Салата со зеленчуци и јајца за диета со јајца

Диета со јајца: слабеење 3 кила за една недела

Салата со зеленчуци и јајца за диета со јајца

Јајцата се одличен избор кога барате брза диета за 7 дена. Оваа диета станува се повеќе популарна бидејќи е лесна за следење а и дава резултати за брзо време.

Со правилна комбинација на оброци со јајца, зеленчук и слично може да ослабеде 3 килограми за една недела. Доколку сакате диета за слабеење на стомак и зголемување на метаболизмот оваа диета е за вас.

Ајде да видиме што овој план на здрава исхрана опфаќа.

Зошто јајцата се добри за слабеење

Јајцата се едни од најхранливите намирници бидејќи во само 70 калории тие содржат околу 6 грама протеин.

Не само што се богати со протеини туку и лесно го создаваат чувството на ситост и е потешко да се прејадете. Другите диети како диета со компир или диета со јогурт се базираат на друг принцип и потешко може да ослабете.

Јајцата се исто преполни со витамините А,Е,Д и Б12 како и со многу минерали. Сите овие материи му помагаат на телото да функционира правилно а и вие ќе се чувствувате подобро.

 💡Совет: Одличен суплемент со ваква диета е Vitaslim од Vitagen. Помага со заситување, дигестија, слабеенје и слично.

Како функционира диетата со јајца

Поентата на оваа диета е да внесувате доста протеини секој ден на здрав начин. Но и да ги намалите јаглехидратите. Со оваа диета ќе влезете во калориски дефицит кој ке ви помогне да ги стопите мастите.

Бидејќи јајцата се полни со протеин вие нема да имате нагли падови на енергија низ текот на денот и ситоста ќе ви трае долго време. Клучно е јајцата да се искомбинираат со свеж зеленчук со цел да внесете дополнително влакна и други витамини во телото.

Сега ќе ги видиме најдобрите оброци во оваа диета.

Лепчиња со јајца и авокадо за диета со јајца

Примери за оброци со јајца

Убавиот дел од оваа диета е што секој оброк може брзо и ефтино да се приготви од дома.

За појадок може да се подготват 2 до 3 варени јајца со свежи домати и краставица или пак омлет. Иако доколку сакаме појак ефект да има диетата поубаво е јајцата да се варени.

Ручекот може да содржи салата со варени јајца и малку оцет а за главно јадење пилешко бело месо како на пример стек или пак мисиркино месо. Доколку повеќе сакате риба може тоа да го замените место пилешкото месо.

За вечера омлет со тивкички или пак варени јајца со интегрален леб и зелена салата. Доколку имате моменти на глад измеѓу оброците може да ја надоградите оваа диета со портокали и други овошја.

Предности и недостатоци

Со оваа диета брзо ќе ги намалите килограмите и сите оброци се доста лесни и достапни за подготовка. Може и лесно да се најдат домашни јајца кои ќе бидат уште по здрави.

Лошата страна е што јајцата содржат холестерол и за луѓе со повишен холестерол може да е проблем. Доколку сакате полесна диета би ви препорачале диета со домати.

Доколку сакате да го избегнете тоа јадете ја само белката од јајцата бидејќи не содржи толку масти а сепак има протеини.

За да не биде тешка диетата и еднолична таа диета 21 ден не трае туку само една недела.

Заклучок

Диетата со јајца е ефикасен начин да ослабете до 3 кг за една недела а притоа и да го исчистите организмот од токсини. По оваа диета вашиот апетит ќе биде намален и ќе ви биде лесно да ја задржите идеалната тежина.

Исто така за време на диетата пијте многу вода со цел вашиот организам да не биде дехидриран и почесто да сте сити.

Ова не е диета 20 дена која е помалку рестриктивна, туку оваа диета бара посветеност и носи брзи резултати. Додатна препорака е оваа диета да се комбинира со физичка активност која ке му даде и форма на вашиот изглед.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk