20 дена диета: 8 килограми помалку

20 дена диета: 8 килограми помалку

20 дена диета: 8 килограми помалку

Оваа диета станува се повеќе популарна но со добри причини.

Често пати сакаме да ослабеме за кратко време, дали за летната сезона или пак за некој настан. Оваа диета го овозможува тоа.

Со добро планирање и дисциплина оваа диета не е воопшто тешка.

Ајде да видиме што оваа ефикасна диета опфаќа.

Жена како слабее со диета 20 дена

Основни правила на диетата

Клучот на повеќето диети за слабеење е калорискиот дефицит. Што значи тоа?

Калориски дефицит е кога телото троши повеќе калории од што внесува, а тоа се случува на три начини. Кога имаме повеќе физичка активност, кога јадеме помалце (сме на диета) или комбинација од двете. Со оваа диета вие без физичка активност ќе бидете во дефицит и ќе го стопите салото а при тоа да не се изгладнувате.

Во оваа диета за слабеење на стомак ви е забрането внесување газирани пијалоци (зеро пијалоците се дозволени) и алкохол.

Јадењето се базира на протеини, здрави шеќери и масти.

Дневно мени

Бидејќи ова не е брза диета за 7 дена, оброците се разновидни со цел да биде полесно.

За појадок може да направите омлет од 2 јајца со спанаќ и домат со некое парче интегрален тост. Може да го замените омлетот со варени јајца за дополнителен ефект. Ужина доколку сте гладни низ текот на денот може да е јаболко, грчки јогурт или пак бадеми.

За ручек печено пилешко со салата, со тоа што ручекот може да го варирате. На пример 2-3 дена пилешко па 2 дена риба, 1 ден вегетаријански оброк со леќа или пак тофу.

Поентата на ручекот е да имате главно јадење полно со протеин подржано од некоја лесна салата за растителни влакна. Ова е диета со домати, краставици и други здрави зеленчуци.

За вечера печена риба со брокула и малку киноа од страна, некогаш може и да вклучите смути во диетата. Еднаш неделно дозволено е да имате вечера по ваш избор но сепак внимавајте на количината.

Доколку сакате повеќе идеи пребарајте здрава исхрана рецепти и ќе најдете многу добри оброци.

Совети за успех

Најдобар совет е да вклучите физичка активност од било кој тип, бидејќи така ќе ослабете побрзо. Дали тоа ќе бидат вежби, пешачење, трчање, спорт и сл не е битно.

Најдете нешто што ви е интересно и правете го често. Исто така пијте многу вода, особено пред јадење. Водата ќе ве засити побрзо и нема да се прејадете.

Ако можете подготвувајте ги јадењате пред време со цел да не бидете уморени при приготовката на било кој од оброците. Мерете ги порциите со чинијата додека не стекнете чувство за количината.

Доколку дадете се од себе ќе успеете да ја остварите вашата цел со оваа најдобра диета.

Често поставувани прашања

Дали со диета за 1 месец 10кг може да се ослабе?

Може но таа диета ќе е доста ограничувачка и во избор на јадење и во количина.

Доколку не сте навикнати можно е да се чувствувате изгладнето и да ви биде тешко.

Најчесто тие килограми што се губат на почетокот се вода а дури подоцна се горат мастите.

Колку се добри брзите диети како популарната диета за 3 дена 5 кг?

Оваа диета работи но во тие три дена вие ќе бидете премногу изгладнети и ќе се чувствувате без енергија.

Оваа диета не е препорачлива за голем процент од луѓето бидејќи може да биде опасна.

Освен ако не морате да изгубите толку килограми за толку кратко, не ја препорачуваме оваа диета.

Побарајте диети кои ветуваат како диета со јајца која ви помага да станете здрави.

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk