дијабетес симптоми, апаратче за мерење на шеќер и јаболка околу него

Најчести дијабетес симптоми: знаци и терапија

дијабетес симптоми, апаратче за мерење на шеќер и јаболка околу него

Дијабетес е состојба во која телото има тешкотии да го регулира шеќерот кој се наоѓа во крвта. Навременото препознавањето на дијабетес симптомите може да спречи сериозни компликации за самиот организам.

Иако секој човек е различен, постојат типични знаци кои може да укажуваат на нарушена регулација на глукозата.

Има повеќе видови на дијабетес и разлика помеѓу нив и тоа: тип 1 дијабетес, тип 2 дијабетес, но и нешто што често останува незабележано, поточно скриен шеќер.

Што е дијабетес?

Дијабетес е хронично метаболичко нарушување кога телото не произведува доволно инсулин или не го користи правилно.

Постојат дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2, а честа е и состојбата позната како скриен шеќер или пред-дијабетес, која може да се развие во болест доколку истата не е контролирана.

Видови на дијабетес

Дијабетес тип 1 

Автоумно заболување, почесто кај млади и се користи инсулин.

Дијабетес тип 2 

Почест е кај возрасни лица, често поврзан со стилот на живот, може да се менаџира со исхрана и терапија. 

Причини и фактори на ризик за дијабетес

Дијабетесот не се појавува од еднаш, телото пред првите дијабетес симптоми почнува да испраќа сигнали. Поради тоа е битно разбирањето на факторите на ризик за да може навремено да се делува.

Генетика

Ако во семеството има лица со дијабетес, поголеми се шансите за појава и кај вас. Гените играат улога, но начинот на живот може тоа да го балансира.

Нездрави навики и исхрана

Прекумерен внес на слатка храна, преработени јаглехидрати, брза храна и недоволно внес на зеленчук и протеини може да доведе до инсулинска резистенција.

Девојче со дијабетес симптоми

Стрес и начин на живот

Долготрајниот стрес, нерегулираниот сон и малку движење ја нарушуваат хормоналната рамнотежа. Хроничниот стрес го подигнува нивот на кортизол, што може да го зголеми нивото на шеќер во крвта.

Најчести дијабетес симптоми

Препознавањето на симптомите може да помогне навремено да се реагира и да се спречи самата болест.

Физички симптоми кои најчесто се јавуваат

Најчестите дијабетес симптоми кои не треба да се игнорираат се:

  • Често мокрење

  • Зголемена жед и сува уста

  • Силна глад

  • Замор

  • Губење и добивање на тежина

  • Замаглен вид

  • Споро заздравување на рани

  • Сува кожа и чешлање

  • Знакови на дијабетес на кожа како и темни дамки на врат и пазуви 

Знак за дијабетес на кожа

Понекогаш кожата покажува повеќе од тоа што заприметуваме, симптоми за дијабетес на кожата се: 

  • Темни дамки на врат, пазуви и препони

  • Подолго заздравување на рани 

  • Сува кожа

Скриен дијабетес симптоми и дијагноза

Некој луѓе немаат класични дијабетес симптоми, но имат скриен шеќер. Овој тип на дијабетес често нема силни знаци, но сепак постојат.

Скриен шеќер симптоми:

  • Честа глад и умор

  • Лесни главоболки

  • Желба за слатко 

  • Промени во енергијата во текот на денот

Како се испитува скриен шеќер и се поставува дијагноза?

Навремено откривање на болеста е key. Кога има сомнеж за дијабетес лекарот треба да препорача тестирање.

Крвни анализи

Основни лабораториски тестови вклучуваат:

  • Испитување на крвта на гладно – гликоза на гладно

  • HbA1c тест кој го покажува просечниот шеќер во крвта во последните 3 месеци.

ОГТТ тест 

Орален тест за толеранција на гликоза и се користи за откривање на скриен шеќер особено кај ризични групи.

Посебно важно е тестирање на скриен шеќер во бременост, бидејќи гестацискиот дијабетес поточно висок гликогемски статус може да влијае врз мајката и бебето.

Самоконтрола дома

Мерењето на шеќер со глукомер е важно кај дијагностицираните пациенти, но и кај лица со симптоми и сомневање.

Гранични вредности на шеќер во крвта

Граничните вредности за шеќерот во крвта е битно да се знаат поради заштитата од разни болести и навремено реагирање на истите.

Граница на шеќер во крвта:

Лабораториските резултати за крв може да варираат, но обично:

  • Нормално ниво на шеќер во крвта е 3.9 до 5.5 mmol/L

  • Пред дијабетес - состојба со покачен шеќер во крвта пред да се дијагностицира дијабетес е 5.6 до 6.9 mmol/L 

  • Дијабетес е од 7.0 mmol/L и повеќе

*Горната граница на шеќер во крвта над 6.1 mmol/L на гладно може да претставува ризик.

Редовно следење на шеќерот во крвта е многу важно особено кај оние кои се дијагностицирани за дијабетес или постари лица.

Како да се намали шеќер во крвта

Контролата на шеќерот во крвта најпрво започнува од самата исхрана, потоа физичката активност, контролата на тежина како и доволно внес на вода.

Совет: доколку не сакате да страдате од дијабетес, тогаш имајте редовна физичка активност во текот на денот, балансирајте ја исхраната и пијте доволно количина на вода.

Исто така може да го пробате и Vitaslim кој одлично помага за намалување на шеќерот во крвта, но тоа не е се,  го подобрува дигестивниот систем, го намалува лошиот холестерол и и безброј други бенефиции за вашето здравје!

Некои чаеви може да помогнат за рамнотежа на шеќерот во крвта, како што се чај од цимет, ѓумбир или коприва, но тоа треба да се смета како дополнително, не како замена за терапија.

Компликации доколку не се лекуваат дијабетес симптомите

Нелекуван дијабетес носи свои последици како:

  • Срцеви заболувања - ризик од инфаркт 

  • Проблем со вид - може да доведе до замаглен вид или слепило 

  • Оштетени нерви и бубрези - дијабетична нефропатија и невропатија предизвикуваат болка, слабост и оштетени бубрези

  • Проблеми со кожата - инфекции сува кожа и др. 

Исхрана и препорачани намирници

Исхраната е алатка за и луѓето со дијабетес да можат да уживаат во храната, но со мудар избор на истата.

Храна што го стабилизира шеќерот 

Зеленчукот ( брокула спанаќ, краставица); протеинитите (јајца, риба…); полнозрнесите житарки и јатките и семките го стабилизираат шеќерот во крвта.

Што треба да се избегнува

За да избегниш повишен шеќер во крвта треба да одбегнуваш: леб и тестенини, газирани сокови и слатки, преработени месни проиводи и пржена храна.

Лек за дијабетес симптоми

Терапија и препораки

Доколку од страна на лекар се утврди дијабетес, истиот треба да препише: 

  • инсулин, 

  • таблети за контрола на шеќер и 

  • редовни контроли.

Заклучок

Дијабетесот бара внимание, не страв. Навремено препознавање на дијабетес симптоми, следење на шеќер во крвта, здрава исхрана и активност се key за квалитетен живот. Симптомите за скриениот шеќер не игнорирај ги. Редовните лекарски контроли се штит, а свесната грижа за себе е најдоброто вложување во здравјето.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk