Сина лента, глукометар и буквички што го формираат зборот „diabetes“ на светло сина подлога, симболизирајќи свесност за дијабетес тип 2.

Дијабетес тип 2: симптоми, третмани и превенција

Сина лента, глукометар и буквички што го формираат зборот „diabetes“ на светло сина подлога, симболизирајќи свесност за дијабетес тип 2.

Тип 2 дијабетесот е една од најчестите хронични болести во денешно време кое зафаќа милиони луѓе ширум светот.

Дијабетес тип 2 или народно познат под името „шеќер“ или „шеќерна болест“ е сè попревалентен во денешницата и се нарекува и „болест на модерното време“. Ова име го има добиено заради модерниот стил на живот кој е асоциран со нездравата исхрана, намалената активност и постојан стрес.

Навременото познавање на симптомите на шеќерната болест и правилниот третман можат значително да ја подобрат состојбата и да спречат сепиозни компликации. Добрата вест е што оваа состојба може успешно да се контролира со неколку лесни промени.

Што е дијабетес тип 2 и разлики со тип 1 дијабет

Дијабетес тип 2 е метаболно заболување/состојба кога телото развива инсулинска резистенција односно клетките на човековиот организам не го искористуваат правилно хормонот инсулин кој се лачи од панкреасот.

Со тек на време панкреасот не може да го создава овој хормон во адекватни количини што доведува до зголемено ниво на шеќер, поточно глукоза, во крвта (состојба позната како хипергликемија).

Како се разликува од тип 1 шеќерна болест

Двата типа дијабетес имаат свои дистинкции според кои може да ги разликуваме:

  • Развој на болеста

Кај тип 1 дијабетот панкреасот воопшто не создава инсулин. Ова претставува автоимуно заболување при кое се губат одредени клетки во панкреасот одговорни за синтеза и ослободување на самиот хормон.

- Кај тип 2, инсулинот се создава, но клетките не даваат нормален одговор - состојба на резистенција на инсулинското влијание.

  • Возраст на појавување

- Тип 1 почесто се јавува кај деца и млади.

- Тип 2 почесто се јавува кај постари, но во денешно време сè почесто се открива и кај млади пациенти заради нездравите животни навики.

  • Настанок

- Шеќерната болест тип 1 е автоимуно заболување поврзано со неколку фактори меќу кои се хигиената, генетска предизпозиција и инфеција со вирусот рубеола за време на бременост.

- Тип 2 варијантата е почесто поврзана со дебелината, начинот на исхрана и начинот на живот, а може да се спомене и фамилијарната предиспозиција.

Битно е да се знае дека и двете варијанти на оваа болест се сериозни, но кај тип 2 постојат повеѓе можности за превенција и контрола преку здрави навики.

Симптоми

Рака со синa ракавица предава медицински уред на пациент, симболизирајќи грижа и следење на дијабетес тип 2.

Неретко се случува пациент да открие дека ја поседува оваа болест при рутински преглед неповрзан со оваа состојба.

Тоа е заради фактот што дијабетесот често се развива тивко и постепено без драстични промени во секојдневниот живот и животните навики.

Тријадата на класични симптоми што ја бараме кај секој пациент со шеќерна болест е полиурија, полидипсија и полифагија односно зголемена жед, зголемено чувство на глад и често мокрење.

Освен овие симптоми пациентите може да пројават и некои од следниве симптоми:

  • Замор, слабост и пад на енергија

  • Замаглен вид (ретинопатија) заради високите новоа на гликоза во крвта што ги оштетуваат капиларите на окото

  • Забавено зараснување на рани

  • Трнење во рацете и нозете (периферна невропатија)

  • Необјаснето слабеење или качување на телесната тежина

Дијагноза и следење

Правилната дијагноза на дијабетес тип 2 се поставува со правење на следниве тестови.

  • Нивото на глукоза, односно на шеќер во крвта, на гладно не смее да надминува над 7.0 mmol/L.

  • Орален тест за толеранција на глукоза или OGTT.

  • Тримесечно следење на нивото на HbA1c што е транспортерот на глкоза во крвта. 

Ако неговото ниво надминува 6.5% тогаш тоа се смета за веќе развиена шеќерна болест. Редовниот мотниторинг е клучен за одржување на здрави вредности на крвна глукоза.

Третман на тип 2 дијабет

Иако е хронична состојба, шеќерната болест сепак реалтивно лесно може да се контролира за да не дојде до несакани последици и нарушување на стилот на живот.

Исхрана

Консумирање на зеленчук, интегрални житарици и овошје со низок гликемиски индекс.

Намален внес на засладени и газирани пијалоци. Одбегнување на брза храна и храна богата со јаглехидрати.Контрола на оброците и ограничено внесување без прејадување.

Физичка активност

Барем 30 мин на дневна активност како што е пешачење, трчање или било какво спортување значително помага во борбата со нерегулираниот шеќер.

Медикаментозен третман и лекови

Орални антидијабетици меѓу кои најчесто препишуван е метформинот. Инсулин кај пациенти каде што таблетите не се доволни.

Природни додатоци

Многу луѓе користат чаеви кои биле утврдени дека помагаат со регулирањето на дијабетот (од цимет, глуварче, моринга)

Vitaslim суплементите се додатоци во исхраната на природна база кои помагаат со слабеење и регулација на нивото на гликоза односно гликемијата.

Превенција на оваа болест

Иако е докажана генетска асоцијација и поврзаност со фамилијарна предиспозиција кон шеќерната болест, сепак најбитен фактор во избегнување на оваа хронична болест е стилот на живот.

Клучни препораки:

  • Одржување на здрава телесна тежина

  • Избегнување на преработена храна и заситени масти

  • Балансирата исхрана со адеквантна количина на растителни влакна

  • Редовна физичка активност

  • Намалување на стресот и подобрување на квалитетот на спиењето

  • Редовни здравствени прегледи

Компликации при нелекување

Полесното контролирање на шеќерната болест во споредба со други посериозни хронични болест не значи дека не може да заврши со многу сериозни последици.

Неконтролираниот дијабетес тип 2 може да предизвика:

  • Срцеви заболување и мозочен удар

  • Оштетување на бубрезите (нефропатија)

  • Оштетување на нервите (невропатија)

  • Очтетување на видот (ретинопатија)

  • Чести инфекции и слабо зараснување на рани

Да сумираме

Дијабетес тип 2 е сериозно, но контролирано заболување. Со правилна исхрана, редовно вежбање и современи третмани моѓно е да се живее квалитетен и активен живот.

Клучот е навремено препознавање на симптомите, превенција и соодветно лекување.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk