Холестеролoт често се споменува кога се зборува за срцевото здравје и правилната исхрана. Иако луѓето имаат лоша слика за холестеролот, тој сам по себе не е штетен. Напротив, тој е неопходен за нормалната функција на човековото тело.
Проблемот се појавува кога неговото ниво во крвта е зголемено над дозволената граница. Тогаш тој почнува да создава различни болести за кардиоваскуларното здравје.
Во оваа статија ќе објасниме што точно е холестерол, зошто е неопходен за нас, кога се зголемува, какви последици може да има и како да го спречиме неговото зголемување.
Што е холестерол?
Холестерол е природна масна супстанца која се создава во црниот дроб и е присутен во секоја клетка од нашиот организам. Ако се прашувате за холестерол значење и за неговата улога во човековото тело, прочитајте го следното:
Тој е потребен за повеќе битни процеси:
-
Изградба и одржување на клеточните мембрани.
-
Синтеза на хормони како естрогенот, тестостеронот и кортизолот.
-
Производство на витамин Д.
-
Создавање киселини кои овозможуваат варење на мастите
Иако телото произведува доволно холестерол, дел внесуваме преку нашата исхрана, најмногу преку производите од животинско потекло како што се јајца, месо и млечни производи.
Типови на холестерол
Најпознатите типови на холестерол се LDL исто така познат како “лош холестерол” и HDL кој е познат како “добар холестерол”.
LDL значење
LDL холестеролот го пренесува холестерол од црниот дроб до клетките.
Кога неговото нивото е превисоко, вишокот холестерол се таложи на ѕидовите на артериите, создавајќи масни наслаги (плак) што доведуваат до стеснување и стврднување на крвните садови.
HDL значење
HDL холестеролот има спротивна улога, тој го собира вишокот холестерол од крвните садови и го враќа назад во црниот дроб каде тој се обработува.
Се смета дека високото ниво на HDL е важно за заштита на срцето и намалување на ризици од различни кардиоваскуларни болести.
Нормални холестерол вредности мк

Според препораките на голем број здравствени организации, идеалните нивоа на липиден профил се:
-
Вкупен холестерол: под 5.0 mmol/L
-
LDL холестерол: под 3.0 mmol/L (за здрави лица) или под 1.8 mmol/L (за лица со кардиоваскуларен ризик)
-
HDL холестерол: над 1.0 mmol/L кај мажи и над 1.2 mmol/L кај жени
Овие нивоа се менуваат во зависност од возраста, полот и други здравствени состојби.
Причини за покачен холестерол
Зголемените нивоа на холестерол можат да се јават поради различни фактори:
-
Нездрава исхрана - редовно јадење на заситени масти (пржена храна, брза храна) и транс-масти (индустриски печива, маргарин, зејтин).
-
Недоволна физичка активност - недоволното вежбање го намалува HDL холестеролот и го зголемува LDL холестеролот.
-
Генетски предиспозиции - некои луѓе генетски наследуваат фамилијарна хиперхолестеролемија, која прави организмот да произведува повеќе холестерол од тоа што е потребно.
-
Пушење цигари и пиење алкохол - цигарите го намалуваат нивото на HDL, а пиењето на големи количини алкохол го зголемува ризикот од висок холестерол и триглицериди бидејќи му наштетува на црниот дроб.
-
Други заболувања - дијабетес, дебелина, заболувања на тироидната жлезда и болести на бубрезите често го нарушуваат липидниот профил.
Висок холестерол - симптоми
Високoто ниво на холестерол често нема симптоми и е познат како „тивок непријател“. Ако не се открие на време, може да предизвика сериозни компликации со вашето здравје:
-
Атеросклероза - собирање на масни наслаги во артериите, што предизвикува нивно стеснување и намалена циркулација.
-
Срцев удар - кога масните наслаги ќе предизвикаат блокада на коронарните артерии.
-
Мозочен удар - доколку дојде до прекин на проток на крв во мозокот.
-
Болести на периферните артерии - нарушен проток на крвта во екстремитетите.
Овие последици можат сериозно да влијаат врз квалитетот и должината на животот.
Дијагностика
Покачениот холестерол се открива преку лабораториска анализа наречена липиден профил, која ги мери вредностите на вкупен холестерол, LDL, HDL и триглицериди. Важно правило е дека пред вадење на крв не смее да се јаде 8-12 саати, а смее да се пие само вода. Алкохол не смее да се консумира 24 саати пред тестирањето.
Лекарите препорачуваат првата контрола да се направи во раните години (околу 20 години), а потоа на секои 4 до 6 години доколку нема ризични фактори. Кај лица со зголемен ризик (пушачи, дијабетичари, лица со семејна историја на срцеви заболувања), контролите треба да бидат почести.
Како да се намали холестерол и превенција
Лечење на високиот холестерол се прави со промена на начинот на живот и по потреба со терапии со лекови.
Повишен холестерол шта јести?
Доколку имате високи нивоа на холестерол, направете ги следните промени во вашата секојдневна исхрана:
-
Намалување на заситени масти (мрсно месо, сирења со висок процент на масти).
-
Избегнување на транс-масти (индустриски колачи, маргарин, брза храна, зејтин).
-
Зголемување на внес на овошје, зеленчук, интегрални житарки и мешунки.
-
Вклучување на здрави масти - маслиново масло, јаткасти плодови, семки и риба богата со омега-3 масни киселини.
-
Користење на традиционалнa природна медицина ткн. - “бабин лек” за холестерол.
Зголемена физичка активност
Редовното вежбање (брзо пешачење, трчање, велосипедизам, пливање) најмалку 30 минути дневно помага за зголемување на HDL и намалување на LDL холестеролот.
Промена на животни навики
За најдобро намалување на високиот холестерол, мораме да ги промениме нашите животни навики:
-
Престанување со пушење - значително го подобрува нивото на LDL.
-
Намалување со консумацијата или потполно откажување на алкохол.
-
Контрола на телесната тежина.
- Користете го нашиот суплемент Vitaslim.
Медицински третман
Ако промените во стилот на животот не се доволни, лекарот може да препише лек за холестерол во крвта:
-
Статини - најчесто користена терапија за намалување на LDL.
-
Фибрати - особено корисни за намалување на триглицериди.
Терапијата секогаш се прилагодува индивидуално и мора да се спроведува под надзор на лекар.
Заклучок
Холестеролот е неизбежен и неопходен дел од човечкото тело, но неговите нивоа мора да бидат внимателно одржувани.
Високите нивоа не покажуваат симптоми, но со тек на време тие можат да предизвикаат сериозни и опасни последици по здравјето. Редовните лекарски контроли, здравата исхрана, физичката активност и одржувањето на здрави животни навики се најдобрите начини за превенција.
Кога е потребно, медицинската терапија дополнително ја намалува опасноста од кардиоваскуларните заболувања. Со правилна грижа и информираност, секој може да го држи холестеролот под контрола и да обезбеди долг и квалитетен живот.