се откажеме од нездравите навики и да бидеме активни. Но оваа промена не само што ќе ни помогне околу изгледот туку и ќе не направи по здрави.
Најважно е да се биде трпелив и да се разбере дека резултатите не доаѓаат преку ноќ, туку постепено, со посветеност. Ако останете доследни, вашите нозе ќе станат поцврсти, пообликувани и послаби.