Човек со прекумерна тежина држи чинија со храна – потреба од лек за висок холестерол и промена во исхраната

Лек за висок холестерол? Докажани лекови и третмани

Човек со прекумерна тежина држи чинија со храна – потреба од лек за висок холестерол и промена во исхраната

Високиот холестерол претставува еден од најчестите здравствени проблеми во денешницата и за жал неговата преваленца и присуство во светското население е сè повисока.

Оваа несакана состојба претставува тивок ризик фактор за срцето и крвните садови која често се открива случајно при рутински прегледи.

Вистината е дека контролата на холестеролот е клучно за превенција на атеросклерозата, срцев и мозочен удар кои претставуваат дел од несаканите последици од високиот холестерол.

Што претставува холестерол?

Холестеролот претставуа масна супстанца која се создава во црниот дроб, но и се внесува преку храната.

Иако му е потребен на човековиот организам за изградба на некои и клетки и хормони, прекумерното количество на ЛДЛ или „лош“ холестерол доведува до таложење во ѕидовите на крвните садови, што ја намалува нивната еластичност и доведува до циркулаторни нарушувања.

Од друга страна ХДЛ или „добриот“ холестерол помага да се отстрани вишокот ЛДЛ во телото.

Нормални вредности на холестеролот во крвта е:

  • ЛДЛ: треба да е присутен во помалку од 3.0 mmol/L, секоја вредност над 4.1 се смета за ризична состојба.

  • ХДЛ: што повисоко, толку подобро. Концентрација под 1.0 mmol/L укажува на лошо регулирано масно ниво во крвта.

Докажани медицински лекови за висок холестерол

Меѓу најчесто даваните препарати за намалување на нивото на холестерол во крвта се:

  • Статини - аторвастатин, симвастатин, розувастатин

Овие се најпознатите лекови за покачен холестерол. Тие го блокираат ензимот кој учествува во создавањето на холестеролот во црниот дроб. Докажано ја намалуваат веројатноста за срцев удар и мозочен удар.

  • Езетимиб

Делува со блокирање на холестеролската апсорпција од страна на цревата. Често се користи во комбинција со статините за подобар ефект.

  • Фибрати

Помагаат при високи триглицериди и умерено го зголемуваат ХДЛ.

Природни третмани и промени во стилот на живот

Нездраво јадење што предизвикува холестерол

Фармаколошките лекови се ефикасно, но природните решенија и промената на секојдневните навики често имаат подеднакво значајно влијание.

1. Green Super Foods

Современите истражувања покажуваат дека некои растителни суперхрани како спирулина, хлорела, јачменова трева, моринга и matcha зелениот чај можат да придонесат за подобар липиден баланс.

Овие „green super foods“ се богати со антиоксиданси, хлорофил и растителни влакна кои го намалуваат лошиот холестерол и го поттикнуваат метаболизмот.

2. Чаеви за холестерол

Одредени чаеви имаат природно хиполипидемичко дејство односно го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

  • Зелен чај: намалува ЛДЛ и зголемува ХДЛ

  • Чај од ловоров лист: ја подобрува циркулацијата и го регулира крвниот притисок

  • Чај од артишок: ја поттикнува работата на црниот дроб и елиминацијата на масти

Редовно пиење на овие чаеви во комбинација со здрав режим може значително да придонесе кон нормализирање на вредностите на липидите во крвта.

Современи додатоци и суплементи во исхраната

На пазарот постојат додатоци кои комбинираат природни екстракти и нутриенти за поддршка на здрави масти во крвта.

Еден од најпознатите е Vitaslim, природен суплемент кој содржи комбинација на растителни влакна, антиоксиданси и екстракти од зелени растенија.

Овој суплемент помага во:

  • Подобра дигестија на масти

  • Регулирање на апетит и телесна тежина

  • Намалување на нивото на ЛДЛ холестерол

Со редовно користење Vitaslim може да биде корисен природен сојузник во комбинација со здрав режим и исхрана богата со зеленчук, овошје и цели зрна во борбата против високиот холестерол.

Исхрана за нормализирање на холестеролот

Клучот е во балансирана исхрана за холестерол. Препорачуваме:

  • Намалување на внесот на заситени масти и транс-масти

  • Зголемен внес на растителни влакна (овес, ленено семе, мешунки)

  • Консумирање на риба богата со омега-3-масните киселини (лосос, скуша, сардина)

  • Додавање на авокадо, маслиново масло и јаткасти плодови во исхраната

Овие промени не само што помагаат во контрола на холестеролот, туку и го зајакнуваат срцето и крвните садови.

Мала промена денес, голема разлика утре!

Високиот холестерол може да биде сериозен ризик, но и целосно контролибилен со правилен пристап.

Комбинацијата на медицински лекови, природни суперхрани, чаеви и додатоци во исхраната нуди целосен и ефикасен пристап кој здраво ниво на холестерол.

Најважно е редовно да се проверуваат вредностите и да се консултира лекар при секоја промена.

Здравото срце започнува со информиран избор, затоа направете ја првата промена денес!

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk