Жена ја допира својата густа и здрава коса, симболизирајќи резултати од употреба на колаген за коса.

Дали колаген за коса е корисен? Сѐ што треба да знаеш

Жена ја допира својата густа и здрава коса, симболизирајќи резултати од употреба на колаген за коса.

Колагенот или како што е модерно познат, „тајната на младоста“ претставува еден од најважните структурни протеини за човекот. 

Како составен дел од кожата, косата и ноктите тој има големо влијание на нашиот изглед и како нè гледаат другите.

Денес многумина го користат како суплемент со надеж дека ќе ја подобрат густината и сјајот на косата или ќе ја поправат сувоста на исатата, но дали суплементарниот колаген навистина делува или е само маркетиншки трик?

Што е колаген?

Колагенот е структурен протеин кој сочинува околу 30% од сите протеини во телото. Тој е основната градбена субстанца во кожата, коските, зглобовите, тетивите и сврзните ткива.

Иако тој природно се создава во текот на целиот живот, севкупната создадена количина драстично се намалува после 25-тата година, што доведува до опаѓање  на природната еластичност на кожата, појава на брчки и послаба структура на косата и ноктите.

Во контекст на косата, колагенот не е директно присутен во влакното, но игра критична улога во здравјето на фоликулот, структурата која го создава и храни влакното.

Како колагенот делува на косата?

Жена ја чешла својата мазна и негувана коса, прикажувајќи ефекти од редовна употреба на колаген за коса.

Постојат неколку механизми преку кои колагенот директно или индеркетно влијае врз здравјето,изгледот и растот на косата.

Подобрување на здравјето на кожата на черепот

Косата односно влакната растат од фоликулите кои се сместени во дермисот. Ова е слој на кожата богат со колаген. Како што годините минат, овој слој станува сè потенок и послаб што влијае негативно врз функцијата на фоликулите.

Колагенот може да помогне со поптпора на кожните структури давајќи ѝ поголема еластичност создавајќи подобра околина за раст на косата.

Обезбедување на аминокиселини за создавање кератин

Како извор за аминокиселините глицин, пролин и хидроксипролин, основните градбени елементи на кератинот, колагенот и неговиот суплементарен внес му овозможуваат на телото да ја засили структурата на косата.

Јакнење на косата и намалување на кршливост

Иако колагенот не се впива директно во влакното, подобрувањто на исхраната на фоликулите и циркулацијата во кожата на черепот или скалпот може индиректно да ја намали сувоста и кршливоста, дајвајќи ѝ на косата посјаен и густ изглед.

Дали постојат научни докази?

Научните истражувања во врска со колагенот и неговото влијание врз растот на косата се сè уште ограничени. 

Повеќето студии се фокусираат врз влијанието на овој пртеин врз растот на ноктите и кожата, каде што резултатите се навистина ветувачки.

Иако голем дел од студиите кои во моментот се прават и не се готови, голем број експерти од научно-медицинското поле се согласуваат дека поддржувачката улога на колагенот врз здравјето на фоликулот без оглед на тоа што е индиректна, сепак е вредна.

Видови колаген и кој е најдобар за коса?

Постојат над 30 типа колаген во нашиот организам. Во медицината најчесто се зборувани првите 5 вида. Во врска со овој текст најзначајни нѝ се првите 3 вида на колаген:

  • Тип 1: Најзастапен во кожата, коските и тетитвите и ја дава структурата и еластичноста на овие елементи.

  • Тип 2: Присутен во ‘рскавиците и е значаен за зглобовите.

  • Тип 3: Најчесто пронајден заедно со тип 1 колаген има голема улога во првичното заздравување на раните.

За сува коса и кожа најчесто се користат суплементи со тип 1 и тип 3 колаген како что е морскиот или рибниот колген.

За да изгледаме здрави и помлади треба пред се и да сме здрави, затоа ние препорачуваме користење на Мулти Колагенот на Vitagen кој содржи тип 1,2,3,5 и 10 колаген заедно со витамин ц и хијалуронска киселина. 

Оваа комбинација помага да се постигне синергистички ефект што овозможува истовремено да ги заштитиме косата, кожата, зглобовите и ноктите. Редовно користење на мулти-колаген од овој тип може да даде видливи резултати во рок од 2-3 месеци.

Како и кога се зема колаген?

Хидролизираниот колаген обично се зема во доза од 5-10 грама на ден, во форма на прашок растворен во вода. 

Најдобро е да се прима на празен стомак, со цел да се искористат аминокиселините во период на нивно најголемо искористување од страна на човековиот организам. Покрај суплементи, природното создравање на колаген е поттикнато од внес на храна богата со:

  • Витамин Ц (цитрусно овошје, брокула, киви)

  • Протеини (јајца, пилешко, риба)

  • Цинк и бакар (семки и јатки)

  • Желатин и коцкени чорби

Може ли колагенот да предизвика несакани ефекти?

Генерално, колагенот се смета за безопасен суплемент.

Сепак, кај мал број на населението односно кај почувствителни лица може да пројави блага надуености или алергична реакција, особено ако суплементот потекнува од морски животни.

Затоа е битно да се изберат квалитетни производи со чист состав како Vitagen мултиколагенот кој не содржи вештачки адитиви.

Што научивме?

Колагенот не е магично решение против опаѓање на косата ниту пак драстично и повеќекратно ќе го забрза растот на влакното, но тој е значаен сојузник за здрав фоликул со посјаен изглед.

Со редовен внес, здрава исхрана и правилна нега на скалпот може да се забележи јакнење и намалена кршливост на кожата и подобрување на тонусот. Вака може парцијално да го намалиме оштетувањето на косата која таа го претрпела

Користење на квалитетен мултиколагенски продукт кој комбинира повеќе типови колаген и промотирачки витамини, резултатите може да бидат и уште поизразени погуста, поеластична и посјајна коса.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk