Денес живееме во свет што трча побрзо од нашите мисли, а обврските се множат како мравки околу кришка леб. Многумина се трудат да одржат здрави навики но времето секогаш некако успева да се измолкне.
Разни презентации се предаваат во училиштата, гледаме пирамиди на исхрана во учебниците, создаваме здрава исхрана презентација PDF за различни проекти или пак ги листаме лесно заборавените - здрава храна PPT презентации од часовите по биологија. Но кога се ќе оставиме доаѓа реалноста и тоа звучи: „Што ќе јадам сега?“
Затоа се појавува идејата што го менува правилото на игра, доаѓаме до практично решение: здрава храна достава.
Што е здрава исхрана достава?
Храна која што е внимателно подготвена, балансирана и свежа, која доаѓа до твојата врата како мала порција грижа за твоето тело и ум.
Со ова решение твојата кујна може да биде спокоен и чист остров, а сепак да јадеш здраво, свежо и балансирано. Нутритивно без хаос од тенџериња, тави, како и лупење на зеленчук и друго.
Ние ќе ти помогнеме да разбереш како можеш да си го одбереш најдоброто мени, како да ги следиш цените, како да избереш достава што одговара на твојот стил на живот и да создадеш нови и здрави навики за вистинска и долготрајна трансформација на твојот живот.
Зошто да избереш здрава исхрана достава?
Замисли рутина во која не се будиш со мисла што ќе готвиш, не брзаш на пауза да купуваш брза храна, не вечераш што останало.
Ти се будиш, си го подготвуваш утринското кафе а веќе храната е спремна и топла, нема потреба да броиш и да пресметуваш калории затоа што истата е балансирана.
Предности кои ги добиваш
Со оваа достава на храна, заштетувате време и ментална енергија. Се воведува ред и исхранителна дисциплина, нуди балансирани порции без прејадување, помага при слабеење и фитнес цели, идеална е за студенти, професионалци, родители и спортисти. Не ти дава можност да нарачуваш брза и не здрава храна.
Но најважно од се, се грижи секој оброк да ти е како мало потсетување на тоа „Гледај, грижи се за себеси“. Храната ти станува партнер, а не непријател.

Како да избереш квалитетна здрава исхрана достава
Не секоја „здрава достава“ е секогаш навистина здрава. Еве водич како можеш да се осигураш дека храната која ја нарачуваш е навистина здрава.
-
Проверувај мени и состојки
Барај свежи намирници кои ќе бидат доволно за заситување. Избегнувај оброци со: сосови со многу маснотии, бел или тестенини како основа, премногу пржено.
Претпочитај на варена храна, печени намирници, целозрнести производи како и разновиден зеленчук и овошје.
-
Побарај нутритивни информации
Добар сервис од страна на доставувачите обично наведува: калории, протеини, масти, јаглехидрати. Тоа ти овозможува да си го планираш и да го следиш својот прогрес.
-
Флексибилност во планови
Овој начин на здрава услуга, т.е здрава исхрана достава нуди:
-
Дневни и неделни менија
-
Фитнес оброци
-
Планови за слабеење
-
Вегетарјански или веган опции по барање
Добро е ако има опција и да го паузираш планот, па повторно да го стартуваш.
-
Освртни коментари и препораки
Нешто многу важно е тоа да се разгледаат и искуствата на другите со таа достава, прочитај искуства и препораки на други корисници.
Доколку ресторанот има само фотографии, без некои искрени рецензии тука може да се крие нешто кое не е посакувано да се виде од нивна страна.
HOW-TO водич: како да започнеш со здрава исхрана со достава
Да преминеш од „утре почнувам“ во „веќе го правам тоа“ е уметност, Еве начин како тоа може да функционира.
Чекор 1: Дефинирај цел
Дефинирај ја целта која ја сакаш, како на пример што е тоа што би сакал да постигнеш?
-
Слабеење
-
Тонус и енергија
-
Подобро здравје и исхрана
-
Време и удобност
Запиши: „Јас би сакал да јадам здраво за да се чувствувам подобро, да имам енергија и да ослабам некое килце..“
Чекор 2: Избери свој план
Повеќето сервиси нудат тип на мени и за кого е истиот
|
Тип на мени |
За кого е |
|
Balanced |
За ошто здравје |
|
Protein-fit |
За вежбање |
|
Weight-loss |
За губење калории и килограми |
|
Plant-based |
Вегетаријански |
Чекор 3: Комбинирај со реална рутина
Ако секој ден јадете надвор со пријатели, одбери 5-дневен план. Доколку воопшто не стигнуваш да готвиш дома тогаш најмногу одговара целосен план.
Чекор 4: Вклучи течности и ужини
Здравата исхрана не треба да значи изгладнување на организмот, затоа додај вода, овошје, јатки, чаеви како и интересни протеински оброци.
Чекор 5: Хидратација
Најчестиот пропуст што се прави е не доволно внесување на вода.
Цел: од 6 до 10 чаши дневно.

Чекор 6: Следи ги своите резултати
Најдобро следење на своите резултати е слика пред и после, белешки за енергија и слично. Но сепак промената не е само број, туку и како се чувствуваш.
Ако јадеш пица или бургер, не значи дека си изгубила се до тој момент. Здравата исхрана не треба да биде казна туку баланс.
Корисни алатки за планирање на оброци
Постојат различни видови на апликации и дневници кои се користат за планирање на оброци, на пример: MyFitnessPal е една од најкористените апликации за броење на калории, оброци и слично. Води дневник за оброци и MEAL PREP идеи како резервна опција.
Пирамида на исхрана
Паметно планирана достава мора да ја следи логиката на здравата исхранителна пирамида.
-
Основа: зеленчук, салати, целозрнести јаглехидрати
-
Средина: посни протеини и овошје
-
Врв: здрави масти и умерени количини на слатко
Тоа не е диета. Тоа е градежен материјал за тело кое ќе живее долго, силно и мирно.
Практични совети за одржување на навиката
-
Договорете неделни оброци однапред
-
Посветете 20 минути дневно за движење
-
Заменете ноќни грицки со топол чај
-
Поставете мали но реални цели
Навиките бараат континуитет, не перфекција.
Заклучок
Здрава исхрана достава не е луксус. Тоа е стратегија за модерно, функционално и здраво живеење. Јадењето е грижа, а грижата е љубов кон себе.
Почни денес, со првиот здрав оброк што ти доаѓа пред врата, време е да се грижиш за себе.