Чинија со киноа и разновиден свеж зеленчук, идеален избор за холестерол исхрана и одржување на здрав срцев систем.

Холестерол и исхрана: здрава исхрана против холестерол

Чинија со киноа и разновиден свеж зеленчук, идеален избор за холестерол исхрана и одржување на здрав срцев систем.

Правилната исхрана е клучна за одржување на нормални нивоа на холестерол и заштита на срцето. Добрата и балансирана исхрана помага во намалувањето на LDL холестеролот и зголемувањето на HDL холестеролот. Малите промени во исхраната создаваат големи резултати за здраво срце и подобра енергија секој ден. 

Што е холестерол?

Холестеролот е масна супстанца која што природно се создава во телото и има важна улога во хормоните, клеточните мембрани како и витаминот Д.

Проблем не настанува поради холестеролот, туку од неговите вредности, доколку се покачени или снижени. Во тој случај се зголемува ризикот за срцеви заболувања, мозочен удар, атеросклероза и нарушени крвни садови.

Зошто е важна исхраната за холестеролот? 

Без промена на животниот стил, ниту еден лек нема да ја подобри ситуацијата на повишен холестерол. Затоа тука е многу битна холестерол исхраната. Правилниот избор на храна може да го намали штетниот LDL холестерол, а да го зголеми HDL холестеролот. 

Доколку зборуваме за покачени вресности, многу од луѓето паничат и бараат чудесни решенија. Но реалноста е поедноставна, па затоа исхраната ја сметаме за најсилниот сојузник бидејќи на телото е потребно баланс.

Како функционира холестерол исхрана?

Замисли ја исхраната како чистач на организмот. Кога внесуваме храна богата со растителни влатка, омега-3 киселини, витамини и минерали, твоето тело буквално го чисти целиот крвоток и ги извлекува вишок мастите. 

Основни принципи

Основни принципи кои може да ти помогнат да го намалиш холестеролот, поточно мастите од крвотокот:

  • Намали заситени масти - пржено, масни меса и индустриски колачи;

  • Елиминирај трансмасти - маргарин, брза храна и грицки;

  • Зголеми внес на влакна - овес, зеленчук, овошје, мешунки;

  • Додај омега-3 - лосос, тука, ленено семе, јаткасти производи како ореви, бареми..;

  • Пиј вода;

  • Одбегнувај газирани сокови;

  • Приготвувај храна со маслиново масло;

  • Не внесувај големи количини на висок шеќер.

Правилната и здравата исхрана не е казна, туку е начин да се живее со мирно и здраво срце и чисти артерии.

VITASLIM - поддршка на холестерол и исхрана

Во последниве години голем број на луѓе бараат додатна поддршка за намалување на маснотиите и подобрување на метаболизмот. 

Vitaslim е производ кој помага да се забрза согорувањето на вишокот масти, да се подобри варењето на храната и да се поддржи природното намалување на телесната тежина.

Тоа не е чудо преку ноќ, туку е комбинација помеѓу правилна и здрава исхрана, подкрепена со активности и активно земање на продуктот. Овој производ особено помага кај луѓе кои се борат со дебелина и масти во крвта. Vitaslim може да го смени твојот живот!

Пред земање и користење на производот, консултација со лекар или фармацефт доколку имате некои хронични заболувања. 

Исхрана со холестерол и триглицериди 

Најчесто прашање кое си го поставуваме сами на себеси е прашањето „Што да јадам сега?“. Доколку сакаш твоето тело да биде здраво комбинирај ја следната исхрана во текот на твоето секојдневие. 

Најдобра храна за здраво тело и здрав дух:

Овие се пријатели на твоето срце и крвоток. 

  • Овесна каша и интегрални житарици 

  • Бобинки - јаготки, капинки, малинки и боровници

  • Зелен лиснат зеленчук - спанаќ, блитва и коприва

  • Авокадо

  • Маслиново масло

  • Ореви и бадеми

  • Лосос, скуша и туна

  • Леќа, грав и наут. 

Печена риба послужена со зелена салата, авокадо и домати, идеален оброк како дел од холестерол исхрана за подобро срцево здравје.

Што да избегнуваш?

  • Пржено

  • Сланина, колбаси и сувомеснати производи 

  • Пецива со многу маргарин

  • Брза храна

  • Газирани пијалоци

  • Прекумерна сол и др. 

Исхраната е најбитна за холестеролот и триглицеридите. Доколку е здрава таа го поддржува телото, наместо да го оптоварува. 

Покачен холестерол симптоми

Холестеролот не дава навремени симптоми во случај да е покачен или снижен, веќе кога има симптоми значи дека телото е во сериозна опасност. 

Доколку има симптоми истите би биле: замор, вртоглавица, болки во градите, главоболки и  жолтеникави наслаги околу очите. 

Доколку сакаш да се заштитиш треба да правиш редовни анализи на крвта.

Лек за холестерол и триглицериди

Постојат лекови како на пример статини или фибрати, но тие се дел од широка стратегија. Ниту еден лек за холестерол и триглицериди не функционира без баланс во исхраната и навиките. 

Третманот за лекување означува: здрава исхрана, физичка активност, добар сон и производи како Vitaslim.

Холестерол исхрана мени

Доколку се запрашувате како да ги споите погоре наведените намирници, ние спремивме дневно мени кое може да го користите доколку сакате да ги задржите границите на вашите холестерол и триглицериди.  

Оброци

Оброци кои може да ти помогнат за балансирање на холестеролот:

Појадок - овесна каша со ореви, чиа семе и боровинки + зелен чај

или како втора опција - омлет со спанаќ и печурки

Ужина - јаболко или неколку бадеми

Ручек - печена пастрмка, брокула на пареа, киноа салата со маслиново масло и лимон

Ужина - јогурт со ленено семе

Вечера - интегрален тост

Пред спиење може топла вода со лимон или билен чај 

Што да се испие за маснотиите во крвта?

Телото сака течности, но не било какви. Добро за телото е: вода, разни видови на чај и природно цедени сокови.

Најдобро е ако избегнуваш: газирани пијалоци, слатки сокови, енергетски пијалоци и прекумерно кафе со шеќер и млеко

Чај за холестерол и триглицериди 

Најдобри чаеви кој му помага на телото за холестерол и триглицериди е: зелен чај, чај од артичока, чај од коприва и чај од куркума со лимон.

Секој од нив помага во циркулацијата, варењето и чистењето од масти.

Се точи топол билен чај во традиционална шолја, корисен како дел од холестерол исхрана за подобро здравје и рамнотежа.

Бабин лек за холестерол

Во минатото немало лекари за да утврдат болест, па морало сами луѓето да се лекуваат. Ова е еден бабин лек за холестерол. 

  • Рецепт бр.1 - 2 лажици мелено ленено семе со 1 лажица јаболков оцет + чаша вода на гладно. 

  • Рецепт бр.2 - мелено ленено семе расворено во јогурт, се пие наутро пред јадење

  • Рецепт бр.3 - 1 лажица мед промешана во еден цеден лимон со малку јаболков оцет

Овие рецепти можеби ќе ти помогнат, но сепак во денешницата не ја заменуваат медицинската грижа. 

Диета за холестерол и слабеење

Кога мастите се спојат со килограмите, диетата за холестерол и слабеење треба да работи двојно со тоа што губиш тежина и го намалуваш холестеролот. Со тоа треба да се фокусираш на: внес од 1500 до 1800 калории дневно, внес на протеин, влакна и здрави масти, редовно движење и внес на многу вода. 

Заклучок  

Холестеролот не ни е непријател, туку предупредување. Кога ќе се покачи знаеме дека треба промена во нашиот начин на живот и баланс на исхраната. Храната е лек, а здрава чинија знак за смирено срце и чисти артерии.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk