Првут: причини и решенија

Првут: причини и решенија

Првут: причини и решенија

Белите лушпи на рамената често се појавуваат токму кога најмалку ги очекувате. Малку првут брзо може да премине во постојано чешање и непријатност на скалпот.

Овој проблем е многу почест отколку што изгледа. Голем број од луѓе се соочуваат со него во одреден период од животот.

За да се намали и контролира, најпрво треба да се разберат причините. Подолу објаснуваме зошто се појавува првут и кои начини најчесто помагаат да се намали.

Што е првут?

Првут е состојба на скалпот при која горниот слој на кожата се обновува пребрзо, па мртвите клетки се лупат и стануваат видливи како бели лушпи.

Тие најчесто се забележуваат на косата, рамената или облеката. Освен лупење, првутот често предизвикува и чешање на скалпот.

Во многу случаи е поврзан со себороичен дерматитис, прекумерно лачење себум или присуство на габа Malassezia, микроорганизам кој природно живее на кожата, но понекогаш предизвикува иритација.

Кои се најчестите причини за појава на првут?

Првут најчесто не се појавува без причина. Неколку фактори можат да го нарушат балансот на скалпот и да предизвикаат лупење на кожата.

Прекумерно лачење на себум

Кога скалпот произведува премногу масло (себум), се создава средина во која лесно се размножуваат микроорганизми. Ова може да доведе до иритација на кожата и побрзо обновување на клетките, што резултира со појава на првут.

Гавата Malassezia

Malassezia е микроорганизам кој природно живее во скалпот. Кога неговото количество ќе се зголеми, може да ја иритира кожата и да го забрза процесот на обновување на клетките, што предизвикува видливи лушпи и чешање.

Сува кожа на скалпот

Сувиот скалп е една од честите причини за првут во коса, особено во зима или во суви простории со греење. Кожата губи влага, почнува да се лупи и создава мали бели лушпи кои лесно паѓаат на косата и облеката.

Неправилна нега на косата

Користење агресивни шампони, ретко миење на косата или наталожени производи за стилизирање можат да го иритираат скалпот. Лошата нега на коса го нарушува природниот баланс на кожата и може да доведе до лупење и појава на првут.

Стрес и хормонални промени

Стресот и хормоналните промени можат да влијаат на работата на лојните жлезди и здравјето на кожата. Кога балансот се нарушува, скалпот станува почувствителен и се зголемува ризикот од појава на првут на косата.

Симптоми на првут

Првут обично се препознава лесно, но симптомите може да се разликуваат од личност до личност. Кај некои луѓе се појавува повремено, додека кај други може да биде постојан проблем.

  • Бели или жолтеникави лушпи на косата
    Ова е најчестиот знак на првут, кога мртвите клетки од скалпот се лупат и остануваат видливи на косата.

  • Лушпи на облеката или рамената
    Кога лушпите паѓаат од косата, често се забележуваат на темна облека или на рамената.

  • Чешање на скалпот
    Иритацијата на кожата предизвикува чувство на чешање, кое понекогаш се влошува кога скалпот е сув или воспален.

  • Црвенило или иритација на кожата
    Кај некои луѓе скалпот може да стане чувствителен и благо црвен поради воспаление.

  • Сув или затегнат скалп
    Кожата може да изгледа сува и да создава ситни лушпи, особено во студени или суви услови.

Како да се ослободите од првут?

Контролирањето на првут бара правилна нега на скалпот и избор на соодветни производи. Редовното миење на косата со благ шампон помага да се отстранат насобраните масла и мртвите клетки од кожата.

Важно е да се избегнуваат агресивни производи кои можат дополнително да го иритираат скалпот. Покрај шампоните против првут, многу луѓе користат и специјализирани третмани кои директно делуваат на коренот на косата.

На пример, нашиот HairMax е производ кој содржи состојки како Capixyl, Procapil и мелатонин, кои помагаат да се подобри состојбата на скалпот и да се зајакнат фоликулите на косата.

Правилната и редовна нега може зналително да го намали појавувањето на првут.

Често поставувани прашања

Дали првутот може да се појави кај луѓе со сува коса?

Да, првутот често се појавува кај луѓе со сува и оштетена коса. Кога скалпот нема доволно влага, кожата почнува да се лупи и создава ситни лушпи кои лесно се забележуваат на косата и облеката.

Дали првут може да се појави кај деца?

Да, првут кај деца може да се појави, иако е поредок отколку кај возрасните. Причината најчесто е сува кожа, чувствителен скалп или користење на производи кои не се соодветни за детската коса.

Кој шампон е најдобар за првут кај деца?

Кога станува збор за деца, важно е да се користи благ шампон против првут кај деца кој не ја иритира кожата. Производите без силни хемикалии и со нежна формула се најбезбедна опција.

Колку време е потребно за да се намали првутот?

Во повеќето случаи, првутот почнува да се намалува по неколку недели редовна нега на скалпот. Редовно миење на косата, соодветни производи и правилна хидрација на кожата може значително да помогнат.

 

Најквалитетниот продукти за здравје, достапни на Vitagen.mk