Холестеролот е природна супстанца во човековото тело, која има важна улога во создавањето на различни хормони, витамин D и градбата на клеточните мембрани.
При појава на повишен холестерол може да дојде до натрупување на масни наслаги во крвните садови. Поради тоа со тек на време повишениот холестерол значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го преоптоварува црниот дроб и другите органи.
Високиот холестерол е тивок непријател на телото, но остава трајни последици на срцето и крвните садови.
Што е тоа повишен холестерол и кои се неговите симптоми?
Повишениот холестерол е состојба на покачување на мастите во крвта над нормалната граница. Повишен холестерол може да доведе до дисбаланс на целото тело и да влијае на функционирањето на срцето, крвните садови и целокупната циркулација.
Постојат повеќе видови на холестерол, но луѓето најчесто се соочуваат со два типа:
-
LDL или лош холестерол
-
HDL или добар холестерол.

LDL или лош холестерол
Овој тип се пренесува од црниот дроб до клетките.
Во прекумерни количини, се таложи во артериите и создава атеросклероза, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар и сам по себе обично не предизвикува видливи симптоми.
Тој тивко се таложи во ѕидовите на артериите и постепено ја намалува циркулацијата, затоа често се открива дури кога веќе има сериозни последици.
Сепак при многу висок LDL холестерол можат да се јават индиректни симптоми или знаци на повреда на крвните садови како:
-
Болка или стегање во градите – собено при физичка активност.
-
Замор и слабост – поради намален проток на крв до мускулите и органите.
-
Недостаток на воздух – ако срцето не добива доволно кислород поради стеснети артерии.
-
Болки во нозете при одење – ако артериите во нозете се стеснети.
Понекогаш дел од масните наслаги во артеријата може да се “одлепи” и да влезе во крвотокот. Тоа може да предизвика згрутчување на крвта и да го блокира крвоткот во артеријата, што води до мозочен или срцев удар.
Може да се превенира со научно поткрепен пијалоци како Vitaslim.
Горна граница на LDL холестеролот
Горната граница се мери во миллиграм на децилитар крв (mg/dL). Кај возрасните LDL се мери вака: безбедно: под 100 mg/dL, прифатливо: од 100 - 129 mg/dL, висок: од 130 - 159 mg/dL и многу висок: 160 mg/dL и повеќе
За луѓе со висок ризик од срцеви болести, лекарите понекогаш препорачуваат LDL холестеролот да биде под 70 mg/dL.
HDL или добар холестерол
Добриот холестерол пренесува вишок холестерол од клетките и артериите назад во црниот дроб, каде се разградува.
Високите холестерол вредности на HDL се добри за срцето односно делуваат како заштитник и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Долна граница на HDL холестеролот
Ниско ниво на HDL холестеролот е штетно за здравјето, кај возрасните HDL се мери вака: ниско: под 40 mg/dL, нормално: 41 - 59 mg/dL и најпосакуваното односно високо: над 60 mg/dL.
Причини за повишен холестерол
Повишениот холестерол најчесто е резултат на различни фактори кои влијаат на телото и метаболизмот. Главните причини вклучуваат:
-
Заситени и транс-масти - телото складира повеќе LDL
-
Недоволно движење - мастите не се согоруваат
-
Прекумерна тежина - помалку HDL, повеќе LDL
-
Пушење - намалување на “добриот” холестерол
-
Генетика и стареење - природно зголемување на ризикот
-
Болести (дијабетес, тироидна жлезда) - нарушена рамнотежа на мастите
Бидејќи овие фактори се неизбежни во нашите животи, нивните несакани дејствија можат да се спротивстават со додатоци во исхраната како Vitaslim.

Како да го намалите лошиот холестерол
Повишениот LDL, односно лошиот холестерол, може да се намали со здрав начин на живот.
Редовното движење, одржувањето на нормална телесна тежина, откажување од пушењето и добро управување со стресот помагаат да се подобри балансот на мастите во крвта. Дополнително редовните проверки со следење на холестеролот и крвниот притисок помага во детекција и со тоа може да се превентира.
Секоја здрава одлука директно влијае врз намалување на ризикот од холестерол.
Што да јадете при повишен холестерол
Сѐ се засонова на здрава исхрана. За да го намалите “лошиот” холестерол, обидете се да јадете повеќе:
-
Свежо овошје и зеленчук - брокула, спанаќ, моркови и зелка
-
Риба богата со омега 3 масни киселини - лосос, скуша или сардина
-
Житарици и зрна - овес, интегрални житарици, леќа и грав
-
Здрави масти - маслиново масло, авокадо, ореви и семки (го зголемуваат “добриот” холестерол и го намалуваат “лошиот”)
Kако и да го ограничите внесувањето на: заситени и транс - масти како путер, сирење, пржена и преработена храна, шеќер и брзи јаглехидрати како бонбони, слатки и бел леб.
Заклучок
Повишениот холестерол е тивок непријател на нашето тело, кој при задоцнета дијагноза може да доведе до несакани последици на скоро сите органи.
Најдобар лек за холестерол е физичка активност која го спречува повишениот холестерол. За жал, повеќето од нас немаме достаточно време да посветиме за нас. Обврските како работата и семејните активности им ограничуваат на мнозината од луѓе да достигнат совршено здравје.
Сепак постои решение преку контролирање на исхраната. Како што вели пословицата: „Ние сме тоа што го јадеме“. Додатоци во исхраната можат да ја надминат физичката неактивност, а притоа да немаат никакви непожелни контраиндикации.