Колагенот е влакнеста мрежа што ги држи клетките заедно, ги полира контурите на лицето, ги амортизира ударите во зглобовите и ја задржува кожата цврста како свежо развиена пролетна трева. Но со тек на времето во нашето тело се намалува производствот на колаген. Па затоа тука треба да гонадоградуваме тој остаток со колаген течен.
Течниот колаген страна еден од најпопуларните додатоци во исхраната во последниве неколку години. Се користи за поддршка на кожата, косата, ноктите и зглобовите.
Се прашуваш дали нависнина функционира или е само маркетинг тренд? Тука ќе ти објаснеме што е, кој се неговите придобивки, потенцијални ризици, резутати и како да го избереш најдобриот колаген течен на пазарот.
Што е колаген?

Колагенот е најзастапуваниот протеин во човечкото тело. Тој ја одржува кожата цврста, еластична и хидрирана; ги штити зглобовите и коските; ги зајакнува ноктите и косата и ја одржува структурата на ткивата, мускулите и лигаментите.
Со тек на времето и поради влијанијата околу како што се стрес, сонце, шеќер, пушење, недостаток на сон или хормонални промени, нивото на колаген опаѓа. Како резултат на тоа се добиваат фини линии, опуштена кожа, болни зглобови, кршливи нокти, сува коса и поспоро заздравување на ткивата.
Колаген течен
Течниот колаген е суплемент што најчесто се произведува од хидролизиран колаген. Тоа значи дека колагенот е расцепен на помали делови за да може послесно да се апсорбира.
Постои во форма на ампули, пијалоци и концентрати. За многумина, тоа е попрактична форма од прав или таблети.
Зошто се бара?
Течниот колаген е преработен со што телото го апсорбира брзо . Се пие како дневен шот, колаген пијалок или пак како ампули.
Многу мина го избираат поради тоа што е вкусен и неутрален, нема потреба да се меша со шејкови или други пијалоци, делува побрзо, лесно се носи сегде и се консумира.
Како делува течниот колаген
Кога ќе го испиеш колагенот почнува да се разложува на аминокиселини, телото ги препознава и ги користи како суровина за создавање на нови колагенски влакна, обновување на кожни клетки, регенерација на зглобна срцкавица и подобрување на структурата на косата и ноктите.
Тука не се случува некоја магија, туку тоа е биологија. Како секој материјал, мора да има редовна и доволна количина за да има резултати и да може да се направи разлика.
Кој се придобивките од течен колаген?
Иако резултатите кои се добиваат варираат од човек до човек, истражувањата покажуваат дека редовното користење на хидролизиран колаген може да помогне во следното:
1. Подобра состојба на кожата со еластичност и сјај
Многу луѓе пријавуваат:
-
Помалку фини линии
-
Подобра хидратација и
-
Поцврста кожа
Колагенот ја прави кожата „поднапумпана“, мазна и здрава. Овие ефекти најчесто се забележуваат после 6 до 12 недели континуирано користење.
2. Поддршка на зглобовите и коските
Колагенот е важен дел од рскавицата. Особено кај оние кои вежбаат, имаат повреди или носат потпетици секој ден. Поради тоа колаген за зглобови мк е популарна опција кај спортиски и лица што чувствуваат болка во зглобовите.
Колагенот за зглобови често содржи и дополнителни состојки како што се: глукозамин, хијалурон, витамин Ц и куркумин.
3. Погуста и силна коса и цврсти нокти
Идеално е доколку косата опаѓа или е исклучително сува. Може да помогне во намалувањето на кршењето на коса, да ја подобри хидратацијата и да помогне со раст на коса.
Исто така помага за намалување на кршењето на нокти, поточно ги зацврстува самите нокти.
4. Потенцијална поддршка на дигестивен систем
Некои производи содржат хијалуронска киселина, витамини и аминокиселини кои дополнително влијаат позитивно на варењето.
Докази и студии
Научните истражувања се прилично охрабрувачки. Студиите покажуваат дека хидролизираниот колаген:
-
Ја подобрува еластичноста и густината на кожата од 8 до 12 недели
-
Ги намалува брчките и целулитот
-
Ја зголемува хидратацијата на кожата
-
Ја подобрува подвижноста на зглобовите
-
Го намалува болниот воспалителен одговор кај остеоартритис
Колку време треба за резултати?
Течниот колаген не делува одма или за неколку дена. Најчесто потребни се 4 до 6 недели за да се видат првите резултати. Додека за да се прави јасна разлика потребни се од 8 од 12 недели.
Просечно: за кожата од 6 до 12 недели, за коса и нокти - 8 до 16 недели, додека за зглобовите требаат од 8 до 20 недели за да се направи јасна разлика.
Ова може да се смета и како здравствена инвестиција. Континуитетот е клучен за резултати од колаген течен.
Типови колаген
Колагенот како суплемент најчесто се користи како:
Тип I: кожа, коса, нокти, коски - најчест за убавина
Тип II: зглобови, рскавица - идеален за колаген на зглобови мк
Тип III: кожа, мускули и крвни садови
Најквалитетни извори:
-
Морски - најскап, најчист и најапсорблив
-
Говедски - многу добар, особено за зглобови
-
Птичји - најчесто за тип II
Најдобар колаген во Македонија
Се прашуваш каде може да најдеш квалитетен колаген и која е колаген цената во Македонија?
За најдобар колаген треба да се упатиме во аптека ЗЕГИН. Таму може да се најдат:
-
Колаген течен во шишенца - од 900 до 3200 денари
-
Колаген ампули зегин - од 1500 до 4200 денари
-
Колаген форте колаген зегин - од 1200 до 5000 денари
Понекогаш „евтино“ значи само ароматизирана течност.
Како правилно да се користи течниот колаген?
За правилно да се внесува и да се добијат добри резултати треба колагенот да се внесува секој ден во исто време, најдобро е на празен стомак наутро и треба да се избегнува кафе 30 минути по земање на колагенот.
Несакани ефекти
Многу ретко се случуваат несаканите ефекти, но се сепак возможни. Тоа се: блага надујаност, алергии и лесно чувство на киселина.
Ако имаш автоумно заболување или бременост, консултирај се со лекар.
Заклучок: Дали течниот колаген вреди?
Доколку си во потрага на поддршка за твојата кожа, коса или нокти; тренираш или имаш болки во зглобовите, сакаш да имаш практична и брзоапсорбирачка форма и си подготвена за редовност. Тогаш ДА, течниот колаген вреди!
Течниот колаген е долгорочна стратегија која го поддржува телото, а не козметичката илузија.
Здравјето и убавината не се случајност. Тие се навика, дисциплина и мудар избор.