Сина лента, глукометар и буквени коцки со зборот diabetes, визуелно поврзани со свесноста за разликата меѓу дијабетес тип 2 и дијабетес тип 2

Која е разликата меѓу дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2

Сина лента, глукометар и буквени коцки со зборот diabetes, визуелно поврзани со свесноста за разликата меѓу дијабетес тип 2 и дијабетес тип 2

Кога ќе го слушнеме терминот дијабетес мелитус најчесто веднаш помислуваме на шеќер во крвта и на ограничувања во исхраната. Под овој термин најчесто се подразмираат две најчести форми, дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2, кои иако личат една на друга, во суштина се различни болести.

Зборот дијабетес звучни прилично страшно, како и сѐ друго што е непознато за обичниот човек. За полесно да разбере дијагнозата најдобро е да се разграничат разликите помеѓу овие два типа.Затоа е важно да се објасни на едноставен начин што им е заедничко на дијабетес тип 1 и тип 2, во што се разликуваат, односно  како настануваат, како се лекуваат и какви промени бараат во секојдневниот живот.

Причини за појава на дијабетес тип 1

При развивањето на дијабетес тип 1 главната улога ја има имунолошкиот систем. Наместо да ги штити клетките, тој по грешка ги напаѓа бета клетките во панкреасот, токму оние што го создаваат инсулинот. Овој процес се нарекува автоимун, затоа што телото се бори против сопствените клетки.

Со тек на време овие клетки се оштетуваат и панкреасот произведува сè помалку инсулин, сè додека не остане речиси без сопствена продукција. Кога нема доволно инсулин, шеќерот од крвта не може да влезе во клетките и нивото на глукоза расте.

Најважно е да се нагласи дека дијабетес тип 1 не се појавува поради козумирање на  многу слатко или други нездрави храни и навики.

Се претпоставува дека има повеќе фактори што придонесуваат и тоа:

  • Генетика: ако во семејството има лице со дијабетес тип 1, ризикот е нешто поголем.

  • Автоимун одговор: имунолошкиот систем реагира премногу силно и погрешно.

  • Вирусни инфекции и фактори од средината: одредени инфекции, стрес и други надворешни влијанија можат да го забрзаат процесот кај лица што имаат склоност.

И покрај многу истражувања, уште нема едноставен одговор зошто кај едно дете се развива дијабетес тип 1, а кај друго не. Она што е сигурно е дека ни детето ниту родителите не се виновни за појавата на болеста.

Причини за појава на дијабетес тип 2

Дијабетес тип 2 има поинаква позадина од дијабетес тип 1. Кај овој тип панкреасот во почетокот создава инсулин, понекогаш дури и во зголемена количина, но клетките во телото стануваат помалку чувствителни на него. Ова се нарекува инсулинска резистенција.

Кога клетките не реагираат добро на инсулинот, глукозата не може ефикасно да влезе во нив и останува во крвотокот. Панкреасот се обидува да надомести и да создаде уште повеќе инсулин, но со тек на време се изморува и почнува да произведува сѐ помалку. Тогаш се појавуваат постојано покачени вредности на глукоза со тоа дијагнозата дијабетес тип 2.

При појавата на дијабетес тип 2 најчесто влијаат неколку фактори заедно:

  • Прекумерна телесна тежина: особено кога маснотиите се наталожени во пределот на стомакот

  • Седечки начин на живот: многу седење, малку движење и ретка физичка активност.

  • Нездрава исхрана: чест внес на преработена храна, брза храна, грицки, слатки и газирани пијалоци

  •  Наследна склоност: ако родител или близок член на семејството има шеќерна болест, ризикот за дијабетес тип 2 е повисок

  •  Возраста и хормони: со годините ризикот се зголемува, а одредени хормонални промени и заболувања го зголемуваат дополнително

  •  Стрес и недоволен сон: долготраен стрес и нередовен сон го нарушуваат хормоналниот баланс и влијаат на глукозата

Дијабетес тип 2 најчесто се развива бавно. Може да поминат години додека да се појават поизразени симптоми, па затоа многу луѓе дознаваат за дијагнозата случајно при рутински преглед или лабораториско мерење на шеќер во крвта.

Симптоми кај дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2

Гумирани бонбони и розева крофна покрај буквени коцки со поимот diabetes symptoms, визуелно поврзано со разликата меѓу дијабетес тип 2 и дијабетес тип 2

Иако причините се различни, телото често сигнализира на сличен начин. Најчести симптоми кај двата типа дијабетес се:

  • силна и постојана жед

  •  често мокрење, особено во текот на ноќта

  •  сувост во устата

  •  замор, поспаност и чувство на исцрпеност

  •  заматен вид

  • чести инфекции како уринарни или габични инфекции

  • побавно зараснување на раните

Кај дијабетес тип 1 овие симптоми обично се појавуваат брзо и нагло, во рок од неколку недели, понекогаш и за неколку дена. Кај дијабетес тип 2 симптомите се развиваат постепено па лесно се припишуваат на стрес, умор или старост.

Дијагноза и нормални вредности на шеќер во крвта

За да се утврди дали постои дијабетес и за кој тип станува збор, потребни се лабораториски анализи и преглед кај лекар. Најчесто се прават:

  • Мерење на шеќер во крвта на гладно.

  • Мерење на шеќер после оброк или по оптоварување со глукоза.

  • Мерење на HbA1c, вредност која покажува каков бил просечниот шеќер во крвта во последните два до три месеци.

Приближно, се смета дека нормални вредности на шеќер во крвта на гладно кај здрава личност се под 5,6 mmol L. Вредности над оваа граница кои често се менуваат можат да укажат на предијабетес или дијабетес.

Лекарот покрај бројките ја зема во предвид и возраста, телесната маса, симптомите, семејната историја и по потреба препорачува дополнителни анализи. Кај некои лица, особено млади, може да се бараат и специфични антитела за да се разликува дијабетес тип 1 од дијабетес тип 2.

Разлики во третманот на дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2

Иако целта во двата случаи е иста, да се одржи шеќерот во крвта што е можно поблиску до нормалните граници и да се спречат компликации, начинот на лекување е различен.

Третман на дијабетес тип 1

Кај дијабетес тип 1 без инсулин не може. Бидејќи панкреасот не создава доволно инсулин, овој хормон мора секојдневно да се внесува однадвор.

Инсулинот се дава со инсулински пенкала, шприцеви или инсулинска пумпа. Дозите се прилагодуваат според тоа колку и што се јадете, колку физичка активност имате во текот на денот и според вредностите на шеќер во крвта.

Третман на дијабетес тип 2

Кај дијабетес тип 2 третманот често започнува со промени во секојдневието.

Првиот чекор обично е:

  • поуредна и балансирана исхрана

  •  намалување на телесната тежина

  •  вклучување на повеќе движење во текот на денот

Овие промени најчесто значително ги подобруваат вредностите на шеќер во крвта. Ако не се доволни, лекарот воведува таблети за дијабетес тип 2. Кај дел од пациентите, по неколку години или при замор на панкреасот, може да биде потребно да се додаде и инсулин.

Улога на исхраната и физичката активност

Луѓе кои сечат свеж зеленчук на маса опкружена со здрави намирници, прикажувајќи важност на исхраната и разликата меѓу дијабетес тип 2 и дијабетес тип 2

Без разлика на типот на дијабетес, исхраната и движењето остануваат основа за добра контрола на болеста. Во пракса тоа значи во чинијата да доминираат зеленчук и овошје со низок гликемиски индекс, да се избираат интегрални житарки наместо бел леб и бели тестенини, а протеините да доаѓаат од риба, јајца и мешунки, во комбинација со здрави масти од јаткасти плодови и растителни масла. 

Истовремено е важно да го ограничите внесот на слатки, грицки, преработена и брза храна, да избегнувате газирани и засладени пијалоци и да одржувате навика за редовни оброци во текот на денот, без долги паузи и прејадување навечер.

Физичката активност не мора да биде напорен тренинг. Дури и секојдневно пешачење, лесните вежби дома, возењето на велосипед или пливањето можат значително да ја подобрат чувствителноста на клетките на инсулин и да помогнат во регулирање на телесната маса.

Можни последици ако дијабетесот не е контролиран

Ако нивото на глукоза во крвта долгорочно остане високо, независно дали се работи за дијабетес тип 1 или дијабетес тип 2, постои ризик од сериозни компликации.

Најчести последици од неконтролиран дијабетес се:

  • оштетување на очните крвните садови и нарушување на видот

  • оштетување на бубрезите и намалена функција

  • оштетување на нервите со трнење, болка или губење на чувството во екстремитетите

  • зголемен ризик од срцев или мозочен удар

  • проблеми со циркулацијата и појава на рани, особено на стапалата

Овие компликации се развиваат со години и не се појавуваат одеднаш.

Заклучок

Дијабетес тип 1 е автоимуно заболување каде што телото престанува да создава доволно инсулин и инсулинската терапија е неопходна од самиот почеток. Дијабетес тип 2 најчесто е поврзан со инсулинска резистенција, нездрави навики и наследна склоност, а првите чекори во третманот се поврзани со промени во исхраната и физичката активност.

Дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 на прв поглед изгледаат слично, затоа што во двата случаи се работи за покачен шеќер во крвта. Сепак, зад нив стојат различни симптоми, различни причини и различен пристап при лекувањето.Она што им е заедничко е дека со добра информираност, редовни контроли и активна грижа за себе, лицата со дијабетес можат да водат квалитетен, активен и исполнет живот. 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk