Сувата и оштетена коса најчесто е последица од често фарбање, неправилна нега или користење некавалитетни производи. Здрава и квалитетна коса бара постојано внимание и нега од висок квалитет.
Најдоброто решение обично е комбинација од третмани на природна база и докажани органски производи кои делуваат долгорочно.

Начини да се справиш со сува и оштетена коса
Во продолжение се наведени три ефикасни решенија за коса на која ѝ е потребна дополнителна нега и заштита.
1. Домашна маска за сува и оштетена коса
Домашните маски за коса се едно од најчестите и најдостапни решенија. Маската за коса со јајца е особено популарна и ефикасна, особено кај лица со кадрава коса.

Често се користат и маски со квасец, чии рецепти се едноставни и најчесто вклучуваат млеко, мед, квасец и жолчка од јајце. Маските на природна база можат значително да помогнат, но за целосен ефект најчесто е потребен и континуиран третман со соодветни производи.
2. Hair Max шампон за оштетена коса
Асортиманот на Hair Max производи, особено Hair Max шампонот за сува коса, претставува долгорочно решение за оштетена коса.
Формулата е збогатена со кофеин кој го стимулира растот на косата, како и пантенол кој помага во задржување на влагата и враќање на природниот сјај.

Овој шампон е наменет за редовна употреба и е соодветен за коса која е сува, слаба или хемиски третирана.
3. Масло и серум за сува коса
Постои погрешно мислење дека косата не треба да содржи масла. Всушност, кожата на главата природно лачи масти кои ја штитат и хранат косата. Со честото користење агресивни шампони со хемикалии, овој природен процес се нарушува.

Hair Max серумот делува како замена за овие природни масти. Клиничките резултати покажуваат значително намалување на опаѓањето на косата и подобрување на циклусот на раст. Серумот е особено корисен кај лица со хронично сува и оштетена коса.
Останати проблеми поврзани со косата
Занемарувањето на сувата и оштетена коса може да има сериозни последици за здравјето на кожата на главата и самото влакно.
Фарбана коса и оштетување
Честото и прекумерно фарбање ја оштетува структурата на влакното. Како последица, косата станува сува, кршлива и подложна на опаѓање. Кај потешки случаи, оштетувањето е подлабоко и бара подолг период на обновување.
Опаѓање на косата
Како последица на растење, стрес, акциозност, начин на живот и генетика, голем дел од нас се соочуваат и со опаѓање на косата. Единствно решение нема, но Hair Max колекцијата на Vitagen е чекор на правиот пат, за поздрава коса и посилно влакно, кое не паѓа.
Најчесто поставувани прашања за сува и оштетена коса
Колку често треба да се мие сува и оштетена коса?
Најчесто се препорачува миење 2–3 пати неделно со благ шампон без агресивни состојки.
Дали домашните маски се доволни за целосна обнова?
Домашните маски помагаат, но најдобри резултати се постигнуваат кога се комбинираат со квалитетни шампони и серуми.
Која е најчеста причина за сува коса?
Фарбање, топлински третмани (фен, пегла), агресивни шампони и недостаток на влага.
Дали маслата ја мрсат косата?
При правилна употреба и соодветна количина, маслата и серумите ја хранат косата без да ја отежнат.
Колку време е потребно за видливи резултати?
Вообичаено, првите подобрувања се забележуваат по 2–4 недели редовна нега.