Доколку барате начин да ги намалите масти за краток период оваа диета е за вас.
Оваа диета за слабеење на стомак, нозе и општо сало е најдобриот начин да го прочистите организмот за само 7 дена. Бидејќи оваа диета е доста ограничувачка очекувајте да имате моменти на глад и применувајте ја само еднаш месечно како детокс на организмот.
Да почнеме со планот.
Ден 1: Свежи овошја
Диетата започнува со свежи овошја. Се препорачува да конзумирате портокали, јаболки и во летниот период лубеница.
Добра опција се исто праски, киви и други свежи овошја но не и банани. Потребно е телото да се исчисти и да се навикне на понизок калориски внес.
Бананите имаат повеќе калории и шеќери од другите овошја и затоа е битно првиот ден да не се внесуваат. Доколку имате силни чувства на глад само пијте многу вода и тие ќе поминат.

Ден 2: Брзо слабеење со зеленчук
Вториот ден преоѓаме на зеленчуци. Зеленчукот можете да го јадете варен, печен или пак свеж, но наша препорака е да искомбинирате за разновидност на вкусови.
Комбинацијата ќе ви биде полесна за јадење. За појадок смеете да изпечете или сварите компир за да ве држи понатака, но само за појадок, за останатите оброци јадете лесен зеленчук.
Сепак ова не е диета за 3 дена 5 кг каде што треба целосно да се изгладните, целта е умерено намалување на телесна тежина преку исхрана.
Ден 3: Комбинација од овошје и зеленчук
Овој ден може да комбинирате овошје и зеленчук но тука избегнувајте ги висококалориските овошја или зеленчуци.
Наша препорака е да направите салати со зеленчук и парчиња овошје. Исто така добра опција е смути со краставица и јаболко кое има многу електролити и антиоксиданси.
Ден 4: Смути од банана и млеко
Овој ден гледајте го како пауза од чистењето бидејќи овој ден е целосно базиран на банани и млеко. Во ден 4 му даваме на телото простор да се опорави. Тука смеете да изедете околу шест банани, дали во смути или пак живи и смеете да испиете до 4 чаши млеко.
Тука ќе ви се намали гладот и ќе ви помогне да издржите.
Ден 5: Дојдоа протени - риба и пилешко
Во петиот ден се појавваат протеините. Може да изедете од 500 грама пилешко или пак риба, но да биде поделено во неколку оброци низ целиот ден. Исто со месото може да јадете и до шест домати.
Не заборавајте да пиете вода а ако сакате да ви биде полесна диетата може и да користите напиток за слабеење на стомак како Vitaslim кој ќе ве насити а нема да внесете калории.
Ден 6: Повторно со зеленчук
Шестиот ден исто продожувате со протеини но сега во придружба на друг зеленчук.
Може да користите брокула, морков, краставица и слично. Овој ден може и да го варите зеленчукот ако така ви е поубав. Избегнувајте компири освен ако ви треба повеќе енергија низ денот.

Ден 7: Слабеење со ориз и зелечнук
Последниот ден е базиран на варен ориз и зеленчук. Една чинија ориз со салата е сосема доволна за еден оброк.
За да ја регулирате гладноста преку ден земете овошје како десерт. Поентата на седмиот ден е да се припреми дигестивниот систем за нормалната исхрана.
Што потоа
Многу е битно после оваа таканаречена „диета за мрзливци“ полека да се вратите на нормална исхрана. По оваа диета ќе бидете многу послаби и ќе имате помала желба за јадење или ќе сте помалку гладни.
За да ги задржите резултатите потребно е внесот на калории да го намалите. Никако не продолжувајте со дитетата бидејќи со оваа диета 21 ден или пак месец дена не е здраво да се практикува.
Заклучок
Ова не е диета за 1 месец 10кг туку оваа диета дава брзи резултати. Најдобра употреба за нејзе е да го исчистите организмот од сите токсини и да ослабете брзо.
Клучно е по диетата да се враќате пополека на нормална исхрана, дури и добра препорака е да најдете некоја друга диета со која ќе може да комбинирате.
Таков пример е некоја брза диета со јогурт или нешто друго која оваа диета го нема. На таков начин ќе успеете да намалите уште килограми и ќе бидете по здрави.