Дијабетес мелитус тип 1 е хронично заболување при кое панкреасот престанува да лачи доволно инсулин. Инсулин е хормонот што му овозможува на шеќерот од крвта да влезе во клетките и да се користи како енергија.
Без инсулин, нивото на шеќер во крвта нагло расте, што со време доведува до оштетување на крвните садови, нервите и органите. Тоа е состојба која трае цел живот, но со добра контрола и правилен стил на живеење, лицата со дијабетес тип 1 можат да водат активен и квалитетен живот.
Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа β-клетките во панкреасот кои го создаваат инсулинот. Овој автоимуен процес најчесто започнува во детството или адолесценцијата, но може да се појави и кај возрасни лица. Кога поголемиот дел од клетките ќе се уништат, организмот речиси и да не создава инсулин, па лицето мора да го прима преку инјекции или инсулинска пумпа.
Важно е да се нагласи дека дијабетес тип 1 не настанува поради многу јадење слатко или нездрава храна. Генетиката и автоимуниот одговор имаат најголема улога, иако фактори од средината како вирусни инфекции, стрес, други влијанија можат да го активираат или убрзаат процесот.
Како да ги познаете симптомите на дијабетес тип 1
Симптомите на дијабетес тип 1 обично се појавуваат нагло, за неколку недели некогаш дури и за неколку дена. Ако ги забележите овие дијабетес симптоми кај себе или кај вашето дете, важно е веднаш да се јавите на лекар:
-
силна, постојана жед
-
често мокрење, особено ноќе
-
ненадејно слабеење иако апетитот е зголемен
-
силен замор и поспаност
-
сувост во устата и кожата
-
заматен вид
-
чести инфекции (уринарни, габични, инфекции на кожата)
-
кај деца понекогаш и повторно појавување на мокрење во кревет
Во потешки случаи може да се развие дијабетична кетоацидоза што е состојба со сипмтоми на:
-
мачнина
-
повраќање
-
болки во стомак
-
забрзано дишење
-
мирис на ацетон од устата
Дијабетична кетоацидоза се појавува нагло и бара итна хоспитализација.
Разлика помеѓу дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2

Често се мешаат поимите дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 затоа што во двата случаи во анализите се појавува истото: покачен шеќер во крвта. Сепак, причините за појавата на овие два типа дијабетес не се исти и затоа и третманот изгледа поинаку.
Кај дијабетес тип 1 имунолошкиот систем ги напаѓа и постепено ги уништува клетките во панкреасот што го создаваат инсулинот. Кога тие клетки ќе се оштетат, панкреасот речиси и да не произведува инсулин.
Телото останува без овој важен хормон и шеќерот тешко влегува во клетките. Затоа лицето од самиот почеток мора да прима инсулин во форма на инјекции или со инсулинска пумпа и внимателно да го усогласи внесот на храна и физичката активност со дневната доза инсулин.
Кај дијабетес тип 2 ситуацијата е поинаква. Панкреасот создава инсулин, понекогаш дури и повеќе од вообичаено, но клетките во телото стануваат нечувствителни на него. Ова се нарекува инсулинска резистенција.
Овој тип дијабетес најчесто се поврзува со прекумерна телесна тежина, помалку движење и нездрава исхрана. Затоа првиот чекор обично е промена на навиките: поуредна исхрана, повеќе физичка активност и намалување на килограмите.
Ако тоа не е доволно за да се среди шеќерот во крвта, лекарот воведува терапија со таблети за дијабетес тип 2, а кај дел од пациентите подоцна може да се додаде и инсулин.
Значи и дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 доведуваат до висок шеќер во крвта, но причините и начинот на лекување се различни, па затоа е важно точно да се знае за кој тип станува збор.
Совети за третман на дијабетес тип 1
Основата на третманот кај дијабетес тип 1 е инсулинската терапија. Бидејќи телото веќе не создава доволно инсулин, потребно е овој хормон да се внесува однадвор неколку пати во денот. Постојат брзоделувачки, бавноделувачки и комбинирани видови инсулин, а лекарот одлучува кој режим е најсоодветен според возраста, телесната тежина, дневните активности и навиките во исхраната.
Освен инсулин, многу важна е и самоконтролата. Тоа значи редовно мерење на шеќер во крвта со глукометар или со континуиран сензор, водење дневник за вредностите, дозите на инсулин и внесената храна.
На овој начин и пациентот и лекарот подобро гледаат како организмот реагира и можат да ја прилагодат терапијата. Целта е вредностите на шеќерот и на HbA1c да бидат во рамките што ги препорачал ендокринологот, за да се намали ризикот од компликации.
Многу луѓе пребаруваат поимите дијабетес тип 1 излекување или како да се победи дијабетес за 15 дена. Важно е да се знаете дека во моментот нема брз и траен лек што целосно го отстранува дијабетесот тип 1. Болеста не може „да се изгаси“, но може одлично да се контролира. Со правилно дозирање инсулин, здрави навики и редовни контроли, лицата со дијабетес тип 1 можат да имаат нормална должина и квалитет на живот.
Препорачана исхрана за дијабетес тип 1

Исхраната е вториот столб во контролата на дијабетесот. Дијабетес тип 1 исхрана не значи гладување или целосно откажување од омилената храна, туку подобро планирање на оброците и внимателен избор на намирници.
Општо земено, се препорачува храната да биде богата со:
-
зеленчук
-
интегрални житарки
-
мешунки
-
јаткасти плодови
-
квалитетни протеини
-
здрави масти
Јаглехидратите не треба да се исфрлат, но е важно да се избираат повеќе сложени јаглехидрати и да се избегнуваат:
-
газирани сокови
-
индустриски слатки
-
големи порции бел леб и тестенини
Многу пациенти учат да ги бројат јаглехидратите и според тоа да ја прилагодат дозата на брзиот инсулин пред оброк. Така полесно се избегнуваат големи повишувања на шеќер во крвта. Нутриционист или дијабетолошка сестра може да помогне да се направи индивидуален план на оброци, кој одговара на вашиот распоред, работа и физичка активност.
Физичка активност и секојдневен живот
Редовното движење е корисно за сите, а особено за лицата со дијабетес. Физичката активност ја подобрува чувствителноста на клетките на инсулин, помага во регулирање на телесната тежина, го зајакнува срцето и го подобрува расположението.
Кај дијабетес тип 1 важно е однапред да се испланира вежбањето. Пред и после физичка активност треба да се провери шеќерот во крвта, а по потреба да се изеде мал оброк со јаглехидрати или да се коригира дозата на инсулин. На тој начин се избегнуваат хипогликемии, односно премногу ниски вредности на шеќер за време или по вежбањето.
Иако живеењето со дијабетес бара повеќе планирање, со време тоа станува дел од секојдневната рутина. Со добра организација може без проблем да се патува, да се работи, да се спортува и да се ужива во омилените активности.
Регулирање на тежина и поддршка со Viraslim
Многу лица со дијабетес тип 1 имаат и проблеми со телесната тежина, особено ако користат поголеми дози инсулин или имаат седечки начин на живот. Зголемената тежина дополнително го оптоварува организмот, го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и може да ја влоши инсулинската резистенција кај лицата што се гранично помеѓу дијабетес тип 1 и тип 2.
Тука на сцена може да влезе Vitaslim како дел од планот за поздрав стил на живеење. Vitaslim е додаток во исхраната на Vitagen кој содржи глукоманан од корен од коњак, растителни влакна од јаболко и инулин од цикорија.
Овие состојки помагаат да се создаде чувство на ситост, го поддржуваат дигестивниот систем и го олеснуваат контролирањето на апетитот и внесените калории. На тој начин Vitaslim претставува природен начин за слабеење и одржување на тежината, што особено е важно кај лицата со шеќерна болест и кај оние со ризик за дијабетес тип 2.
Многу важно е да се нагласи дека Vitaslim не е лек и не може да го замени инсулинот или таблетите за дијабетес тип 2 што ви ги препишал лекар. Тој служи како дополнителна поддршка за регулирање на апетитот и тежината во комбинација со здрава исхрана и редовна физичка активност.
Ако имате дијабетес тип 1, пред да започнете со Vitaslim задолжително консултирајте се со вашиот ендокринолог или матичен лекар. Тие најдобро знаат каква е вашата терапија и ќе проценат како овој додаток може да се вклопи во вашиот дневен режим.
Заклучок
Дијабетес мелитус тип 1 е состојба што бара постојана грижа, но не значи дека животот мора да биде ограничен. Со правилно избрана инсулинска терапија, внимателно планирана исхрана, редовна физичка активност и добро следење на вредностите на шеќер во крвта, можно е да се одржи стабилна состојба и да се спречат компликации.
Во таа слика се вклопуваат и додатоци како Vitaslim, кои можат да помогнат во регулирање на апетитот и телесната тежина, секако по консултација со лекар.