Подпечени лебчиња со рукола за диета со домати

Ефикасна диета со домати: здраво и вкусно

Подпечени лебчиња со рукола за диета со домати

Доматите се одличен извор на хранливи материи кои притоа не содржат многу калории а и немаат штетни материи. Оваа брза диета за 7 дена ќе ви помогне да го намалите салото а притоа да станете по здрави.

Ајде го разгледаме овој план за исхрана за слабеење.

Ден 1: Започнуваме со свежи домати

Првиот ден започнете го со еден лесен доручек составен од парче интегрален леб свежи сецкани домати и малку маслиново масло.

Може да додадете сол или вегета за дополнителен вкус. За ручек комбинирајте пилешко месо со салата од домати и краставици. Ова ќе ви даде протеин за денот и ќе ве направи сити.

Вечерата нека е лесна со една супа од домати која ќе го смири стомакот и ќе го стимулира варењето.

Свежи домати за диета со домати

Ден 2: Предлог диета со домати и ориз

Вториот ден почнете го со едно варено јајце и доматен сок.

Ручекот нека е интегрален ориз во сос од домати кое е одлично јадење без вишок калории.

За вечера исецкајте домати и измешајте ги со сирење кое може да биде кравјо или овчо за лесна завршница на денот.

Ден 3: Не заборавајате на протеини

Салата од домати и краставица со малку сол е убав почеток на денот, доколку не се чувсвувате сито може да искористите интегрално лебче. За ручек изпечете домати заедно со мисиркино месо за внес на протеини и антиоксиданси.

Доматна супа заедно со зелена салата која при тоа може да ја јадете и за појадок ако сакате да ги замените доручекот со вечерата.

Ден 4: Комбианции со сос од домати

Појадок: доматен сок и парче интегрален тост.

Ручек: тестенини со сос од домати и свеж босилек – идеален баланс помеѓу јаглехидрати и влакна.

Вечера: салата со домати, кромид и маслиново масло за свежина и витаминска поддршка.

Ден 5: Диета што наликува на летна манџа

Почнете го денот со диета со свежи домати со урда за протеини и кремаста текстура. За ручек печени домати со риба, во овој ручек имате протеини и омега-3 масти и киселини кои се многу здрави.

Завршете го денот со доматна чорба со целер за детокс на телото.

Ден 6: Свежи опции

За доручек измешајте доматен сок со овесни снегулки кои ќе ви дадат енергија за почетокот на денот.

Главно јадење е пилешко филе во сос од домати. А за вечера салата со домати и туна во која може да додадете и лимон и кромид по вкус.

Ден 7: Супа од домати

Како крај на оваа диета за слабеење на стомак, нозе и општо сало се враќаме на свежи домати со варено јајце за појадок.

За ручек полнети домати со зеленчук а за крај лесна доматна супа за да го заокружите 7 дневниот план за чистење на организмот.

Заклучок и предлози

Оваа диета може да ви се чини тешка но штом ги пробате јадењата веруваме дека многу од оброците ќе ви ги заменат редовните јадења. Добар предлог е ако меѓу оброците чувствувате глад да направите шејкови за слабеење од домати за да се заситите привремено.

Исто така убав и сличен план за здрава исхрана е таканаречената „диета со краставица“ која се базира на краставицата доколку сакате повеќе краставица. За поспора и помалку тешка диета се препорачува и диета со јајца која е одлично комбинирана и содржи здрава исхрана за слабеење.

После овие седум дена вие ќе се чувствувате преубаво и вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk