Мајка и ќерка подготвуваат свеж оброк во кујна, прикажувајќи навики поврзани со здрава исхрана рецепти

Здрава исхрана со 15 рецепти: чекор по чекор рецепти

Мајка и ќерка подготвуваат свеж оброк во кујна, прикажувајќи навики поврзани со здрава исхрана рецепти

Денес се повеќе луѓе пробуваат да се насочат кон здрава исхрана за подобро здравје, повеќе енергија и одржливо слабеење. Без разлика дали следите режим на исхрана за слабеење или едноставно сакате да јадете подобро, вистинските здрави рецепти може многу да ви помогнат. 

Тука ќе најдете 15 детални рецепти кои се здрави и исполнети со здрави масти, протеини и јаглехидрати. Може да најдете здрави рецепти за доручек, ручек или вечера што с елесни, вкусни и практични.

Сите рецепти се чекор по чекор, со јасни упатства за да може веднаш да ги започнете.

Здрави рецепти за доручек

Чинија со јагоди, малини, боровинки, мандарини и лешници прикажани како природни состојки во здрава исхрана рецепти

Во овој дел ќе пронајдете 5 лесни и брзи рецепти за доручек, што ќе го направат вашето утро лесно, брзо и практично. 

  1. Овесна каша со мед и боровинки

Потребни состојки:

  • 150г овесни снегулки

  • 150мл млеко или вода

  • 1 чажица мед

  • 50г боровинки

Подготовка:

  1. Во сад за варење ставете ги овесните снегулки и млекото или водата, ставете ги на веќе загреана рингла.

  2. Мешајте додека не почне да се згуснува смесата

  3. Додадете мед и мешајте.

  4. Кога веќе смесата е гусна, ставете ги и боровинките и промешајте уште неколку пати. 

Овој рецепт е готов за околу 10 минути, здрав и полн со енергија. 

  1. Јогурт чаша со чиа семе и овошје

Потребни состојки:

  • Јогурт (може да биде и грчки јогурт за повеќе протеини)

  • 45г. Чиа семе

  • Овошје по желба. 

Подготовка:

  1. Чиа семето се става во чаша, се раствора малце со вода, се меша додека не се згусни.

  2. Се додава јогуртот и се продолжува со мешање.

  3. Се остава во фрижидер околу 10 минути.

  4. Се украсува со овошје по желба

*доколку сакате да биде по благо, ставете лажица мед или путер од кикиритки.

  1. Омлет со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

  • 2 јајца

  • Сечкан спанаќ

  • 60г сирење (по желба)

  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. На тавче се става малку маслиново масло и се остава на загреана тока да се загрее.

  2. Во сад се матат 2 јајца и се додава сечканиот спанаќ.

  3. Се додава смесата во тавчето и се пржи на тивок оган околу 3 до 4 минути

  4. Се става сирењето се остава уште некоја минута 

  5. Јајцата со спанаќ и сирење превртете ги и од другата страна, доколку сакате да бидат добро испржени.  

  1. Интегрален тост со авокадо и јајце

Потребни состојки:

  • Интегрален леб

  • Авокадо 

  • 2 јајца

  • Лимон

  • Грчки јогурт

Подготовка:

  1. На загреана тава ставете ги јајацата со цел да добиеме јајца на око превртете ги по 2 до 3 минути од кога ќе се запржат.

  2. Интегралниот леб ставете го исто така на тавата за да се потпечи.

  3. Во друг сад изгмечете го авокадото и додадете грчки јогурт, сол по желба. 

  4. Откако лебот и јајцата се готови, на лебот ставете од смесата на грчкиот јогурт и авокадото и ставете го јајцето најгоре.  

  1. Протеински смути со банана

Потребни состојки:

  • Банана

  • Млеко

  • Протеин

  • 1 лажица овесни снегулки

Подготовка

Во блендер ставете ги сите состојки и блендирајте до кремаста текстура. 

Здрави рецепти за ручек

Одлични рецепти за оние што бараат здрави рецепти за ручек кои се брзи и нискокалорични.

  1. Пилешки стек со зеленчук на скара

Потребни состојки:

  • Стек

  • Зеленчук (тиквички, пиперки, крставички…) 

  • Масло

  • Зачини

Подготовка:

  1. Премачкајте го стекот со маслиново масло и зачини и ставете го на грил скара околу 8 до 10 минути

  2. Зеленчукот треба да го исечкате на мали парчиња, но да не се меша

  3. Ставете го на скарата

  4. Може да послужите со лимон или некој сос по вкус. 

2. Ориз со зеленчук и соја сос

Потребни состојки: 

  • Ориз

  • Моркови, брокула и грашок

  • Соја сос

Подготовка:

  1. Сварете 1 чаша ориз.

  2. Пропржете ги морковите, брокулата и грашокот и додадете ги во претходно сварениот ориз. 

  3. Додадете малце соја сос и промешајте. Вашиот оброк е спремен за сервирање. 

3. Туна салата со макарони

Потребни состојки:

  • Конзерва туна

  • Макарони

  • Грчки јогурт

  • Пченица

  • Краставица

Подготовка:

  1. Сварете ги макароните

  2. Во друг сад измешајте ја туната со пченката и ситно сецканата краставица.

  3. Додадете грчи јогурт и добро промешајте.

  4. Ставете ги макароните во садот и повторно мешајте. 

  5. Може да додадете некои зачини по желба, вашиот оброк е готов!

4. Брза тава со јајца и зеленчук

Потребни состојки:

  • 2 јајца

  • 1 мала тиквичка или пиперка

  • 1 домат

  • Маслиново масло 

  • Сол и оригано

Подготовка:

  1. Ситно исечкајте го зеленчукот

  2. Пропржете го 3 до 4 минути со малку масло 

  3. Додадете ги јајцата директно во тавата.

  4. Измешајте ги јајцата во тавата

  5. На крај ставете сол и оригано. Вашиот оброк е спремен!

5. Тост со пилешка салата 

Потребни состојки:

  • 1 варено пилешко бело месо

  • 1 лажица грчки јогурт

  • Сол и бибер

  • Интегрален тост

  • 1 лист зелена салата

Подготовка:

  1. Исечкајте го вареното месо на ситни парчиња

  2. Измешајте го со грчки јогурт, сол и бибер

  3. Намачкајте го на интегрален тост и додадете го листот зелена салата. 

Овој оброк е брз, протеински и практичен. 

Здрави рецепти за вечера 

Перфектни здрави рецепти за вечера кои се лесни и брзи.

  1. Зеленчукова салата

Потребни состојки:

  • Морков

  • Целер

  • Тиквичка

  • Кромид 


Подготовка:

  1. Во тенџере ставете ги морковот, целерот, тиквичката и малку кромид.

  2. Прелијте со вода и оставете да се вари 25 минути 

  3. Зачинете по вкус. 

  1. Лосос во рерна

Потребни состојки: 

  • Лосос 

  • Лимон 

  • Сол и бибер

  • Брокула 

Подготовка:

Лососот извалкајте го со лимон, сол и бибер и печете 15 минути на 180 степени. Послужете со варена брокула. 

  1. Тортиља со пилешко и зеленчук 

Потребни состојки:

  • Пилешко месо

  • Пиперка, кромид и пченка

  • Тортиља


Подготовка:

  1. Пилешкото месо исечкајте го на ситни парчиња и ставете го да се испржи. 

  2. Додадете ги пиперката, кромидот и пленицата кои претходно исто така се иссечкани на ситни парчиња

  3. Сето завиткајте го во интегрална тортиља.

  1. Салата со јајце и авокадо

Потребни состојки: 

  • Авокадо

  • Домат

  • Варено јајце

  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. Исечкајте го авокадото и доматот и ставете ги во сад

  2. Додадете го и вареното јајце и прелијте со маслиново масло.

  1. Пржени печурки

Потребни состојки:

  • Шампињони 

  • Масло

  • Лук

  • Зачини по желба

Подготовка:

  1. Исечете ги шампињоните и ставете ги да се пржат со малку маслиново масло.

  2. Додадете ситно исечкан лук и зачини по желба. 

  3. Може да сервирате со свежа салата. 

Краток план за исхрана за слабеење 

Овој пример за план за исхрана е одлична поддршка ако сакате да следите здрава исхрана за слабеење или режим на исхрана за слабеење. 

Прв ден

  • Доручек: овесна каша

  • Ручек: пилешки стек со зеленчук

  • Вечера: салата со авокадо

Втор ден

  • Доручек: омлет со спанаќ

  • Ручек: ориз со зеленчук

  • Вечера: зеленчукова супа

Трет ден

  • Доручек: смути со банана

  • Ручек: туна салата

  • Вечера: лосос со брокула

Овој план може да го користите како основа или инспирација за вашиот план за исхрана. 

Совет: Доколку сакате здравата исхрана за слабеење да делува побрзо на важиот организам добро е да пиете вода и ги користите и Vitaslim. Тие помагаат при губењето на тежината и го зајакнуваат метаболизмот. 

Vitaslim е безбеден и ефикасен одговор за сите кои сакаат да ја контролираат својата тежина и да водат поздрав начин на живот.

Заклучок

Здрава исхрана не мора да значи комплицирани оброци или скапи состојки. Со овие 15 рецепти и практичните чекор по чекор упатства, можете лесно да создадете дневни менија кои ќе ви даваат енергија, ќе го подобрат вашиот изглед и ќе го поддржат вашето здравје. 

Без разлика дали сакате здрава храна рецепти мк за слабеење, повеќе енергија или пак промена во вашиот животен стил. Клучот за сето тоа е доследноста на паметните избори. 

Vitaslim е секогаш тука да ве поддржи и да ве поттикне да ги достигните вашите замислени цели!

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk